Дафи за таму немам гајле,знам дека и лекари и се си има,за по пат ми е страв.Во смисла повраќање или слично,За темп имам чепчиња,ке ги земам за недај боже. Олеснително ми е што цица,бар знам дека нема гладна да биде,иако јаде се.Вода ке земам пакет малечки,ете да не и менувам ради стомакот,на друго не ми текнува.
Пробиотик можеш да даваш првите денови поради промена на клима. За повраќање имаше чепчиња кај вас , Вомекс мислам. Доста ефикасни. Ги имам користено.
Тие не сум ги видела но купив едни како кај нас што ги има грклани што ги викаат. Само уште не сум ги пробала. А како е цената на тие работи што ги купувате, претпоставувам е поскапо. Но колку и да е ќе купувам од таму, особено што имам 6 месечно бебе. Кај што сме не иде камионче, меѓутоа секоја среда имало нешто што го викаат форум и таму носеле. А можам и да одам директно до фармите. Инаку за патниот лист што го спомна, јас од незнаење ќе се зафркнев. Планиравме да аплицираме за пасош за малиот тука и да си одиме мк со патен лист летово. Во групиве баш видов дека тоа не е можно, морало да се чека пасошот. А тука тоа може и година да трае. Така да најверојатно таа работа во мк ќе се заврши.
Не се плаши мајка, ние нон стоп откако е роден малиот патуваме со кола/авион, не сум имала никаков проблем, грото од времето го преспива, зашаматен е од патот, плус си седи и си збори, ќе земеш секако готова храна, јас сум и правела дома нешто на готовс да грицка, не е страшно иако изгледа, патот е долг го преспиваат што се вели, ако тргате вечер уште подобро. Јас имав проблем кога беше поголем ми трчаше на бензинските само, па не можев раат да испијам кафе или да одам во вц, рестото беше океј. Ќе и го слизнеш седиштето за спиење, така поубаво е и покомотно. Не се секирај се ќе биде добро. Сум израснала по патишта, башка и сестра ми беше мала кога патувавме сега и син ми. Купи си едно кесе со храна и така. Ќе пројдете супер ќе видиш Да се реадактирам, нема да ти поврати бе патот е рамен автопат е нема шанси, мојот само за накај австрија повраќа по кривини без автопат, ради него одиме секогаш по автопат, ама не е страшно јас го соблекувам бришам и толку. Чепчиња си земи некое за по пат, ама не верувам дека не дај боже би требале.
Препорака за велосипед за 4 годишно девојче, а може и за машко да е само да е нормален. Може и без помошни да е. Првиов го порачав од Амазон со оценка 5 ама многу е тежок, па почна едната педала да излегува, па едната помошна да се криви. За без помошни е многу тежок, тежок кога се крева во раце, и тежок за вртење на педалите и управување. И со помошни не беше баш најстабилен. Сега најдов еден на мајтојс ама во еден коментар стои дека излегувала едната педала. Сите се некако исти, тешки, гломазни, непрактични. Значи нормален точак, лесен, да не се распаѓа, стабилен.
Ако и е прв велосипед види на старо, ќе се учи ќе паѓа. Ние и годинава одлучивме да тера со лауфрад 3+ е синко. И размислувам првиот да го земам на старо, ќе видиме имам време. Марки што гледам тука се возат највеќе puky i woom( овие па се многу скапи), ова машки деца гледам јас девојчињата често се со некој шаренки фроузен и слично. Исто знам често сте на игралиште погледни што возат другите деца прашај по родителите како се задоволни.
@dunika со лесно по пат. Готовите хранички не мора ни да ги подгреваш. Можеш и директно така да ги дадеш. Да не му јас мислиш дали има или нема микро и слично. Ќе правите повеќе паузи и толку. Ако ви згусти секогаш имате опција да преспиете некаде по пат. @Ava.84 Во МК за повраќање има Драмине со ист состав како Vomex. Колку што читам основната состојка е Dymenhidrynate. Таа состојка ја има во Драмина. Не е ништо специфично. Само името на лекот е различно (Како Неурофем и Блокмакс - двете се ибупрофен). Јас за повраќање до сега сум давала само природни препарати како на пример Наусолвит (кој е на база на ѓумбир). Мислев нешто така специфично препорачуваш. Инаку Алвоген ОРС има многу убав вкус како Цедевита и крева одма. Ако ви притреба да си знаете.
За пат сакаше маж ми да одиме до Македонија со кола и одма го предомислив. Многу ми е пат израчунавме, не фаќа околу 18 саата возење. А, сакам и таму да шетаме. Да отидеме до Скопје, да ја видам стара чаршија,Берово,можеби Матка. Ако возам толку пат, во Македонија нема да мрднеме подалеку од центарот. @gjoker4e види во Decathlon од таму го купивме првиот велосипед на синко. Друга варијанта е да купиш од е бау на старо, ама да е квалитетен и те фати исто пари како нов поефтин. Вториот велосипед на синко го зедовме така. Го плативме 120€, ама има сметка дека е пред година и пол купен нов и коштал 260€. На Пуки, алуминиумски, а брзините се во тркалото внатре,не е со забци надвор. Се надевам можев да објаснам убаво. Спојлер
Најпоставувано прашање ми е ова во шпилплац. Сите женски имаат слични точаци, слични како нашиот ама ги возат со помошни. Само една мајка на машко дете рече нивниот бил многу лесен па и тоа очигледно е најдобра опција машки точак ама децава одма приметуваат. Или машки па да докупам женска корпа, ѕвонче и навлака за седиште. И едно машко во градинка има нормален точак без помошни па баш после ќе се угледам убаво да видам која марка е. На старо се си викам да не се распадне, а кога ќе вози без помошни не можам да сум до неа и да ја фатам кога ќе се распаѓа точакот. А гледав пуки и вуум на старо ама и на старо беа скапи.
Може малку поскапи се селските производи. Да ако почнеш тука процедура мора да чекаш пасош.Имам искуство на чекање за џабе. Џои не знам што има во Мк и дали дуника е од ск.Јас не сум од ск и знам дека малата т.е големата не е битно, ја фати стомачен вирус со повраќање вечерта на ден пред враќање.Бевме сабајлето на др и освен антибиотик и пробиотик ништо не и даде.Маж ми одеше во 3-4 аптеки пашуваше и молеше за сируп против повраќање рекоа нема само реглан.И и дадов реглан за да стигнеме до тука. @fairy88 кај си ти, што ме игнорираш. @gjoker4e пред недела две и купивме на големата 18 инчи(од 5 год до 6год , уште нема 5 год), претходниот и беше 12 инчен.Овој 12 инчи и беше претежок.Сега со овој лета и е полесен од малиот.Не е некоја фирма и со корпа е,ама нема помошни.Мојата одамна вози без помошни.
Од овие два пуки се поефтини, ако купуваш на старо земи поквалитетен, види и худора мислам дека се ок, а би требало да се поефтини.
Ако може слика? Подобро на 4 да вози полесен како за 5 отколку тежок како за 3. Не знам што е финтата што се тешки за помали деца ама може има некоја финта навистина не знам.
Say no more- https://www.specialized.com/us/en/shop/bikes/kids-bikes/hotrock/c/hotrock Hotrock specialized 16. Го купивме користен, го возеше 2 години, завчера го препродадов и пак му извадив добра цена. Лесен и безсмртен. Финтата е што не им се исплати да ги прават од лесни матергијали, пошто ќе бидат поскапи а кратко ќе го користиш, па не би платил за тој квалитет. така ми кажаа, така кажувам.
Користен го купивме, 400 е нов ми се чини. Пиши Хотрок специализед и барај на старо.Или на акција негде, ја постирав оригиналната страна да видиш за што зборам.
Фала многу женска,и на останатите мајки исто Имам за тебе уште едно прашање. Дали е вистина дека има полициски час од 00-05 наутро и не смее да се транзитира низ Ит во тој временски период? Се извинувам за офтопик
Баш ми е жал за искуството. Инаку Драмина тука не е сируп за повраќање туку сируп против мачнини при патување. Како таков го знаат. Не е за спречување повраќање при стомачен вирус. Барем не тука. Масовно се користи тука. Јас со такви пораснав зашто многу повраќав по пат. И секогап добивав Драмине. Инаку имаше и еден ептен ефикасен за стомачен вирус ама не знам како се вика. Лекар ни го даде. Антибиотик за стомачен вирус мојов никогаш не пиел. @dunika да има полициски час од 00-04 или 05 наутро. И тогаш не смее да се движиш, освен со претходна најава и одобрение. А тоа јас лично не знам како се добива. Знам дека на брат ми му требаше да оди до аптека итно ноќе и се јави во полиција и од таму доби одобрение да се движи ама низ град беше движењето.
@gjoker4e овој е 16" не можам да го најдам со 18 " изгледа е продаден. Спојлер: Точок @JoyJoy да антибиотик кој беше за бактерии на дишни патишта. Откако и го дадов прочитав.Мислев за повраќањето нешто е,ама ете секакви доктори постојат.Па затоа од идкуство лошо кажувам на сите да си земат сирупи .
Дали користите од оние Gutschein /Rabatt кодови при онлајн шопинг? На маил ми стига од една страна да решам нешто и штом помине ми дава да си изберам 4 кодови односно од 4 места кодови за попуст. Така си земав од s.Oliver капут и шал со 30% додатен попуст од кодот, патики за 20 еу поефтини со кодот од mirapodo итн. Сега знам дека е ова смислено на некој начин и те мами да купуваш меѓутоа во случај кога купуваш ќе ја платиш цената актуелна што е вака барем ќе заштедиш колку толку. Иначе @gjoker4e ако се решиш за точакот од mytoys да ти дадам код за таму со 20 % попуст во случај да немаш