Би дале до 50 евра, максимум 80, бо краен случај 100. Газдарицата е германка и штеди на секој цент, кој сака сам може да си стави, вади, менува. Ќе се јавам во Хорнбарх прочитав како опција промена на платно ама не пишува ништо подетално па ќе видиме.
Здраво, не сум сигурна дали има друга тема за ова. Ме интересира дали може да патуваат родители од Македонија (вакцинирани) кај возрасни деца кои живеат во Германија и кои документи треба да се приложат освен сертификатот за вакцинација. Го прочитавме документот од министерството во Германија но некако двосмислено е напишано. Благодарам однапред за одговорите
Аплициравме за во градинка за бебето за од нареден април, ама добивме одбивница т.е. дека сме на листа, ама шансите се скоро 0 дека ќе не примат тогаш, затоа што листите на чекање се предолги, што беше и очекувано. Иако неколку пати пробав уште во текот на бременоста да го пријавам за на листа на чекање, бев одбиена, со објаснување дека можам само од кога ќе се роди. Мене породилното ми е пишано до април 2022ра, ако морам, ќе го продолжам, ама кои ми се опциите тука? Дали ако морам да се вратам на работа, а и маж ми работи и нема кој да ни го чува детето, некако мора да ни најдат место во градинка или треба сами да си се снајдеме за чување? Каде би можела да се обратам по институцииве за ова?
Во нашата градинка кој како праша викаат за место се чека околу две години и после се јавуваат дека за два три месеци може да почне. Семејства се селат, менуваат градинка и слично. Секогаш има надеж. Во некои градинки се пријавува само откако ќе се роди, всушност не знам за такви уште додека си бремена да го пријавиш ама како да имаше спомнато некој на форумов дека има и такви градинки. Сако во една градинка аплицираше? Аплицирај во повеќе, кај нас можеше во три и пет максимум ама да се јавиш и да прашаш можеш во сите градинки околу тебе. Породилното можеш да го продолжиш до три години неплатено мислам и да ти плаќаат само здравствено осигурување, не сум сигурна. Кај нас ги запишуваат на три години, па конкретно комшивкава под мене имала пишано две години породилно, а се враќа на работа кога е детето година и пол, четири месеци пред да и заврши породилното, таткото работи до 16, таа работи од 16:30 до 21-22 не знам точно, па кога почне детето во градинка и таа ќе почне од сабајле на работа кога е детето во градинка. Чувствувам дека ќе ви најдат место до април. Друга опција е тагесмутер што не ти ја препорачувам. Разгледај и други градинки, државна приватна се едно исто е. Да пробаш и преку општина има таму посебен дел ама прво оди на шалтер па ќе те упатат и ќе им ја кажеш ситуацијата. Не се откажувај, ќе најдете место.
Ми даде малку надеж, фала ти Ние живееме во мало градче и само 2 од градинките нудат криппе, сите други се за поголемки деца и тоа е всушност и најголемиот проблем. А и според одговорот на општината (кај нас се аплицира преку општина за место во градинка), зголемен бил многу бројот на новороденчиња, за време на памдемијава, па листите стануваат уште подолги. Ова со тагесмуттер ми е скроз непознато, имам само слушнато за тоа. Можеш ли да ми објасниш, те молам, како функционира? Ти претпоставувам имаш лошо искуство? И уште ова, ако знае некој...имаме ли право да аплицираме во градинка во другиот град, до нашиот или само во нашиот? Се работи за некои 5км оддалеченост, релативно блиску е, па да пробаме и во тамошните градинки.
Би требало да имате право, и ние сакавме во градот на 5км ама сега си викам среќа што не не примиле, немаме кола, ама тогаш безнадежни мислев со автобус ќе носам и земам дете. Никогаш никој не не праша кај живееме, адреса дадов дури кога го потпишав договорот, откако примија дете. Сепак за сигурно да прашаш во градинката. Тагесмутер е жена што дома чува максимум пет деца. Сепак друго е градинка иако за деца до 3 години на кој форум и да влезам сите препорачуваат и се задоволни од тагесмутер. Мојата имаше дете 3 години кое баш тогаш тргна во градинка и цело време беше болно и кога детето или таа е болна не одат децата. За некој што не работи може ок е ама јас работев и не можеше така. Среќа па само што го примија кај тагесмутер го примија и во градинка по некој месец. И за тоа преку општина аплицирав, ме прашаа дали сакам тагесмутер додека да добие место во градинка, реков сакам. И после тоа бев како во канцеларијата да речам и ти кажуваат која тагесмутер има слободно место. Кај нас баш имаше преку една зграда од дома и јас и моите знаци си викам некој знак е и одма прифатив. Не дека е лоша жената, се уште сме во контакт ама ете не одговораше, јас немам друг кој да го чува, таа сака сама да си го чува нејзиното иако тука живеат и мајка и свекрва и, сепак кога е болно дете мајка си е мајка. Кај нас од три градинки само во една има 10 места за деца до 3 години и ете баш моето го примија, а на телефон ми рекоа околу две години ќе чекате за слободно место. Исто сега едни дојдоа од Италија и им рекле околу две години во истата градинка и за неколку месеци им стигна мејл дека е примено детето. Едно пак тука родено дури сега на 4 место доби, ние поизмачениве сме поупорни можеби.
@felisitas Ти беше со попустот од мајтојс? Дали имаш се уште, а да не ти треба? Продуктите се веќе на попуст па не знам дали би важел ама би пробала ако не ти е потребен.
@gjoker4e сега проверувам, имам код од mirapodo, тие се заедно со mytoys и уште една, 3 online продавници на една страна. Ќе ти пратам во порака, пробај дали ќе успее. Сега пробав не може да ти се прати порака.
@felisitas Порачав од друго место па ми дадоа 15% за мај тојс. Ако е твоето 15% да не се мачиш. Едит: Не одговара попустот, вика важи само за мај тојс колекцијата, исто како кога пишува 20% попуст во њу јоркер и кога ќе влезеш само еден рафт има 20% на пример. Само да се лажело дипломатски бе.
Е реков јас претходно, се е стратегија Е сега има и по фер страни. Јас од мираподо си земав патики за мене и маж ми, исто и од дајчман. Таму си важеше што и да одбереш. Туку јас барам да купам сега столче за хранење на бебе и само гледам, сакам да извлечам оптимално решение.. Па да прашам за некој предлог, да е лесно за чистење и да има тркалца или да има опција барем да се монтираат. Порачав едно на амазон мн лично ми се виде ама тоа материјалот има лом да се прави, па подобра варијанта е нешто како кожа и лесно ќе е за чистење... Тие на чико ми се допаѓаат ама се скапи..
Јас добив на старо од колега на маж ми без да побарам Geuter дрвено. Искрено не беше лично ама си реков кога го имам ај да пробам и презадоволна бев, само мора детето да седи убаво предходно во релаксатор краток период го хранев. Немаат тркалца ама не е тешко да се пренесе и не гребе ламинат, дрвото само се пребришува, а перничето лесно се пере. Кога порасна почна сам да се качува, па тацната пред него ја тргнав и седеше со нас на маса. Пред не цел месец престанавме да го користиме зошто синко одлучи дека е голем и треба да седи на обично столче. Погледни ги може ќе ти се допадне . Ако си ми блиску можам и да ти го поклонам нашето.
Дозволени ли се туристички посети авионски без одобрување од полиција за блиски членови на семејството или сеуште не?
Девојки има некоја од вас искуство со Babysitterin? Не ми треба за Vollzeit, туку некоја за 3 попладниња што ќе ги прибере момците од школо и градинка и нели по дома со нив додека си дојдам јас од работа. Разбарав тука, видов како се движат и цени и се, ама ме интересираше дали некоја имала искуство.
Ние ова го земавме. Супер е, лесно се "вози" по ламинат а тркалата не оставаат траги. Исто така од доста квалитетна и цврста пластика е и лесно се чисти.
Немам искуство конкретно со бејбиситер ама кога ми требаше во градинката ми кажаа дека бејбиситер може да е девојче коешто моментално е на аусбилдунг во градинката па можеш да прашаш во градинката дали има. И тогаш најдов девојче баш што моево го сака премногу ама почна ова со короната и не ми требаше бејбиситер. Инаку таа опција ми се доапаѓа најмногу затоа што како посигурно ми е, познато, ја знаат сите во градинката. @Herrera да сподели искуство, ако го имаше. И јас сакам на еден заб ама страв ми е да не не ми плати осигурувањето. До сега фер беш за се ама за ова сепак е голема сума, треба киријата да ј ризикувам па кога ќе ми плати осигурувањето да платам кирија. Ќе треба прво еднаш на забар да прашам и три пати во осигурувањето и да ми потпишат дека сигурно ќе ми покријат.
Фала ти многу Мене тие дрвените ми се симпатични ама овој период не ми одговараат бидејќи бебето не седи уште убаво, некое со флексибилен наслон ми треба. Сега за сега во релаксатор го хранам ама потешко и мене ми е мачно да се наместам а и лом го направи само перам.
И овие ги меркам, на лионело се така? Моментално на babymarkt имаат некој попуст, на амазон се поскапи. Ќе го порачам да ти кажам, па ако не ме бендиса ќе го вратам. Вакви има и некои други брендови и едноставни се а ми изгледаат функционални и практични.