Мене исто 5 дена ми се видоа многу. Ама имам цела година да се навикнувам и неа да ја припремам. Инаку Биљарка и мојата јаде по 5 саата една праска.Самостална е ама и не е.Нејадачка исто.Ама во градинката за чудо се јаде, ама дома не сака. Вакви скандали има често, пред некоја страна и на оваа тема разговаравме.Денес инаку беше да се види бројот на деца , дали ќе има доволен број за да се оди .Така да може и да не се одржи. Ако мислиме постојано на педофили треба и дома да ги оставиме и децата од дома да не ги пуштиме до 18 години , кога пак не дај Боже може да налетат на силувач.Од умоболни луѓе тешко можеме да ги заштитиме за жал.Немам ништо против твојот совет немој да ме сфатиш погрешно.Добро е да сме внимателни.
Аман луѓе, не идете одма со лоши претпоставки. Знам дека не е до довербата во детето, туку недовербата во другите. Ама не може вечно да ги чуваме дома и да не ги пуштаме нигде. Знаете ли дека така им го кратиме процесот на развој на самосталност, сигурност, независност, когнитивни и физички процеси. Точно е она, мајка што ти мисли никогаш да не ти се случи, да. Прво тоа на памет ќе ти падне. Ама, очекување апсолутна безбедност е нереалност, а нема ни да стане реалност ако ги чуваме само дома. Еден ден децата секако ќе излезат! Таман работа во стаклено ѕвоно да ги чуваме. @Ava.84 Ова е од градинка, со одговорност на градинката и е во ваша близина па ќе можеш и да ја ѕирнеш. Имаш време од една година и тоа што си потпишала дека ќе оди не значи ништо. Можеш да се предомислиш секако. Види изгуглај го местото, условите, луѓето кои го посетуваат. Убаво информирај се за безбедбноста на местото, претходни посети на деца, одговорноста на учителките кон децата итн. Јас би ги пуштила моите. Па уште колку понуди ќе има од школи и градинки, прав доживљај за нив. Иначе и мене 5 дена вечност ми се видоа.
Ние си збориме со мм како едвај чекаме да дојде период да одат на излети, иако да 5 дена за прв пат личи многу. Како што рекоа ти си го знаеш детето. Јас сега мислам едно кога ќе дојде време знам дека ќе ми биде тешко. И јас во основно одев цело време сама, ама мислам 8 имав првиот пат .
Lianna Anna така е доживљај е за нив.Јас се сеќавам во моето детство на повеќето.Се сеќавам дека и тажна сум била за моите, ама во близина ни е ,па ако нешто не е како што треба ќе тркнеме со маж ми и ќе ја земеме. Таа не е делена од нас и ние од неа, ама еден ден ќе порасне.Во стаклено ѕвоно не се собира искуства и спомени, само со дружба со деца. Фала ви на сите на мислењата.Има време уште до јуни 2022. Ајде кажите поведра тема.
Malo e deteto za da odi samo na kampuvanje so deca. Vtoro seuste e pandemija, ima moznost od zaraza vo kolektivni letuvalista. Da sum na tvoe mesto bi pocekala I ne bi pustila dete.Sigurno nema ni tamu dovolno vospituvachi za da se grizat ,ke ima mnogu deca od razlichni vozrasti.
Не одат сите деца само Vorschulkinder од цела градинка .Во нејзината група се само 5 деца.Вкупно 8 групи се во цела градинка.Инаку ние прележавме корона и ќерка исто.Ако е догодина уште пандемија нормално дека нема да се одржи.Така да сигурно нема да оди.
Не знам за вас но мене ме дотепа времево психички. Буквално не почувствуваме дека е лето. Овие денови 12-15 степени. Вистинска есен на почеток на август . Читам по весници и на тв кажуваат дека инфлацијата ќе ги зголеми цените на многу работи. Веќе се осеќа на зеленчукот, овошјето а ќе имало и на горива, млечн производи, житни продукти итн. За недвижнините/кириите да не правиме муабет, за тоа веќе само небото е граница. Си размислувам така и се тешам колку и да се влошува ситуацијата исто или полошо од мк не може да биде. Тука барем полесно до работа се доаѓа. Со две плати ќе има за нормален живот. Сте размислувале ли некогоаш под кои услови и поради кои причини би се вратиле во Мк? Мене искрено, иако ми недостига фамилијата и моето дете расте гледајќи ги бабите и дедовците само на телефон, враќањето во Македонија ми е дел од најлошите сонови. Не дека и тука е нешто ептен идеално, но сепак системот е далеку пофункционален и веќе се навикнав да функционирам тука. Во Македонија за жал веќе се на полошо оди. Ми е жал за мојата држава посебно гледајќи што се случуваше со пожариве, колку само народот е оставен сам на себе а народните пари безмилосно се крадат. Колку и да ни е тешка борбата тука некако се надевам дека на крај ќе се исплати, ако не за нас барем за нашите деца. Извинете на депресивниот пост, ваљда депресивното дождовно коронашко време веќе натаму ме тера.
@mKdevojce не познавам човек кој што не е носталгичен за земјата од каде потекнува. И јас имав такви фази, ама мирот овде што го пронајдов не се купува со пари. Пред 3 дена си дојдов од Мк, не се знае таму кој јаде а кој пие, со исклучок на некои луѓе. Можеби е тешко првите 3 4 години,ама и тоа е период,мора да дојде и период на стабилизација, никаде не е лесно и никаде нема ,,пушти чичко летки",едноставно таков им е системот мора да се работи ако треба и плус мини џоб за да имаш некои позитивни промени. Во врска со покачувањето .. штом бензинот скокна во цена, мора и другите работи да се качуваат. Плус храната овде и во Мк е речиси иста цена,епа мислам дека има разлика да пазараш со 200 е просечна плата и 1800е просечна плата тука.
Ако добро имам приметено во овие три години цело време се нешто поскапува. Месечната карта за превоз кога дојдовме беше 56 евра, претходниот месец 60 евра, овој месец 61 евро. Јас за зејтинот се изнервирав најмн од 99 центи на 1,39. Ама нели и платите се покачуваат па велиме стандардот расте. Никогаш. Не ми се ни оди на одмор од страв да не не можеме да се вратиме, со коронава непредвидливо е. Колку време сте овде? Борбата е најтешка првите неколку месеци, после каде и да е човек едноставно животот е борба. Конечно научив да цитирам дел по дел.
Скоро три години сме тука. Не сме почетници, јас и јазикот го совладав, немам проблем од таа страна. Така малку сум разочарана од ситуацијава. Инаку да, кога човек се труди сам да постигне нешто, базирајќи се само на своите квалификации и труд, животот секаде е борба. Ама тоа не прави посилни и поискусни во секој случај.
Мајки здраво, сакам да прашам што докум.ми треба за да не пријави сопругот и да ни поднесе за докум.тој е со еу пасош. Ное со синчето ќе одиме па што докум.ни треба? Благодарам
Вие од Мк треба да понесете интернационални изводи на раѓање и интернационална венчаница. Картончето со вакцини од дете ви треба за на педијатар, може и вашите картони доколку имате ги бараат матичните. Валидни пасоши. Здравстено осигурување од Мк за вас за три месеци ама никако не се сеќавам од каде извадивме и колку пари. Може и за еден, два ама посигурно е за три. Ако ми дотекне нешто ќе допишам јас или некој друг.
Здравствено не од мк, тука маж и преку него ќе ги пријави. Бар јас така направив. Туку ти нешто ни најавуваш со аватарот?
Абе јас се чудев како издржала да не пише дека е трудна ,па и дека се породи.Кога ми пиша пп ме прашува нешто за бебе,јас ваква бев додека разберам.Па после кажа дека имала син. Стварно Џоки што не кажа јавно да ти се радуваме сите?
Моја крвна група Така бабата последна да дознае дека има внуче Или грешно разбрав, или големо нека ви расте
Да е живо и здраво бебето, може и батко голем да е како си таинствена. Јас затоа сега кога пиша спие на мене си викам што спие на неа, не е ваљда родено веќе , не збуни сите тука.
Изводите дали треба да бидат преведени на германски, некој ми спомна и потврда за неосодуваност требало па нз колку е точно. :/
Не треба да се преведени на германски. Потврда за неосудуваност за нешто друго треба можеби некогаш. Ако лесно се вади извади си за секој случај, ама ќе треба да ја преведуваш, не ти треба, ако знае некој зошто би требала таа потврда ќе каже. Ако нешто ви затреба некогаш некој со полномоштво од Мк ќе ви заврши работа.