Да де и јас ако умрам ќе ми се прекинат осигурувањата ама прашувам за пред истекот на договорот. Ти истури го па чие е тој нека си го собира. Ти немаш никаква грижа на совест. Не е твое ѓубрето. Може ќе се најде некој што знае кој има дома такво ѓубре. Да не планираш да си го чуваш во твојата канта? Јас некогаш и го претурав во другите канти, јас да си бидам мирна па нека се снаоѓаат другите, нека види тој што го фрлил дека сум го извадила од мојата канта за да сфати.
Ама кое осигурање е со договор до тогаш и тогаш? За кола мораш да имаш ако сакаш да го смениш само склучуваш договор со друга фирма и после они мислам го прават прекинот на договорот, а од старата фирма ќе ти ги вратат парите. Ако ја продадеш кога ќе ја одјавиш колата и од осигурањето ќе ти вратат остатокот што си платил однапред. За стан не сум сигурна мм тера тоа ама мислам не се ограничени туку откажува и од утре не плаќаш ама ако се случи нешто не ти покриваат. За заби не знам како оди.
Забното е на договор две години. Другите 4-5 осигурувања на договор 3 години: унфал, лебенс, хафтпфлихт, ме мрзи да барам уште едно две кои беа. Четвртото тоа за стан е ваљда ако има пожар или од невреме ни се скрши маркизата ама и тоа е на договор 3 години. За забното немам прашано, а за другиве имам прашано не може. Па прашувам дали има некоја финта или некој начин. Крај краева уште година преостанува не е толку страшно ама ајде да прашам за секој случај.
Ние имаме морско прасе и имаме ваква пилевина. Ама истата се користи за различни глодари (зајчиња, мароски прасиња, хрчаци и слично). Ако знаеш кој со глодар по дома тој и е кривецот.
Ми текна нешто битно- кога ќе сакаш да откажеш некој договор, мислам мораш ти написмено да ги известиш дека го прекинуваш договорот, и тоа неколку месеци унапред. Инаку тие по автоматизам ќе ти го продолжат за ист толкав период, на колку што бил склучен првичниот и можеш да се сликаш. Барем кај мене е така. Да прашаш за сигурно.
@Chantal и јас мака мачев со ѓубрето. Го вадев од канта и го фрлав на страна. Некој истото го собираше ама и никогаш не престана да фрла ѓубре во мојата канта. Толку бев лута што сакав дури и камера да поставам, да го фатам и да го избрукам ама смирив страсти. Пишував на форумов. Ептен бев бесна ама решив да не си правам стресови и да ставам крај на нервозите, па си нарачав катанче. Има луѓе кои едноставно не сакаат да го променат начинот на живот и своите лоши навики. Навикнале да живеат така и тоа е тоа. Купи си катанче. Тој ќе продолжи да фрла ѓубре во некоја друга канта, на друг ќе му пукне филмот, ќе го фатат кој е... Поштеди се самата себе од нервози и стресови.
Фала за споделеното искуство. Сигурно си има и свои предности што велиш, штом некој се намачил па смислил вакви групи. Малку ме охрабривте, ако не го примаат синко во таа кај што јас сакам, ќе пишувам потоа и јас овде искуства
Дали има некој правено магнетна резонанца на карлица тука во Германија ? Ако може да ми ја појасни процедурата и дали се влага целосно во машинава ? Бидејќи сум клаустрофобична сакам да знам дали може барем главата да не ми биде пикната внатре
Нудат лек за смирување ако имаш страв од затворен простор.Не се плаши не е страшно. И мене ми правеа на половината.
А и главата ти беше затворена? Ако знае некој точно на германски или англиски како е тоа пиши на јутјуб и ќе видиш како изгледа. Јас за главата бев и се гушев кога ги гледав видеата како тоа ќе изгледа ама во живо не беше толку страшно освен ‘’музиката’’ што ми ја пуштија на слушалки која што звучеше како да ќе ме транспортираат некаде во секој момент.
Здраво, сакам да Ве прашам дали некој од Вас(или познава некој) има правено признавање на дипломата од средно медицинско образование од МК со положен државен испит(конкретно фармацевтско-лабораториски техничар) во однос на приложена и побарана документација? Ви благодарам
Мајки, тие што прележавте корона, помагајте. Вчера се тестиравме, јас излегов позитивна а мм негативен иако пред некој ден тој имаше висока температура и сум сигурна дека од него ја имам закачено. Ми стигна смс порака дека треба да останам во карантин 14 дена. Но тоа се однесува само на мене, ништо не пишуваше ни за фамилијата ни за контакти. Тој секако не оди на работа сега. Но сега не знам дали тие двајца смеат барем до маркет или на воздух надвор да излезат. Малата е 10 месеци, имаше два дена температура но сега е добра. Со какви лекови поминавте вие?
Со лесно да минете.Ние не излегувавме од дома оти така ни кажаа и мислам тоа е правилно.Мм само на два пати отиде да фрли ѓубре после 21ч со маска.Најдобро пак да го повтори мт тестот може е било порано.Викнете ги гезудхајтсамт тие ќе го тестираат бесплатно и него и детето. Јас пиев само мулти витамини и парацетамол, а мм пиеше на почетокот аспирин комплекс мислејќи дека е настинка,после почна со паралетамол.Многу чаеви и цедени сокови од цитруси.Си купивме апаратче за сатурација и меревме, ви препорачувам да си набавите. Имате од реве достава и јавете се на гезундхајтамт и тие ќе ви дадат броеви од луѓе што може да ви пазарат од аптека или од маркет . ЕДИТ:Ако не сте добро јавите се на матичен да ви каже што да правите или ептен лошо недај Боже на 112.Не се плашите ќе помине како обичен грип.
Не смеат да излезат, мора и тие во карантин, сигурно ќе ви стигне писмо и за нив кај и да е, кај нас писмата стигаат два три дена пред да заврши карантинот. Колешка на работа се тестираа тројцата бидејќи таа немаше мирис и вкус, таа и дете негативни, маж позитивен без симптоми и тој прв излезе од карантин, па тие две. Не знам како ќе им пресметаат карантин, дали од твојот прв симптом или денот кога си се тестирала и за нив ќе е 10 дена ако не смениле пак на 14. За лекови не знам.
Да затворена, те ставаат во тунел целосно и е многу бучно. Тропа како некој со чук удира по површината. Ама е издржливо. И јас се многу плашам од затворен простор, ама издржав без средство за смирување.
so lesno neka vi e .Site odite vo karantin. Ava ti pisala za lekovi sto kako vo princip mnogu vitamini aspirin supi gumbir i limoni dokolky e lesna klinicka slika.
Многу ме интересира колку време треба да се лежи во тунелот? Ако се лежи уствари, подобро и поиздржливо би било да се стои во вертикален тунел. И дали имаше нешто за да стиснеш ако не можеш повеќе?