Значиии, гардеробата за деца е пренајубава и преслатка. Се презаљубив. Шо искуство имаш? Леле, ми доаѓа се да купам. Ама, има многу прашања што ме мачат. Се плаќа zoll? За колку време стигнува нарачката? Дали се коректни од центар на корисници, мислам, дали реално постојат или ќе си контактирам со самата себе ако има проблем, односно ако сакам да вратам/заменам парчиња во случај да ги утнат или во случај да не ми стигне пратката? Дали ги враќаат парите? И квалитетот објасни ми го. Данке.
Спојлер: Слики патпат Хаос и згужвано занемарете. Золл не платив ама не знам дали е можно да треба да се плаќа над одредена сума ама не би требало немам никаде прочитано такво нешто. Се стигна исто како што е на сликата и убаво спакувано. За центарот за корисници не знам, а исто и за враќање на нешто и пари. Порачав на рехнунг, платив кога ми стигнаа. Мислам дека може да се врати бесплатно ама не сум сигурна сега. Јас по грешка порачав фармерско палто мн поголемо ама ме мрзеше да го враќам, ќе го продадам или подарам. Нарачувам само оценка пет и треба да следиш кога има акција, на пример ставаш во корпата и пишува вечер од 2 до 5 ќе бидат на 50% и местиш аларм во 2 ноќта и тогаш порачуваш. Навистина има попуст, на пример три фустанчиња од 20 евра ноќта може и на 5 евра да се. Немам многу порачано ама тоа што стигна беше одлично, елече зимско за дете е преубаво за без пари, ташничка, вакви парчиња нема по бутици и баш ми фалеше ваква страна. Квалитетот ми е нормален, еве и после перење исто е се. Од Шајн си порачав патики за мене и се изненадив колку само преубави стигнаа, десетина евра беа ама ептен убави и удобни се.
@gjoker4e Леле црвеното посебно. Па не е и дека очекувам кој знае каков квалитет на толку евтино. Ама очекувам да се износи една сезона, значи летово. Пошо и онака не носат повеќе од тоа, ги одраснуваат за брзо. Скоро се шо свиѓам, има супер рецензии и слики од парчињата што ги нарачале. Е проблемот ми е шо сакам да нарачам по многу. Ако направам повеќе утки или они утнат, (а се надевам нема) па ми се собере пример поголема сума, ич нема да ме мрзи да враќам/заменам, затоа и прашав за искуство. Мала сума не ми е страшно. Ама, џабе пишувам пошо не ми текна на твојата опција за плаќање. За zoll да гуглам значи, да видам шо има, пред да замислам дека не постои. Еј, а на домашна адреса стигнуваат или ги подигна од пошта? Првата за вакви, да не кажам сомнителни па ај демек непроверени страни, треба да ми е пробна и за помала сума. Ама озбилно ми доаѓа се да купам. Леле, во 2 за детево едвај се будам, како да станам за фустанче?
На домашна адреса, и јас затоа порачав од двете по малку као пробно. Ќе видам сега за враќање и золл. Леле првиот коментар во една фб група е дека порачале за 90 франака и платиле 40 франака золл. Ама искрено ич не ми е јасно ова со золл. Да не испадне и јас да треба да платам? Или тоа автоматски се плаќа, доаѓа сметка или како? Сепак коментаров не е за тука дека за франак станува збор, јас порачав од двете за по околу 30 евра, ако знаеш кога како золл пиши тука. А за враќање пишува бесплатно.
А јас вчера како што рачунав испод 200 нема да бидам. Нема да платиш. Ама дефинитивно треба да се информираме добро пред поголема нарачка. Не знам како се плаќа. Две опции се само, пред да земеш пратка или ќе пратат нешто откако ќе ја земеш пратката. Значи простор да се изненадиме скроз. Од каде се овие ствари, од Кина? https://www.import-shopping.de/zoll-und-steuern-bei-china-bestellungen/ Еве што најдов, ама ме мрзи да прочитам се. Ќе се информирам подобро и ќе ти пишам секако. https://www.google.com/amp/s/amp.n-...Pakete-beim-Zoll-abholen-article12777006.html Zoll wird für Bestellungen bis 150 Euro grundsätzlich nicht berechnet. Bezahlen müssen die Empfänger meistens aber trotzdem, denn wenn der Warenwert über 22 Euro liegt, wird Einfuhrumsatzsteuer fällig. Sie entspricht der Mehrwertsteuer von 19 Prozent. Која е групата, да се убацам со прашања?
Девојки сакам да прашам, маж ми е со бг пасош, јас дојдов и моментално го чекам социјалниот број инаку сум со мк пасош. Дали ќе може да работам откако ќе го добијам бројот или мора прво да аплицирам за офентал и откако ќе ми излезе дури тогаш може да работам? И ме интересира за курсот, дали има врска ако одам на обичен курс, а не интеграционен. Ви благодарам однапред
Мојов одговор не е 100% сигурен ама додека не одговори некој со сигурност… не би требало да смееш да работиш само со социјалниот број затоа што на визата пишува дека ти е за престој и работа. Па по некоја логика треба да ја чекаш визата на која што ќе пишува дека ти е дозволен престој и работа и тогаш можеш и смееш да работиш. Кога ќе ти ја дадат визата убаво прочитај дека е и за работа бидејќи во фб групите имам читано за случаеви кога им била издадена само за престој ама не и дозвола за работа ама не знам дали било по грешка, дали дека двајца со мк пасош или ете некаде можеби така е, не знам која е причината. На курс не сум одела ама за почеток би требало подобар да е интеграционен курс затоа што е за почетници, за интеграција во општеството, мислам. Ако си решила на обичен, не знам каков е тој, нема да ти направи многу голема разлика. Битното е да го учиш јазикот, да се надоградуваш. Социјалниот број мислам многу брзо се добива. Во меѓувреме ако не сте се, пријавете се во здравственото осигурување затоа што е еден од потребните документи за спојување на семејство. Заборавив како одеше по ред, социјален број па спојување или обратно.
За работа мораш прво Aufenthaltskarte да добиеш или барем да ти одобрат ќе добиеш еден лист каде што пишува дека може да работиш додека ти ја изработат картичката. Ама социјалниот број не значи и дозвола за работа. За курс можеш каков сакаш зошто спојување со ЕУ државјанин не беше задолжително да имаш и сертификат за познавање на јазикот (ако не е нешто променето во меѓувреме).
Ти блгаодарам. Сеуште го чекам бројот и рекоа трае до 3 недели, инаку морам да го имам него за да може да поднесеме за сите наредни документи ( осигурување, промена на штоер класа..), а курсот е интензивен , почнав од а1 Ти благодарам
@Ava.84 Треба во Мк и пасоши да вадите или не? Читам во групата дека системот бил паднат, дека не сакале Северна Мк да пишува, појма немам што, и кој поднел за пасош до петокот поднел, кој не тоа е. Знаеш ли нешто повеќе случајно? Те тагнав бидејќи мислам Мк дека си ама ако знае и некој друг нека сподели. Зарем тие што отидоа/ одат пред се за пасошот ќе биде за џабе дека отишле? Најголем страв од одењето во Мк ми е да не не можеме да се вратиме назад, тоа би ми бил еден од најголемите кошмари во животот. Не знам дали е вистина ова и до кога ќе трае?
Точно е системот ќе го менеле и сликаа до четврток.Од вторник (денес) рекоа ќе работел повторно. Ние со врски едвај после една недела успеавме да се сликаме.
Еве информација за надградување на системот за пасоши: ОД 11 ДО 15 ЈУНИ НЕМА НИ ПРИЕМ НИ ИЗДАВАЊЕ НА ПАСОШИ, ЛИЧНИ КАРТИ И ВОЗАЧКИ - МВР го надградува системот (faktor.mk). Сега би требало пак да работи. Ти закажи термин уште пред да појдете од Германија и ќе бидеш на сигурно. Има некој формулар и за онлајн закажување (покрај телефонските броеви). Инаку ако добро разбирам за граѓани на земјава веќе нема ограничувања од типот карантии и слично при влегување во Германија: Од утре патување во Германија без строги ограничувања за македонските граѓани | Северна Македонија | DW | 12.06.2021.
Значи не било до толку страшно, јас од групава сфатив дека мн долго нема да функционира системот. Кај нас мм еднаш се испокара дека јас трудна, а сто пати не враќаа нз дали извод или пасош и рече сега не си одиме додека не средите па го знаат, тој ми е врска, инаку најтешкиот дел е кога се цел ден на пауза, кожа ми се наежи од самата помисла на влегување било каде во Мк. Ме интересира кога јавно кажаа за ова? Ако се погодил некој да се врати баш само тие неколку дена? Би требало да се извести барем еден месец порано, две недели нека се еве, а не од денес за утре. Претходниот пат онлајн закажав термин пред да дојдеме. Ние се уште не сме во план од пусти страв да не заглавиме таму. Сите се враќаат сега ама лани заглавија некои нели еден период па кошмари имам.
Јас како што гледам на вести известувањата се од крај на Мај/почеток на Јуни. Така што има период од две недели известување. Плус прекинот не е долг, туку е 3 работни дена (ако ја броиш и Сабота 4). Е сега има известување и дека се продолжува важењето на докуметните на оние кое се во странство: Продолжен рокот на важење на истечените пасоши на иселениците до 31 декември (time.mk). Така што тој што сака да се информира може, а дали сака е прашање или е полесно да тргне на слепо не знам.
Тогаш е во ред. Јас секој ден ги читам вестите на Сител ама не сум сретнала вакво известување па затоа чудно ми падна. Исто така во фб групите сега налетав на ваква објава, значи откако завршило, па затоа си помислив дека петокот кажале дека од вчера, понеделник, нема да работи системот.
Пак јас со моите прашања. Каде можам да најдам бебешко креветче на пример дрвено со поволни цени?Исто и количка?