Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.027
    Допаѓања:
    36.334
    Пол:
    Женски
    БВ. Јас мислев нема поскапо. :D

    Не знам точно што е разликата, државна на пример можеби може да ти биде бесплтна ако си социјален случај, а приватна не. И кога носат одлуки различни ,врвови, ги носат одлуките, на пример за време на пандемијава во нашата остана ручекот во градинка, во приватната мораше од дома ручек да им носат. Така нешто отприлика. :D
     
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.974
    Аха. Се разбравме.
    Ќерка ми одеше во јасли подолго, јер знаев дека подобри услови имаа таму, помалку деца и повеќе внимание, една година буквално што можеше да биде во градинка, беше во јасли. И не заостана никако од тоа што беше со бебиња, од оваа перспектива, до 4 се бебиња:D. Ама ако и државните се со истиот проблем, без ручек, не знам. Евентуално да видиш дали некоја установа, градинка , училиште, кои готват ручек за деца и би можеле да го носат во јаслите, кај мене и таа опција постоеше во приватните градинки.
     
  3. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Девојки :sweat: можеби прашањето не ми е за овде но Ве молам за одговор. Маж ми е во Гер со Бг пасош, сега ќе одам и јас па доколку може да ми кажете која е постапката за добивање на дозвола таму, каде треба да се пријавиме, што документи ќе ми требат освен венчаница инаку јас сум со Мк пасош. Ви благодарам однапред :l:
     
  4. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.027
    Допаѓања:
    36.334
    Пол:
    Женски
    За овде ти е прашањето.
    Интернационална венчаница
    За интернационален извод не сум сигурна дали само за деца требаше или и за тебе ама сепак носи си кога тогаш ќе ти притреба
    Договор од работа од маж ти (неограничен по можност) и последни три платни листи (по можност со плата со која ќе може да те издржува и тебе)
    Договор од станот
    Барање за спојување на семејство се поднесува во општината (кај нас беше без термин, влегуваш земаш бројче и чекаш ред)
    Значи во општината одиш со се што набројав и толку, а не е лошо и маж ти да отиде во ипштина уште сега и на лице место да праша што се ќе ви е потребно за спојување на семејство (исто ама сепак различно е секаде па најдобро ќе е ако праша лично и онака е тсму)
    А и прво мораше здравствено осигурување да имаме, па прво се пријавуваш во АОК на пример или каде што е маж ти осигуран, тогаш ми изгледаше невозможно тоа ама ете сепак така одело, прво здравствено осигурување па после поднесуваш за спојување
    Мислам дека не заборавив ништо
    И да те пријави на неговата адреса прво во општина
    Ние за една недела добивме виза (да размислуваш оптимистички) (ја добивме без ниедна платна листа, договор ама мм се уште немаше почнато да работи, а и првите месеци секако беа пробни месеци)
    Муабетов ми е да се обиде секој и покрај тоа што ќе рече некој на пример дека без три платни листи нема шанси да ве спојат :lol:
    И по пошта ни стигнаа едни жолти картончиња дека визата е готова да ја подигнеме и да платиме 10 евра, кога поднесовме не плативме ништо
     
    Последна измена: 23 мај 2021
    На Faline, WomanInLove, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. WomanInLove

    WomanInLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Што документи ми се потребни за нострификација на диплома? Дојдов во Македонија за обнова на пасош, па сакам ако имам време и тоа да го завршам? Дали ми треба нешто од факултет или само превод?
    Фала :)
     
  6. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.145
    Имам понуда за парт тајм работа за американска компанија (онлајн од дома), не знам ни уште дали ќе ја прифатам пошто сум сама со мало дете, но во случај да почнам да работам ете, ме интересира дали можам да дадам македонска сметка во банка за исплата иако живеам во Германија... Како би функционирало тоа со штоер итн.
    Претпоставувам ако се пријавам овде ќе не одерат на штоерот а од друга страна ако одам преку мк пак можеби ќе го окркам на крај..

    Има ли некој слично искуство или информација околу вакви работи?
     
    На WomanInLove и gjoker4e им се допаѓа ова.
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.027
    Допаѓања:
    36.334
    Пол:
    Женски
    А дали ако ти пуштаат на мк сметка ќе се околу 100 евра, а на германска околу 600 евра или не оди тоа така? Сметам пола од просечна плата.
    Ќе каже некој ако знае точно ама јас би ја дала германската сметка, на пола работно време сепак ќе плаќаш помалку штоер отколку на цело, ќе имаш историја во банка за минус, кредитна како и за кредит за кола, стан.
    Ќе знаеш дека си на чисто со се.
    Можеби и подобро е мк сметка, не би можела со сигурност да кажам ама јад би користела само германска сметка.
     
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.974
    Кај си даночен обврзник? Ако во ДЕ по закон и приходи од/во странство треба да ги пријавиш, не знам конкретно за Германија ама таква е обично стандардната регулатива.
    Евентуално на сметка на некој друг во мк, на мајка/сестра ( многусиваекономија:|)
     
    На kukla21 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  9. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.145
    Да, така е за работите што ги наведе, односно бенефитите од германска сметка и парт тајм. Мислев мк бидејќи понатака би преминала и на фул тајм.
    Јасна е сумата за исплата независно на која сметка ќе стигне само не знам како оди даночењето пошо живеам тука.
    Дали имаат увид и проверуваат во мк па после да му сменат штоер класа на маж ми... Поим немам

    @Biljarkata живеам тука 2 години ама немам работено воопшто, така наложија околностите. И затоа незнам каде можам или морам да се пријавам.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.027
    Допаѓања:
    36.334
    Пол:
    Женски
    Како што сфатив од фб групата Македонци во Германија различно е за секој факултет затоа што за секој факултет прашуваат посебно во групата. И како што сфатив треба во Германија да прашаш што ти е потребно.
    ¥¥¥
    Zentrale Servicestelle zur Anerkennung ausländischer Qualifikationen и го пишуваш твојот град и таму ми побараа:
    Сертификат / диплома и преглед на предмети (на оригинален јазик и превод)
    Биографија (CV) лична карта / пасош / дозвола за престој
    Ако го имате ова: доказ за работа, уверенија за понатамошна обука, писма и известувања од властите да ги препознаете вашите квалификации.Ги пратив документите во Бон и од таму ми побараа копија од индексот.За три месеца ми стигна дипломата.
    ^^^Еве ова го најдов во фб групата.
     
    На WomanInLove му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bela@

    Bela@ Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2021
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Кралиции...
    Да Ве прашам ако некоја знае што поднесувала ускоро за вонгелт што документи треба освен оној за пополнување.
    Се си имам на германски пред мене ама не разбирам ништо.
    Фала унапред
     
  12. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954
    Мамички , мала помош или совет

    Случајно да не знаете колку пари ќе ме фати да ставам навлака на 6-ката долна вилица лево

    Имав ставено претходно и денес ко јадев харибо бомбони скроз се одлепи и извади.

    Па ако некоја од вас има правено да ми каже цена некоја просечна или да вадам карта за Македонија па таму да средам.
     
  13. Lavenderr

    Lavenderr Нов член

    Се зачлени на:
    30 април 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    13
    Вади карти за Македонија, дојди тука да ти ги средиме забите. :D
     
  14. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954

    Ја ставам Мк во втор план.

    Последен пат кога бев во Катар кај германски стоматолог платив 700 евра.

    Па ме интересираше и сега тука во Германија дали се движат исто толку цените оти обично у Македонија таа работа кај приватен стоматолог се средам за 100 евра.
     
  15. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    15.493
    Од Мк ти треба судски печат (апостил/штембил) на дипломата, уверението т.е документот со предмети и оцени и било кој друг додаток што го имаш на дипломата. За превод подобро во Де да направиш за да бидеш сигурна дека ќе ти биде признает. Кога ќе се вратиш ќе се обратиш до соодветната институција во местото кајшто живееш и таму ќе ти објаснат се околу процедурата.
     
    На WomanInLove му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.687
    Пол:
    Женски
    Мислам дека @MaMana е стоматолог може ќе може да ти помогне, ако сум грешка извини што те означив.
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.027
    Допаѓања:
    36.334
    Пол:
    Женски
    Нека каже некој како е навлака на германски да видиме на гугл. Или директно кај стоматологот јави се и прашај, може цената зависи во зависност кој заб.
    Друга опција е денес да потпишеш забно осигурување и да ти вратат 90% од парите. Јас така направив нерв кога ми умртвуваа, требаше да платам 200 евра па склучив осигурување 16,64 пати 12 месеци 199,68 евра во годината, ми вратија 180 евра за забот. Успат ќе искористиш годината се што ти треба за забите, за професионално чистење исто платив 80 евра ми вратија 60-70 евра. Секако во плус си и една плус мотивација за на забар.
     
    На Herrera и Dancewere им се допаѓа ова.
  18. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954
    Кај сите е со термини и најран термин е следната недела на 4 Јуни.

    Ц ц ц ц , ќе мора по фејсбук групите да прашувам во кој град у Германија има порано термин.

    Немам слободни денови за да летам до Македонија.


    @Chantal , нека пише членката што ја имаш тагирано , не сум баш у тек кој е стоматолог на форумот

    @gjoker4e , не знам колку е исплатливо тоа со забно осигурување и дали од sofort ќе бидам осигурана или ќе се чека да ми стигне по пошта било каков документ за да покажам оти сакам во најскоро време да средам.
     
  19. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.027
    Допаѓања:
    36.334
    Пол:
    Женски
    Со дентоло осигурување си од одма мислам, со моето одма од 1ви јуни ама да видам моето дома како се вика.
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.027
    Допаѓања:
    36.334
    Пол:
    Женски
    Договор од кирија и на лист колку сте платиле да пишува на пример за последни три месеци, ако плаќаш на автомат значи потврдата, ако плаќаш онлајн или автоматски месечно извод од банка или друга потврда од банка ако постои.
    Пасоши и офентали.
    Договор од работа и платни листи.
    Доказ за киндергелд.
    Некоја потврда н нет пишува од фазфата на станот ама ќе домесеш накнамдно ако ти речат.
    И да не е велосно ќе ти вратат што утре треба да идмесеш и ќе ти заокружат што уште треба да потпилниш на истот, претпоставувам.
    За почеток најбитно е да стои колку земате колку давате и да видат најпрбо дали ве следува.
    Ќе ти допишам
     
    На Bela@ му/ѝ се допаѓа ова.