Јас не ги користам тие кодови (се уште не сум до толку богата) ама редовно ги избирам, а воедно и ретко купувам без минимум 10% попуст. Буквално од секаде имам клуб картичка, од дрогерија и аптека со по 3% попуст, од аптека кесите хартиени што ги даваат имаат за цела година попуст на пример пола мај 10% пола мај 15%. Од пејбек од Реве и Дм најмногу пари ми се собираат. Од Едека, Чибо, пекара, H&M и се што постои. На почетокот заборавав ама сега нема шанси да купам нешто без картичка и без попуст.
Ние со маж ми имаме една за повеќе маркети пример ама мн често забораваме да ја покажеме. Таа на каса ќе не праша и ние автоматски најн најн и толку.... Иначе како мислиш не сум богата за кодовите, мислам не сум ни јас далеку од тоа. Купив од некаде нешто незнам што беше како поклон добив некој код и од тогаш редовно на маил ми стигаат, пример од mytoys, soliver, shopapotheke, Tom tailor и многу други. Кога и да добијам јас си бирам ама не ги користам секогаш зошто не секогаш имам потреба нешто да купам.
Хехе па мислев ми треба точак од мајтојс, го купувам и избирам два купони, 20% во том тејлор и 30% во орсеј, ама не ги користам. Јас те сфатив дека секогаш ги користиш тие купони, а јас сум имала пари за точакот и немам за од том тејлор па и 70% попуст да ми дадат. Да сум планирала па да излегол купонот баш од таму да ама да купам нешто од некаде само заради купонот не.
Е тоа да излезе прав код во право време е работата. Ко мене капутот и шалот. Буквално за помалку од пола цена ги земав. Е со овој локдаун што беше се затворено ептен сум се усовршила во онлајн шопинг. Ама треба да се биде и внимателен, особено со страни што даваат бесплатни враќања и поголем рок за враќање. Пример со заландо, има фора 100 дена да се врати производот и имам приметено дека нешто што ќе земам е носено. Еден капут кога земав мирисаше на пот буквално. Порачав за син ми два различни броја патичиња со намера тој што не е точен да го вратам. И на едните имаше закачено етикети на другите не. Што значи таман некоја мајка ги употребила додека и ги надрасне детето и ајде zurück. А мака мачам со броеви, носам 38 или 40 и никогаш го нема тоа што го барам во тој број. Особено во h&m. Инаку омилен бутик ми е и штета што најблсикиот ми е на 70 км.
Има мила, но тоа не важи за транзит преку автопат, туку само кога би излегла од истиот за да "одиш на гости во Италија". Информацијата ми е од пријател на маж ми, тој истиот баш требаше да излезе од автопат и да дојде на гости но поради проблемот не дојде. Иначе за транзит можеш слободно. 100% сигурно инфо. Така да не се секирај, давај гас
@Ava.84 преска проработи телепатиката, ти додека си ме тагнала, јас ти ѕвонам Конечно завршив со работа Пак лош ден ми се погоди... Како мине времето се сум посигурна, оти не сакам овоа до пензија да го работам. Викам да порасне детето ќе се запишам да учам нешто. Баш ќе видам дали ќе остане само на збор или стварно ќе сменам нешто.
Кога ќе порасне и јас ќе ти се придружам обавезно. Кога ќе наполнам 30 прво ќе се исплачам убаво па ќе почнам на аусбилдунг. Има време до 30 ама ќе дојде како утре.
Па вика кога ќе наполнела 30 прво ќе се изнаплакала.Ами на 40 што ќе прави? Ти Били што ќе правиш на нареден роденден оти си 35+ и ти да не плачеш, да ти пратам салфетки.
Мајки дали може да отидам со мажот ми и детето, ќе се пријавиме имаме каде и после ние да се вратиме со детето а мм да остане со работа, и кога ќе излезат док.за нас да отидеме,или треба да сме таму додека трае постапката. Тој е со бг док, а ние со мк. ?
@Ava.84 ми спомна дека имаш искуство со пасоши и патни исправи, јас треба да вадам патна исправа деновиве па да те прашам дали треба да носам слика со мене или сликаат таму. Пишав и маил ама незнам кога ќе одговорат... И дали мора да се закаже термин за патна исправа?
Одговараат на меил после 2-3дена.Искуство имам со незавршена процедура после 9 месеци.(ова ми е инфо пред 4год). Ако вадиш пасош таму сликаат, ако вадиш патен лист ти требаат слики.За бебе присуство на двајца родители, извод од родените и слика.Се плаќа листот 30€.За тебе стариот пасош, слики и пријава.Ама за посигурно почекај си ја амбасадата. Ова ми е од мејлот пред 2 дена-Ми кажаа дека за амбасадата во Берлин не треба термин, а за другите конзулати треба.
Значи за мене е поминат возот Јас сум 33 години и уште се надевам на аусбилдунг. Ама после ова гледам дека сум стара и безнадежна
А ти сакаш да се вратите или? Ние за една недела зедовме виза со договорот од мм, тој е со бг ние со мк. Не би требало да мора да сте таму ама сепак подобро е да сте, да не затреба нешто случајно, секако имате право три месеци, а во текот на тие три месеци ќе добиете виза. Не знам дали мора лично да одите да ја подигнете визата. Ако излезе за две недели, а вие сте Мк не ви се исплати патот и малтретирањето. Ама ако сакате да се вратите Мк најдобро е лично да прашате во општина кога ќе аплицирате за виза. Немој и си коронава нешто ново да измислат да ризикувате да се вратите Мк па да имате потешкотии за пак да дојдете.
Дали парите што ги давам за ехо ( редовно вагинално и на гради на 6 месеци) може да добијам поврат од кранкенкасата? Кај предходниот гинеколог ми правеше бесплатно зашто цисти имам на градите ама кај оваа сега се наплаќа. Па си викам да прашам да ги чувам сметките ако има шанси нешто назад да добијам зошто знам во бременост тоа што правев почесто ехо од препорачаното чував сметки и дел од парите ми вратија од аок.
На страната на Аок пишува 80% 50 евра максимум годишно за ехо на гради од... заборавив од колку до колку години од 24 до 29 уствари, над 30 не и за вагинално ехо од 24 до 54 години исто 80% 50 евра еднаш годишно. Рехнунг знаеш дека можеш да им пратиш преку апликацијата АОК Ќе се едитирак со линкот најдобро ако успеам https://www.aok.de/pk/bayern/inhalt/leistungsuebersicht/
Фала што прашуваш, средивме за киндергелд да и дури сега овој месец добивме исплата па малку е олеснителни, не малку туку многу. Сега следно е градинка. Извини да те прашам знажеш како оди за мало о да го пишам што е скоро 2 години? Те поздравувам мноогу❤️