Со прво дете да, со второ чат пат зависи од ситуација, трето нема умивалник видено. Моиве немале никогаш мака со нафрлување во пеленска регија, но секогаш кога можев имав едно садче со водичка и едни тупфери од дм за влажнење во вода, па со нив пребришував.
Не е за овде прашањето, ама нека го преместат модераторите. Инаку да, на секое какање им мијам газе во мијалник, влажни само ноќе и кога сме излезени.
За дискусијата за здравството. Јас си имам кажано мислење, не еднаш, на повеќе наврати. Не навлегувам во никаква тема ниту дискусија, ниту пак го спорам знаењето на докторите тука. Но, и нашето здравство во мк не е воопшто лошо - ако толку го плукаме, значи и Германците се глупи што земаат наши доктори. Во мк системот не чини. А за системот тука - една работа сфатив. Не е до тоа колку се компетентни докторите, туку колку плаќаат куќите за здравствено осигурување (т.е. кранкенкасињата). Ако може за сѐ да се направи "шпарен" - на жалост и кога не треба. Ете тоа е. Од тоа сум јас лично незадоволна. А некогаш (ретко, се согласувам) - важна е крвната слика пред вакцина - повеќе од аспект на откривање на тешка анемија која го паѓа страшно имуниот систем и најновите истражувања покажуваат дека во тие случаи вакцината не ни функционира како што треба.
Посебно за делот со шпарање целосно се согласувам, на своја кожа, на свое дете осетив. @Kaetana или друг, да не имате инфо за квоти околу издавање рецепти/упути? Во смисол кога квотата му е скоро пополнета па се почнува со препораките почекај.
Нашите доктори овде идат и почнувааг од нула од ново специјализација речиси можеби само некој месец признат. Од многу јако што ни е образованието. Тек кога ќе дојдат сфаќаат што они знаат или научиле доле. И најново полагаат апробација. Јас пак радо ќе повторам дека доле има лошо здравство и се работи по стари методи. И тек тук некој исклучок. За кранкенкасињата и новиот закон овде е друга тема и како се одрази врз здравствениот систем. Тешката анемија ако чекаш да ја откриеш со крвна слика од вакцинација си завршил работа. На толку симптоми. Значи де факто крвна слика и вакцинација нема врска.
Сега прашав и колегиве. Ми кажаа дека имаат квоти за рецепти и тоа квартални. А за упати не им било логично да имаат, особено ако имаш веќе термин. Избегнувале да ти дадат на крај на квартал оти толку траел упатот (пр. Немало логика да ти даде на крај на март кога сигурно нема да најдеш одма термин). Инаку не би требало да има ограничување. А за рецепти имале.
@Seline без проблем можеш паралелно,јас ќере ја префрлив кај општиот пред една недела и за два дена бев кај педијатар нормално ја дадов е-картичката, ништо не мо рекоа. Од нашиот педијатерот сум задоволна претежно,без проблем добивам рецепти ,ама за брисеви според неа нема потреба..дете со тт одма зима ЦРП ако има потреба врднаш дава антибиотик,е сега кога во месец и пол пие 3 пати антибиотик епа треба да дадеш да испитаме бактерија, мора нешто да има штом така качува тт а не само совет пауза од градинка два месеци и крвна слика. Е сега упат за брисеви добив од општиот , рече што и да ми треба за детето слободно да побарам.
За ова незнаев дека може да оди и кај нашата матична. Фала што сподели. Кај нашата матична е без термин што е супер за мене, да не чекам по една недела дури добијам термин кај матичната од синко.
И нашиов педијатар дава рецепти па дури и упати без проблем, ама за крвна слика и брис кога спомнеш нема шанси никакви. Со какви високи температури бевме зимово и тоа три пати и ништо од крвна слика. Е сега општиот лекар што ни е матичен е наша докторка, т.е од Балканот и ни стана пријателка, женава ја прегледа малата и без да ја чекираме картицата, чисто доброволно. Мене ми беше чудно ако сега ја носам кај неа потоа да ја носам кај педијатар да не има негодување од педијатарот нешто, оти знаат да бидат арогантни, да не не сакаат да не примат и да измислуваат правила, ама штом е законски возможно не би требало да има проблем.
Логично објаснување, посебно за одбивањето на старата педијатарка да ни даде рецепти за терапии. Инаку денес, другата, без проблем и потврда рече ќе состави(надвор од работно време ќе мора) и ќе ми даде упут за третиот специјалист. Само рече дека доколку е исти квартал со друг специјалист ќе мора да пише дека по желба на родител е. Што е сосема ок. Така да сите не се исти. Некои се одлични. Презадоволна сум од нејзиниот третман. (Или видоа ја посраа работата па им е страв од тужба). Секој со (не)среќата.
На темата за педијатрите, баш мислам не се сите исти. Ние за ист проблем во истата ординација само различен педијатар ( повеќе се, кај кој ни се падне одиме) едната ми рече ништо не е, добро напредува ајде да почекаме уште еден месец, додека другата ми рече мислам дека не е ништо, ама ако сакаш за да бидеш ти мирна да направиме испитување. Значи до педијатарот било, не до квоти.
Таман ве прочитав за ревакцина за ММР и денес ни закажаа термин. Бев за потпис за во градинка и ми спомнаа за ревакцината. Пак реакција после 7-14 дена? Таман помислив се спасивме, а сега од ново треба да го доживувам истиот стрес. И во Мк има ревакцина за ММР и кога? Пак го прашав педијатарот дали е подобро да ја прими или не и мислам дека овој пат заклучи дека нешто не е во ред со мене. Ми кажа дека овој пат двете во еден шприц. И да напоменам дека не ми закажаа присилно туку прво ме прашаа. Пред да ми се изврти муабетот како за првата вакцина.
во Македонија колку што знам ревакцина е на 6 години дури. А во Германија веднаш по неколку месеци. Зошто од првата не е сигурно дека стекнало имунитет. Со ситуацијата во Македонија јас би ја ставила без мислење. Само гледај да е здраво. Денес читав во Брандербург станало задолжително ММР за во градинка.
Ама тоа е главниот проблем, ама стварно ПРОБЛЕМ, секаде. Баш и не сум се занимавала со здравство во МК, сум чула дека има квоти на лекови, што ич не го разбирам, ама тоа зависи очиледно од Фондот за здравство. Овде очигледно поевтино им е лек да пишат отколку испитувања да прават. Ем профит за фармација за безвезе, ем помалку се оптоварува здравствениот систем. Ептен ако не бива, ваљда и испитувања ќе добиеш. Пишав баш вчера во 40-ката, ние на две операции бевме пратени, баш безвезе. Веројатно поевтино така испаѓало, отколку можните компликации или потребните испитувања да се спроведат. Не отидовме, фала богу. Тоа е, либерален капитализам. Важно парите да се калапат кај малкумина, а ние што ги плаќаме тие здравствени осигурителни компании, да молиме после за наши пари. Еве незнам во Шведска како е, ја пцујат америте многу била социјалистичка, дали е стварно така којзнае . Ако има некој нека пише. Инаку тие кранкенкасињата имаат фантастичен систем стално да се во добивка, на пример најчестите хронични болести не ги признаваат/исплаќаат (ова за возрасен). За казино и за осигурителна компанија, важи правилото:куќата секогаш добива.
Последниот пат ни рекоа ако сакаме да правиме некое испитување кое кошта 5000еу. Aко сме сакале, не морало, ама сами да сме си го плателе aко сакаме бидејќи кранкекасето немало да го покрие. Превентивно не се тестираат братчиња/сестри на деца со некое заболување, за да знаеш на време да можеш да реагираш. Одкако ќе настанат симптомите тогаш, плус ако станува збор за нешто што се лечи. Оти нели, ако е неизлечливо....
Немаме ние братчиња, сестричиња, не сум уште начисто... Страв ми е, баш од тоа здравството Ќе имам ли сила за дупли борби?
Реално, здравството е добро, одлична апаратура и врвни стручњаци (иако стручниов дел кај нас сеуште не е покажан на дело, ама се надевам дека ќе биде)... Само додека се стаса до нив и да ги мине човек сите бирократски препреки, па и шпарањето од страна на кранкекасето, тоа е лошото и тешкото.
Читав во Детско Штедење и ми текна да ве прашам, како правите во Германија? Ние имаме книшка во Commerzbank, ама не се орочени и нема некој процент. Од таму ми понудија полиса со Allianz, KinderPolice, да не ја има некој? За малку ќе ја земевме ама ми дојде страв и нејасно, зошто не ти е загарантиран никаков процент, а предвреме ако ги извадиш парите можеш и да изгубиш изгледа..
@KidA Немаме сеуште, од немукает. Делумно им се на мојата, делумно во детска. А планирам и јас, им се имаат собрано, едвај делам кое купче чие е. Rechtschutz versicherung од кое сте задоволни тие што користите? И тоа ми е следно на листата после празнициве.
Ние штедиме во Шпаркасе, секој месец по колку што сакаме орочени до 18 години. Не сум разгледувала опции бидејќи таква ни беше замислата и битно ни беше што порано да почнеме да штедиме.