Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.027
    Допаѓања:
    36.334
    Пол:
    Женски
    Ако не знаеш добро јазик можеби можеш да одиш во општина и да прашаш и тие ќе ти помогнат да аплицираш, ќе потполнат барање, ти само ќе потпишеш, дури сега сфатив дека општината ќе аплицира во градинка која спаѓа под градот, а има некои кои спаѓаат под нешто друго како приватна градинка иако воглавно нема некоја голема разлика меѓу државна и приватна.
    На порталот littlebird кај нас се аплицира до три или пет градинки, колку што се сеќавам можеше да го промениш јазикот во англиски и така да аплицираш.
    Најдобро е директно во градинката што ќе ја избереш да отидеш, сега со коронава да се јавиш, и да кажеш од колку до колку саат сакаш и од кога најрано да почне.
    Прво на интернет разгледај кои градинки какви групи имаат. Изгледа комплицирано на почеток.
    И за нејасно прашувај тука сме. :D
    И најдобро е градинката да ти е што поблиску до дома. Мене три градинки ми се на пет минути пеш од дома па не размислував за некоја подалеку, истите деца после ќе се дружат во шпилплац па и заедно во школо ќе одат кога ќе пораснат.
     
    На Bela@ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Со wizzair од Скопје до Германија каков тест треба? Може ли да се лета со антиген брз тест?
     
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.027
    Допаѓања:
    36.334
    Пол:
    Женски
    Антиген брз тест е оној од маркет што се купува? Би требало да треба тест на кој пишува име и презиме, датум...
     
    На orhideea му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.923
    Допаѓања:
    177.438
    Пол:
    Женски
    Девојки, ќе може да ми кажете од што се состои доручекот и ручекот за во градинка? Мислам, што вие претежно спремате и праќате од дома. Дали ќе ми требаат по 2 кутии за храна (или како и да се викаат) и два прибори за јадење, поради тоа што треба да праќам и појадок и ручек, веројатно и ужинки... :?: Градинката е без храна. Прашав во другата тема, ме упатија тука. Дали и вода праќате?
     
    На Ava.84 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.027
    Допаѓања:
    36.334
    Пол:
    Женски
    Во нашата градинка носиме само појадок од дома значи во една кутија без прибор. Ручек, вода и чај без шеќер има во градинка.
    Значи тебе ќе ти требаат две кутии, ако нема прибор во градинката ќе ти требаат два прибора, ако нема вода во градинката ќе треба и вода да носиш, ќе мора во градинката да прашаш.
    Ужина исто има во градинката, претежно е овошје, а во петок сладолед или некое друго блакце плус.
    Појадок: овошје, ѓеврек, кроасан, кришки со јајца и сирење, тиганици, проја и јогурт, леб со намаз, кашкавал...или истото што и дома го јаде за појадок
    Ужина: овошје или истото што и дома го даваш за ужина
    Ручек: ќофте пире леб зеленчук, црвена супа со ориз леб зеленчук, гулаш леб зеленчук
    Тука има градинка кај што треба ручек од дома и гледам го носат и враќаат во едни кутии како алуминумска фолија (може од градинка им ги даваат или знаат од кј да се купат такви) најверојатно за директно да го подгреат во микро
     
    На mal.ecka, Ava.84 и Yowannty им се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.923
    Допаѓања:
    177.438
    Пол:
    Женски
    Ќе разговарам следна недела. Сега кога бев надлежната за разговор не беше таму, па тие што беа ми нафрлија само неколку информации.

    Глупаво знам ама морам да прашам, ај лепче за појадок ќе спржам на утро, ама проја, ручек? Од претходната вечер се спремаат оброците? Или треба да станам пред сонцето уште за да спремам? :?: Зошто во градинка да нема оброк, кое објаснување ви го даваат? Или едноставно таква е политиката на градинката?
     
    На mal.ecka и gjoker4e им се допаѓа ова.
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.027
    Допаѓања:
    36.334
    Пол:
    Женски
    Навистина не знам кога и како и што би спремала ручек, а за појадокот лесно е, пројата од вчера мене ми е повкусна. Мене и гулашот утредента ми е повкусен.
    Јас значи би правела секој ден ручек за утредента, значи еден за цело семејство и секогаш ќе се јаде подгреан.
    Комплицирано ми изгледа ама тоа е.
     
    На mal.ecka и Yowannty им се допаѓа ова.
  8. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.687
    Пол:
    Женски
    Нашата градинка нема ручек и затоа најкасно може да седи до 13 часот па мора дома и три дена во неделата од 14 може да го однесеме пак уште два саати. Објаснувањето беше дека тоа е така затоа што немаат ручек. Незнам дали има градинки каде што си носат ручек од дома.
    За доручек му правам топчиња од палента и сирење, пржени кришки со јајце, мини пици ( тесто спремно од вечер па за пола саат се готови, ако се затворени може и вечерта да ги испечам), тост, сендвич, имам кифлички замрзнати па навечер вадам од замрзнувач и сабајлето само мачкам путер од кикирики. Прилог некогаш парче кашкавалче, јајце, краставички, морковчиња, Шери домати... Плус ставам и овошје. Гледам да ставам тоа што јаде и дома за да не остане гладен, па не е некое богато мени зошто е многу пребирлив и тежок за јадење. Во градинка имаат јаболки за ужина и чај и вода. Еднаш месечно имаат гурмански ден па во градинка прават мафини, вафли или нешто слично. Прибор за јадење има во градинка, само чашка за вода однесовме ние и таму му стои.
    За ручек за нас сме носеле на работа па можеби ете ќе пројде во градинка макарони со некој сос, варен зеленчук и ориз, омлет со спанаќ ама стварно незнам кога треба да станеш за да припремиш, многу зезнато.
     
    На Bozica1980, Ava.84, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.923
    Допаѓања:
    177.438
    Пол:
    Женски
    Оффф стварно не знам. Јас се надевав дека ќе пројаде во градинка, мојава е жива комплицирана, ова со оброциве ми отежнува.
    Иначе од градинка може да се земе од 1 до 4. Ако ја земам во 1 па и 2, ок дома ќе руча, ама ако морам да работам до подоцна ќе мора да седи до 4, и стварно ова со оброциве ми е комплицирано.
    Како и да е..
    Фала ви девојки.
     
    На Bozica1980, Ava.84, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.027
    Допаѓања:
    36.334
    Пол:
    Женски
    Нема ли друга градинка како опција? Сега веќе е запишана ама барем за понатаму ако можеш да смениш градинка. Јас не би можела да ја носам во градинка каде што нема ручек ама ако мораш само трпение, се е навика, нема да си ни прва ни последна. Јас би ја носела до 12:30 па ручек дома ама од дома ручек за да јаде таму во 12:30 не.
    Како и да е ќе се навикнете и двете. :hug:
     
    На mal.ecka, Chantal, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.923
    Допаѓања:
    177.438
    Пол:
    Женски
    Има неколку градинки. Не ми се опција зошто се од 6 месеци до 2 ипол години во група. Кога ќе почне мојава ќе има точно 2. Педијатарката ме советуваше дека тие градинки повеќето се со едногодишни и помали бебиња, што ќе биде голем чекор назад за неа, оти ќе нема што да научи од помалите, ќе нема никаква ментална стимулација. Оваа градинка е приватна, и покрај тоа што кошта ѓавол ипол, стварно не сфаќам зошто немаат оброци, помали се групите и таман ќе почне со врсници и поголеми деца. Ми останува уште една градинка да проверам, исто така приватна, за која не знам апсолутно ништо. Малку ми е подалеку, ама ако ми одговара повеќе подобро. Само што за првава најдов врски, а за другава немам врски, па ќе треба да имам среќа, што е дискутабилно. :D
     
    На mal.ecka, Chantal, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.643
    Допаѓања:
    106.680
    Пол:
    Женски
    @Yowannty чудно навистина, градинка па и приватна дури да нема воопшто никакво јадење :?: колку ќе плаќате на месец? ние се мислевме што да правиме , со програмава што ти кажував уписот е до крај на мај , ама ништо ќе ја запишеме здравје догодина. Сега ако ја пратев ќе беше со бебињата од 8 месеци , вака од 3 години ќе си биде со децата од иста возраст.
    Инаку од колку до колку саат ќе биде таму? Големата ќерка ја носев во 9 и ја земав во 3. За јадење имаат доручек , ужина, ручек, ќе носиш неколку работи, ручекот ќе го ставаат во фрижидер па ќе им го затоплуваат.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.923
    Допаѓања:
    177.438
    Пол:
    Женски
    450 евра мислам дека беше. Од 8 до 4, ама може да се земе од 1 натака.
    Треба неделава да одам и да разговарам, рекоа ќе ми пишат меил, ама еве 2-3 дена ништо.
    Не знам искрено што да правам, а сакам да оди во градинка.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  14. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.027
    Допаѓања:
    36.334
    Пол:
    Женски
    Платите во Грција се како во Германија?
    Ние плаќавме 456 евра од 7 до 17, појадок од дома само, а ручек, ужина, прибор, вода, паста и четка во градинка.
    Уствари и Мк приватна е околу 200 евра што се чудам.
    Кај нас и државна и приватна е иста цена 456 евра од 7 до 17 до три години.
     
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.923
    Допаѓања:
    177.438
    Пол:
    Женски
    Далеку од исти се платите. (facepalm) Маж ми има среќа да работи во германска компанија, каде има доста бенефити, па меѓудругото компанијата покрива пола
    партиципација за градинка.

    Што е разликата таму меѓу државна и приватна ако се иста цена? :?:
     
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.977
    А државни градинки нема?:?:
    Првпат слушам за градинка без ручек, не дека за многу градинки знам услови, ама мислев логички стандард е.
     
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.923
    Допаѓања:
    177.438
    Пол:
    Женски
    Има, пишав и погоре, не ми се опција оти помали деца одат таму.
     
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.977
    Тоа се јасли, не е градинка. Градинка е за деца од 2 до пред школска возраст. Ама па може и немате, штознам.
    Проблем е тоа без ручек, значи треба нешто што ќе може да и го притоплат, и стварно немам идеи. :doh:
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.923
    Допаѓања:
    177.438
    Пол:
    Женски
    Градинка почнува од 2 ипол години овде. Во државна ќе треба да оди во јасли со бебиња. Затоа не сакам и немам многу опции.
     
    На koritsaki, mal.ecka и Biljarkata им се допаѓа ова.
  20. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    15.493
    Каде тоа конкретно? Кај нас приватните се 450 евра е за 4 часа само, а до 16-17h е 700-800 евра.