Така за киндергелд мене ми враќаа па би требало така да е. Најбитно е да приложиш на лист колку земаш колку примаш за да видат од прва дали те следува или не. Да не заборавиш нешто па да те следува па после да треба да ги враќаш назад. Значи се до цент точно да е На гугл пиши wohngeldrechner отприлика ќе ти пресмета дали ве следува или не, брзо се потполнува
Ај пиши ми лп ако имаш подетално инфо оти не сум баш сигурна колку проценти ќе ми покрива и тоа забно осигурување. Ми треба за ставање навлака на 6ката долу, тоа е дупол заб голем. Значи не ми треба имплант туку навлака само врз мојот заб. Пиши за да се јавам утре во врска со тоа забно осигурување. Затоа и прашав, ако и тука е цената 700 евра, тогаш немам потреба од тоа осигурување, ќе платам кеш и завршена работа. Не можам да споредам, не сум била кај стоматолог тука.
UKV е моето Пиши го на гугл и одма има калкулатор да пресметаш колку треба да плаќаш месечно според тоа колку години имаш На колку години се склучува договорот да се јавиш директно да прашаш Ќе ти важи од 1ви јуни Сама бираш дали сакаш да ти покрива 50% 70% 90% За dentolo читав дека некои работи и 100% покривало и можеш секој месец да го откажеш ама немам такво па не знам колку е сигурно И не знам како е навлака за заб на германски за да видам дали и колку проценти покрива осигурувањето АОК покрива до одредена сума за нов заб да ти вградат, ако можеш прашај и за навлака дали покрива нешто, за нов заб покрива во зависност од тоа колку редовно си одел на забар, дали си одел на контрола на секои шест месеци и слично
Штоер класата можете само вие да си ја смените.Ако си на 450евра осигурана немаш данок, ослободена си.Само џоб центар има увид во германски сметки и тоа ако примаш ALG II. @Herrera еве што вика гугл. Eine Metallkrone kostet bis zu 500 Euro, wenn es eine Nicht-Edelmetall Krone ist. Eine Goldkrone im Vergleich dazu kostet bis zu 700 Euro. Die Preise einer Zirkonkrone variieren sehr stark. Sie liegen zwischen 500 und 2.000 Euro
Па повеќе е од 450, накај 800 еу. Затоа мислам ако се пријавам тука ќе не стават двајцата на 4 и мн пари ќе ни влечат... Туку сега и друго прашање имам. Како што имав пишано на план сум да одам во мк и некои од нашиве овде упорно ме убедуваат дека морам да се вакцинирам а јас немам информација дека е тоа задолжително. Знам дека се бара само негативен тест за назад, ете и карантинот е укинат. Од познаниците што ги имам во местово ќе си одат само тие со примена вакцина останатите не. Сега незнам кој е во заблуда јас или тие. Знам дека се досадни овие прашања ама некој чул не дочул и лажни информации може да се шират.
Нема врска тоа. Не слушај рекла казала, за најсигурни информации само вебсајт на Gesundheitsamt или телефонски да прашаш. Не знам во кој дел си ама во повеќето области ти треба само негативен тест за да не мора карантин да седиш. Освен ако патуваш со авион, тестот може тука да го направиш откако ќе се вратиш.
@Ava.84 @gjoker4e фала за одговорите, по се изгледа ќе биде најдобро тука да си се пријавам па се надевам нема да враќаме пари на крај на година. Слабо имам познавање околу овие работи. @mKdevojce а баш се чудев кога ќе кажам дека ќе одам Мкд и ме прашуваат значи ќе се вакцинираш. Мислам ова луѓе што се подолго овде. Јас не знам од каде се информираат пошто како што кажуваш и ти такви инфо нема на официјалните страни.
@Chantal не си грешка, стоматолог сум. @Herrera овде цената зависи од многу фактори. Од 200€ до 1000€. Зависи како си осигурана, дали редовно си посетувала стоматолог, во која регија е потребно коронка ( Krone) , дали ќе биде метална, делумно естетска, целосно естетска. Во секој случај мора да биде прво направен преглед и еден разговор со твојот стоматолог, па тогаш ќе разјасните се. И ако имаш дополнително осигурување секако ќе биде поголем дел од сумата од касата преземен. Се надевам ти помогнав малку
Мајки, тие што имате вадено Бг пасош во амбасада тука. Кои документи ги имавте? Треба ли тој формуларот што се пополнува кога се аплицира онлајн? Една пријателка ми кажа дека го имала испечатено и таму го предала. Јас не го испечатив, имам само код за потврда на терминот. Можно ли е да направат проблем поради тоа?
Кој е задолжен за местење на (ни на мак ни на гер знам, ова што штити од сонце на тераса, маркиза ли е што ли е)? Железото е ок ама платното е веќе старо и не знам дали може само ново платно или мора се од ново и кој би го наместил тоа? Сами не ми се ризикува животот, ваљда има некој што му е тоа работа? @TutiFuti Вие имавте порачано мислам, кој ви ја намести?
Markiesemonteur нас за монтажа на обична ни побара 400 евра ама цената многу зависи дали ќе ставаш обична, електрична, големина ... Најдобро побарај мајстор на нет и прашај си. Можеш и во оби да прашаш или каде мислиш да ја купиш може нудат мајстори. Но прашај те газдата на станот прво. Ние мислевме ама мораше да чекаме на куќен совет да помине ама немавме воопшто. Знам важно беше да наведеме каква боја сакаме да ставиме и слично.
Газдарицата рече да ја смениме кога сакаме само да е иста/ слична боја со другите. А знаеш дали може само платното да се смени или мора од ново се?
Незнам ни мм не е сигурен баш го прашав. Ама ако мораш цела да ја менуваш јас во туѓо не би вложувала толку ( ако покрие газдата да ќе ја завршам работата).