Утре одиме на преглед и на вакцина за малиот. Има ли овде во аптека од тие лепенките што се ставаат или ациди борици? Ако имате слика да знам да побарам
Kinder fieber pflaster. Изгледа има и во dm. Има и во аптека. Околу 10 евра. За ациди борици не знам не сме користеле ама можеби можеш да го побараш под истото име.
Се надевам дека некоја може да помогне. Со дечко ми сме студенти, и ќе одиме на сезонска работа во Минхен, од 1 Јули до 1 Октомври, и бараме сместување соба/апартман до 700 евра. Ако некој може да ми помогне пишете ми. *не знаев каде да го поставам прашањево па затоа овде
Фала @gjoker4e и @FreeMind Го вакцинираа и ми кажаа ако каче температура само чепче. Ама многу е различно од Мк, за една минута го прегледаа и толку. А камоли крвна слика
Параметрите на крвна слика немаат врска со вакцинација. И во мкд се менува, бавно али сигурно. Македонската медицина не е врв во медицината за да споредувате.
Во право си, јас ја одложував вакцинацијата во Мк за да го вакцинирам тука, ама онака, само ми дојде чудно
Многу често гледам се поставува прашањево и слични прашања што дури ми е чудно со каква доверба од мкд здравство сте дошле. Како основа, база се зема доле. Ако овде не е исто нечини. Чат пат се прашувам дали од истата држава идеме ние сите? Јас ти гарантирам да треба да ти направат крвна слика ќе ти направат 10 пред вакцинација. За се останато ако има симптоми ќе ти направат. Да ги оставиме да си бидат доктори, а ние пациенти. Ние како мајки никогаш од никого нема да бидеме задоволни и секогаш проблемот ќе го гледаме само со наши очи каде е најстрашен.
Да ти кажам право дека се сложувам со тебе иако нели мајка па паничиме и тоа си го прави своето. Дека нели милион жени во мк крвна слика прават па нормално и нас да не копка.. Еве мене докторката ми рече лично син ти нема потреба сега за сега од крвна слика откако го прегледа вика ако треба јас сама ќе ти пишам.. И се навредуваат чак. Уствари и у право се. Ние во последно време ептенкога влагаме кај доктор се правиме над доктор со прашања и захтевања. Не знам што да пишам а да не бидам лошо сватена, те сваќам и тебе и се согласувам со тебе од друга страна пак ги сваќам и сите други мајки кои што бараат крвна слика, некако нож со две острици. Поведена од искуство на членки што им биле разболени децава по месец два а тие не давале крвна слика.. Пак ќе кажам на крај сите ги сваќам.
Премногу се мешаме онаму каде не знаеме. Они учеле шест години, имале пракса, па оделе на специјализација уште четири години во меѓувреме одат на милион обуки и во образовен систем како германскиот да завршиш педијатрија верувајте дека секое прашање овде “ами крвна слика пред вакцина” им иде со дипломите по глава да ве маваат онака лево десно Во ред како мајка да се плашиш за своето дете, али не на овој начин. Овде добивам впечаток дека македонскиве мајки боље ја разбираат медицината од германскиве лекари. Мислам у реду е аплицирајте за работа Ова е едно од прашањата кои се бесмислени да им ги поставите овде, второ што ве имам читано е тече нос не ни даде антибиотик и трето беше само капки за нос. Да не навлагам во секое, опуштете се или правете како вие мислите земете си антибиотици на своја рака или визз и правец на лекување доле има веднаш оспен од 2000 да ви закачат како ц витамин.
Во баден вутемберг (незнам дали важи за сите покраини)во ххxl lutz ако купиш мебел во вредност од 3000евра 1000евра ваучер добиваш Ѕирни дали им важи понудата уште
Ќе му предложам на маж да појде после работа да праша, инаку (Офенбах/Франкфурт ) по која покраина спаѓа .
Мислам дека за секаде важи дека видов на тв реклама Можеш и на онлајн страната да видиш,сигурно пишува
Сум била во Офенбах на обуки од работа, па вие не сте во Хесен, не сте ни во Германија вие сте држава во држава Славниот Офенбах каде ни еден германски закон не важи и каде германците се малцинство. Закон
Една мала информација,може ја знаете ,но сепак да пишам. Често имаме проблеми со издавање на упат за ќере,претежно за брисеви ,па скоро дознав дека децата над една година покрај kinderarzt може да имаат и hausarzt,општи лекар кој вообичаено е о наш и може да добиете упат без проблем, не си сметаат едни на други. Бидејќи сме слични со системите(Австрија) мајки пробајте децата може да имаат двајца доктори.
Ова и јас прашував пред некое време оти навистина сум на мисла да ја префрлам кај нашиот Hausarzt. Таа информација ја знам имам роднини кои живеат тука преку дваесет години и децата од мали им се кај матичниот што е на сите не кај педијатар. Е сега не сум знаела дека може паралелно и кај двата лекари, дали е сто посто точно тоа и како би функционирало незнам. Некако ми нема логика одиш кај едниот па кај другиот. Јас веќе правев муабет со нашата матична и таа ми кажа дека може од U2 па натака детето кај општ лекар не мора кај педијатар.До U2 тие прегледи морало на педијатар.
Точно е. Кога педијатарката не ми даваше упут, и сакаше да набјудува состојбата на детето 1-2 години , отидов кај матичниот на мм и одма добив упут. Не и се веруваше за ставот и игнорантноста на педијатарката. Денес имаме пак термин, ама кај колешката нејзина, во истата ординација. После толку некомпетентен и нечовечен пристап конечно добив можност да се префрлам. Пак ќе барам упут, за трето мислење, бидејќи првите двајца специјалисти со комплициран случај сте ме пратија дома. Се надевам ќе ми даде бидејќи и за второто некако не беш воодушевена, но даде. Ако не ми даде планирам кај општиот на мм пак да одиме.
Dali koga ke se iskaka bebeto vie go brishete so vlazhni maramcinja ili kako mene trcate vo mijalnik da go miete zadnikot so voda? Jas samo preku nokjta upotrebuvam vlazhni.