Jas vaka zavrsiv rabota no sum vo vnatreanosta ( ako toa menuva nesto neznam) kaj nas deka nitu termin ne e potreben.Aj neka se javi nekoj od Skopje so iskustvo od tamu.
За промена на пасош не бараат лична карта. Само стар пасош. Мислам лична карта бараат ако менуваш презиме, адреса и сл. Барем вака беше бт пред една година.
Ок, ај ќе пробам ќе се закажам па ќе известам шо биднало. @gjoker4e тагни ме по еден месец ако заборавам да пишам. Фала ви женски, виш ми лак
Јас вадев пасош пред 2 месеци во Македонија (Источна). Личната карта ми беше истечена и за да покренам постапка за пасош(брза постапка) ми бараа да уплатам истовремено и за лична карта. Пасошот си излезе по брза постапка а личната карта не успеав да си ја земам бидејќи не беше по брза постапка, е сега дали е секаде вака не знам
@Biljarkata Сакаш да кажеш дека во Мк ќе одиш? Не можам да те замислам таму па ако може едно селфи за да поверувам. Ама кога се мора се мора тоа е. Да се јавиш да прашаш или да праша некој од Мк директно. Или да носиш сто евра замена за лична карта. Може и со помалку да поминеш, ако ти е многу пробувај од десет па нагоре колку упали толку. Ако немаш врски имаш пари.
Пишува лична карта или друг документ за идентификација. Значи не мора лична карта. Може и пасош и возачка дозвола. Јас никогаш не сум дала мито за вадење лични документи. Уствари можда сум ја аберација на системот ама никаде до сега немам дадено мито за побрзо да завршам работа. Дури и со несменети податоци во пасош патував (се омажив и не сменив презиме во пасош, а сменив на сите други места) и потоа кога отидов да го сменам поминав со 50 евра казна (минимумот). Кај мене е мото добар збор железни врати отвора и така поминувам секаде.
може возачка по брза, ама мора важечка лк. Не може со пасош. Ама без грижи. Тој од возачка ќе ти даде пусулче и ќе те прати кај едни тетки да ти потпишат дека можеш да се сликаш за лк. Завршена работа
Апдејт на состојбата со лични документи. 1. Сум го убила системот за онлајн резервации, сабајле работеше, сега јок. 2. Пасоши нема. Уствари има, ама по малку. Брза постапка за пасош, според извори од вести, има можен термин по 7 ми јули. Термини за нормална постапка во август. 3. Државата го извести светот дека оние чии пасоши истекле по некој си јули 2020, уствари важат до крај на 2021. Не знаеме дали истите ќе ги признава и државата внатре како валиден документ, или само светот треба да ги признае. На светот, претпоставувам, од оваа информација му се сомели умот Повеќе во наредната епизода, луд онади збуњеног
Само што прочитав на вестите на Сител дека од 23ти до 27ми јуни мвр нема да издава лични документи: лични карти, пасоши… Дај боже да измислат лотарија за германски пасош и да ми се падне.
Од тоа што читам по фб групиве косата белеела ама барем знаеш последно ќе ти е Де да легнам да спијам и да се разбудам со еу пасош може и швајцарски еве не бирам скромна сум
Ее а овде како е во амбасада? Јас планирам овде да вадам, на децата им се истечени Има некој некоја информација? @Chantal ве читам одвреме навреме Оптеретена многу периодов ама ќе ве дружам повеќе во некој нареден период
Да си кажам искуство од пасоши на маж и деца, мм плус лична карта вадеше. Значи отидовме на 08.06 да прашаме во МВР (не Ск) што ни треба за новороденче и не испратија во општина да извадеме матичен број.Од таму не испратија пак во МВР со потенцирање врски да си барате за да ви потпишат матичен број.Фативме сајли и така се мававме 3 дена на во 10.06 конечно без термин со врски се сликаме. Сакавме итна постапка ама жената што сликаше рече од утре до вторник не работи софтверот и немојте да давате за џабе 4500 денара од пасош нема да ви ги направат за 2 дена.Одиме редовна постапка ќе излезат додека да си одите.Јас ќе ги ставам како за итна постапка и ќе ги пратеме во Ск.Денес 22.06 пасошите и личната карта ни се излезени.За 12 дена вкупно со викенди и неработни денови Ние се испоплашивме со вестите на нет дали ќе бидат готови.Ама еве кажувам 5ти пат со сајли не со врски завршивме работа.
Леле јас се нервирам, затоа си го пријавувам како гостин во полиција и тоа е напорно ама неможам по институции само за мене што морам. Вака тука мм и синко си завршуваат све преку конзулат, за 2 до 6 недели се добива пасош не како нашиве. И тие се занигде во споредба со други мислам другарка италијански вадеше на децата по брза постапка преку амбасада за ден. Ама како нашево нема никаде.
Здраво мамички и јас да се приклучам во темава јас сум во Германија веќе неколку години а и од декември сум со бебче , би сакала да ми препорачате некоја крема за сончање по можност од ДМ не можам да се снајдам не знам која да ја земам за бебе , не сакам да го шетам без крема .
На Алверде 50 ка или 30 ка беше не сум сигурна за бебиња е супер. Малце остава бело ама тоа затоа што нема хемиски филтри.
Не се разбирам многу, ама да на база на цинк оксид и титаниум диоксид се. Мислам дека и на Веледа е исто природна со физички (минерални филтри). Ова све тука го читав во темата за креми за сончање за бебиња ама одамна кога синко беше бебе.