Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.145
    Џокерче а знаеш ли за опции дали постојат како кај нас во Мкд игротеките на пример или нешто слично на тоа. Ние сме баш сами во градов и некогаш очајно ми треба да го оставам некаде да завршам обврски раат.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    15.493
    Да, на лионело е. Јас сум многу задоволна. Пластиката не е обична и тенка а плус седиштето е со квалитетна еко кожа многу лесна за одржување. Јас го купив 90 евра, можеби сега и да е намалено.
     
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.027
    Допаѓања:
    36.331
    Пол:
    Женски
    Само игротека маж. :D
    Има тука до 3 години се носат вторник и четврток децата бесплатно некаде ама не успеав да се запознаам со тоа.
    Има и над 3 години од пон до сабота мислам ама и со тоа не сум запознаена. Не знам како би се викало, да видам треба. До 3 години пееле, боеле таму ама ако успеам да најдам како би се викало тоа.
    А во Мк зарем постои таква опција?
    Не беше мн мало твоето?
     
    На felisitas му/ѝ се допаѓа ова.
  4. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.145
    За во мк мислам нема за така мали деца, кога реков како мкд, мислев нешто слично на тој концепт. Само да земаат и деца на помала возраст.
    Ее и иготрката маж кога е на работа, кога и заедно треба да одиме. Леле баш е тешко. Имаме пр термин за нешто па беблак баш тогаш спие. Па ќе го будиме недоспан ќе вришти таму, па темпирање кога ќе јаде ова она....
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.687
    Пол:
    Женски
    Еве некој одговори кога сме дискутирале порано на темава:

     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.081
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Здраво женски
    Имаме некој план за Германија. Е сега ме интересира во однос со градинките апсолутно се. Кога се запишува на која возраст дали се чека многу се се се... Бебе ми е 6 н сакаме после февруари да одиме
    Фала ви
     
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.027
    Допаѓања:
    36.331
    Пол:
    Женски
    Најреалниот и најточниот одговор е дека секаде буквално се е различно, па и две села едно до друго може да е се различно, а и во мојава населба еве од три градинка буквално во сите три е се различно.
    Некаде трудна го запишуваш, некаде одма после раѓање, некаде после девет месец или година.
    Се чека од еден месец да речеме до максимум три години.
    Буквално се што може да ти падне на памет се постои, универзален одговор нема на прашањево.
    Цената исто е од 0 до 700- 800 евра.
    Некои работат од 8 до 12, некои од 8 до 14, некои од 7 до 17, 7 до 18.
    Некои се за деца над 9 месеци, некои за над 2 години и 9 месеци.
    Некаде како кај нас од 7 до 17 смееш да го запишеш само ако и двајцата родители работат на цело работно време, ако не максимум од 7:30 до 14 смееш.
    Едната градинка е од 8 до 14, другата е 7 до 18.
    Појадок, ручек, ужина некаде имаш се некаде ништо некаде нешто.
    Отприлика ти доловив мислам. :D Сепак за прашања тука сме прашувај ама прашањата ќе си дојдат откако ќе дојдете.
     
    На MaMana, KittyCat:) и Chantal им се допаѓа ова.
  8. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.081
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски


    Фала ти многу. Ми доолови хехе... Сакам да видам прво со градинка ако е проблем градинката не ни планирам да идам сепак најважно ми е тоа одиме јас и сопругот дури да се вклопи е што е како е работа едно друго па и бебе мислам дека нема да се издржи затоа сакам да знам се па да одлучиме со чист разум....
    Фала уште еднаш
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.027
    Допаѓања:
    36.331
    Пол:
    Женски
    Градинката секако ќе е проблем ама подобро е што побрзо да го решаваш. Или маж ти да аплицира за градинка па ти да чекаш Мк додека да го примат.
    Од една страна што ќе ви праќа пари во Мк по мое мислење поефтино ќе му дојде тука бидејќи тука се е поефтино. Ќе земате детски додаток 219 евра месечно.
    Сепак се започнува од нула и нема да е ништо лесно и да тече се како подмачкано.
    Ние сме веќе три години тука, почнати не од нула, туку од голем минус, па животот се уште поставува предизвици и препреки.
    Ние сакавме да сме заедно од прв ден, има и такви што им е подобро прво мажот, па жената и децата. Ќе си одлучите како ќе ви е најдобро.
     
    На mKdevojce, KittyCat:) и kukla21 им се допаѓа ова.
  10. sweet-17

    sweet-17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    187
    Пол:
    Женски
    За да закажам термин кај дерматолог за детето мора ли да имам упат од неговиот матичен?
    Вртам кај дерматологот не креваат.
     
  11. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.081
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски

    И ние сакаме да сме заедно од прв ден ама пак ќе видиме како ќе биди... Фала уште еднаш
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.687
    Пол:
    Женски
    Мислам не мора. Ние на уролог го носевме без упат. Биди упорна и незнам како е кај тебе кај нас од 6 месеци до 3 години се чека кај дерматолог, или не примаат нови пациенти. Напомени дека е за дете па можеби и побрзо да добиеш термин или можеби таму не е таква состојбата.
    Ако сте обезбедени со стан и работа за едниот слободно одете заедно, но ако треба тек да барате стан и работа тогаш јас лично би чекала. Со дете ми е голем ризик на несредено да одам. Ама ете Џокерче мислам така отидоа па се снајдоа.
     
    На KittyCat:), sweet-17 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.027
    Допаѓања:
    36.331
    Пол:
    Женски
    Не мора ама добро е да излажеш дека имаш. Мене за друго не ми правеа термин, си реков кај не излажав дека веќе го имам упатот, ми рекоа кога ќе имам упат тогаш да се јавам. Дали ѕвониш во работно време?
    А кога ќе одиш на терминот секако мораш да имаш упат.
     
    На sweet-17 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.081
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски

    Имаме пријатели тие ни помагаат околу работа и стан. Искрено многу работи се под знак ? ... Сакаме да одиме едни едно кажуваат други друго трети трето не сакам ич да ризикувам со бебе. Ние моментално сме Малта не е лоша земја само малце е зафркнато со пензиско и затоа сакаме да менуваме држава.... Здравје само да се расправаме убаво за се па да одлучиме.
    Фала ти многу
     
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.027
    Допаѓања:
    36.331
    Пол:
    Женски
    Во Дм за купени Ленор прашок, омекнувач и парфем ги враќаат парите, значи 12 евра отприлика. Купуваш од сите три по едно, на нив има етикета гратис тестен, плаќаш, фискалната ја чуваш, на нив пишува што потоа, одиш на страната, го внесуваш бар кодот, ја сликаш фискалната, па продуктот, потполнуваш име презиме адреса датум на раѓање ибан свифт и добиваш мејл за потврда во наредните 36 саати мислам беа. Фискалната се уште не ја фрлаш да не им притреба пак да ја сликаш да не не се гледа убаво.
    Мене ми стигна мејл дека zeitnah ќе ми ги уплатат парите, најкасно за шест недели.
     
    На sweet-17 и Ava.84 им се допаѓа ова.
  16. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    2.291
    Пол:
    Женски
    Истово го има и за персил и ленор дисковите за перење. Парите за 3-4 дена ми ги вратија
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.027
    Допаѓања:
    36.331
    Пол:
    Женски
    Од ДМ ги купи или од каде? И кај се ставаат овие, директно во машината, во облеката? Ако е истата акција нема да ми дадат пак.
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    2.291
    Пол:
    Женски
    Да од дм. Па јас бев зела прво ленор пред 3-4 месеци (пишуваше до 30ти јуни трае акцијата), потоа и персил.
    Да само еднаш смее по домаќинство мислам да се учествува, не сум сигурна. Се става прво еден диск во пералната (два ако се многу нечисти алиштата или ептен ти е преполна), полниш алишта и пушташ да се перат:)
    Едит, ако ме праша за оние зрнцата парфем, наместо омекнувач се става едно капаче директно кај алиштата
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
  20. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.060
    Пол:
    Женски
    Дали некој од вас има направено нарачка од Pat Pat и Shein?