Ај кажете средство за отстранување маснотии ама да не е абразивно. Нешто напрскаш и бришеш, кое е најдобро?
Samo go printas polnomosnoto od sttanata na adac , go potpolnuvas i odete so maz vi vo rathaus so vasite pasosi ke platite 5 evra ili bez pari le vi udrat pecat na toa i toa e toa.
Девојки дали имате купувано во руските маркети mini mix? За прв пат бев некни и колку што се израдував толку и се разочарав. Може да се најдат добри сувомеснати производи и слични работи од Русија Украина и балкан, но се изненадив непријатно што повеќето беше со поминат рок... И тоа една недела поминало и се продава најнормално. Нема ли инспекции незнам... Инаку си купив убави пиперки за пржење ( како оние во турските) и слични домати на нашите тоа беше ок како и бугарски сирење и кашкавал кој исто супер беа. Маслинки купив имаат исти како во Македонија. Сода бикарбона може да се најде таму, турско кафе... И др работи како ајвар итн. Имаат и свежо месо и риба ама искрено по тоа што го видов во фрижидерите кај сувомеснатото баш шубе ми беше дали е свежо. Бил ли некој овде и какво ви е искуството? Инаку имаат добри reviews но се наоѓаат и такви за поминатиот рок и тоа за продавници во различни градови па останува прашање по кој принцип набавуваат роба.
Прв пат слушам за такви маркети, ако ти е блиску обавезно врати се со продуктите со изминат рок и фискална или крајно слика и испрати им ја на мејл или во ревјус ако може да се прикачи. Инаку буквално во сите маркети има производи со изминат рок па јас буквално на секој производ кој го купувам го гледам и рокот. Би можело да се препише на недоволен број на вработени или какви се тие вработени, ако се наши поголеми се шансите да има што повеќе производи со изминат рок. Инспекција иде ама до сега знам само за таква што се најавува унапред па нормално кога ќе дојде нема производи со изминат рок. Правило при влегување в маркет: на секој производ проверуваш рок (секунда работа). Правило при плаќање на каса: ја проверуваш фискалната па тогаш излегуваш од маркет. Често и цената под некој производ не е иста на каса па и тоа може да се запази. Сега да видам кај има мини макс.
Абе не купив за среќа ништо со поминат рок, сакав да кажам додека барав да одберам некое повеќето за кои се фатив беа со поминат рок... Значи голем дел, тоа ме чуди, не е дека залутало некое парче. Одбравме нешто и тоа беше одлично. Баш во коментарите читав, преку цела година се протегаат коментари за поминатиот рок и има одговор од нив дека ќе обрнат внимание на тоа ама изгледа они и таква роба набавуваат, што наближува до рокот. Претпоставувам ете. Инаку аку си за лубеница имаа предобри, од Мароко
Убаво си пишала погоре мини микс, а јас мини макс прочитав, најдов на 15км ама исти производи како во турскиве маркети. Лубеница ако може по лп да добијам за да не можам да ја изедам.
Ние кај нас немаме турски имаме Мини макс.Секогаш е препуно и одеме еднаш месечно таму.Купуваме од руските орешки, грав, палента, порано купувавме и македонска кисела зелка, бугарско козјо и овчо сирење, урда како нашата .Месо и сувомеснати не сме купувале само еднаш ќебапи ама не беа вкусни.До сега не сум видела со поминат рок.Фанта шоката исто купуваме од тамо.Овошје и зеленчук , ама нема некоја разлика од лидлските или едека.Има многу голем избор на алкохол ама ние не сме многу по алкохолот.За мене е океј продавница ама не е продавница од прв избор.
Се сложувам и јас сум за истите работи како сирење и урда и оние работи што не можеме да ги најдеме во класичните ланец маркети тука. Би одела пак ама следно ќе пробам во др град. Инаку имаше сега мн убави домати да не речам исти како кај нас, што пуштаат мн сок. А што се тоа орешки? Иначе ние земавме и некое чадено сирење и баш ме интересира какво е. Следно сакам да купам нешто од оние фармите по селата што се. Кај наши пријатели што живеат во село секоја среда им идеше во селото камионче со свежи работи, и до дома им носеше. Него јас да прашам еве ти, @gjoker4e или кој знае и може, да ми прати некој примерок од Kündigung за иселување што се прави, за сопственикот на сегашниот стан....
Орешки би требало да се ореви, а за кундигунг има примери на гугл и во една реченица пишува дека го откажуваш станот од тој и тој датум. Ние само на вацап му пишавме на газдата.
Гледав некои формати и почнав да внесувам податоци и нели тоа самото да генерира документ но не сум сигурна дали ќе го направам правилно. Хаус мајсторот од зградите кај што ќе се селиме не советуваше да имаме Kündigung во писмена форма со потврда и потпис од сопственикот зашо можел да се направи на Тошо дека не добил ништо. А со сегашниот сопственик немаме никаков контакт освен неговата адреса што стои на договорот за изнајмување. Немам ни број ни емаил адреса. За се мораме да дискутираме со тукашниот хаус мајстор па најверојатно ќе морам да го принтам и да го пратам на адресата што ја имам.
Блачки како залепени со полнење од нешто.Многу вкусни се јадат само. Мм секој петок купува од камионче од селата, месо , јајца и леб.Месото е многу другчие, помеко и не е жилаво.Јајцата многу повкусни и поголеми. Туку да прашам патниот лист што се вади од амбасада колку време има важност?Пишав на амбасадата ама одговор немам.Исто со изминат пасош не требаше патен лист или?
Тогаш внеси што повеќе податоци и испрати го на адресата. Ако во договорот пишува дека три месеци однапред треба да најавиш отказ внимавај и на тоа. Ние, сите членови на семејството со име и презиме, кои потпишавме договор на тој и тој датум за станот на таа и таа адреса, ве известуваме дека за жал го откажуваме станот од тој и тој датум и ве замолуваме за ваша писмена потврда со печат и потпис. Можеш и нешто типично германско да додадеш ако е германец како на пример со задоволство ве известуваме порано од три месеци како договорот би го завршиле пријателски, а вие би имале доволно време (макар што и не мора). Мислам доволно ќе е.
Мајки,ке патуваме со кола за Мк викендов.Ве молам тие што сте со искуство,да споделите некој совет и како сте поминале. Ние ке тргаме навечер,се надевам ке ја преспие ноќта.Седиштето се пушта во полулежечка позиција. Ова ми е најголем страв,дали ке иседи толкав пат,со редовни паузи секако. За јадење мислев да земам кифлички домашни,овошје,и готова киндер паста на Хип,за 1-3 год што се,па на некоја бензинска да ми ја згреат во микро.Така ми е најсигурно. До сега се нема разболено,не знам од апчиња што да понесам? Иначе 13+ месеци е малата.
Ништо . Тука има се. Кај вас како што знам Бруфен форсираат. Тука го имаш како Блокмакс. Лекар има за не дај Боже. Ако е потребно ќе ви дадат нешто.
Да си земеш Vomex сируп за повраќање нема во Мк за недај боже де.Исто електролити ,подобри се тукашните со благ или неутрален вкус , во мк се со солен .За се друго има доктор како што ти кажа дуфи. А за долг пат тоа може @vitamina да помогне таа од Англија до Македонија стигна со дете.