Леле фала ти, искрено овој момент го изоставив да, верувам дека не е воопшто убаво за детето, додека се прилагоди на едно место па да треба на друго. Ништо имам уште некој месец време, ќе се јавам во оваа кај што сакаме да ми кажат отворено како стојат работите за да знаеме како да постапиме
Најдобро на јутјуб пиши tip toi stift и/или tip toi bücher Ова функционира со посебни книги, ги чита книгите, пее песнички, објаснува што е што во книгата, има и игри После докупуваш само најразлични книги Ама на германски ќе е уствари
90% од играчките на ќере се на германски, тетка носи, малово повторува а јас ни еден збор не разбирам.. Ќе почека за вакво, малечка е.
Мајки со синко ќе патуваме кај сопругот во Де, тој е со еу пасош и сега што документ.ни требаат да понесеме од мк за таму. Планираме да останиме да живееме таму. Па затоа нз што документи ми требаат за документи . Ви благодарам
Во моментов ми текнува само на Wohnbau, ќе побарам на нет да видам др како се викаат, пишав Wohnbau Berlin па гледам ја има и таму, ти пиши Wohnbau на гугл и твојот град. Под агенцијава гледам пишува Wohnungsunternehmen па пиши и така и твојот град на гугл.
Ако не грешам прашањево три пати ти го имам одговорено. Интернационални изводи Интернационална венчаница Картон за вакцини за дете Картон за вакцини за вас Важечки пасоши по можност со подолг рок, мислам ако ви истекува набрзо, а може да се извади нов подобро уште сега нов да извадите Здравствено осигурување некои викаат не мора, јас викам барем за еден месец од Мк да извадите за секој случај Ако заборавам нешто се викам некој ќе ме дополни ама никој не ме дополнува па најверојатно тоа е тоа
@gjoker4e и јас имам едно прашање. Исто и јас со сопругот ќе одиме за Германија сега за прв пат, тој е со бг пасош а јас со мк. Ми е кажано дека со земањето на третата негова плата тој ќе може да поднесе документи за мене за виза. Меѓутоа ако е така јас во меѓувреме ќе треба да се вратам тука дека нели ми е дозволен престој само 3 месеци со мк пасош, а со ситуацијава со коронава страв ми е после дали ќе можам да се вратам пак таму. Прашањето ми е дали мора да чекаме да поминат 3 месеци, да земе трета плата за да може да ме пријави за виза или има друг начин да ме пријави побрзо додека јас сум се уште таму? Ти благодарам однапред.
Општо правилото е со три платни листи ама ние имавме среќа успеавме со ниедна. Вака би те советувала да отидеш еден месец после него, откако ќе му легне прва плата, за два месеци од вашето одење ќе има три платни листи, а ти ќе имаш уште еден месец престој ама секако откако ќе поднесете за спојување на семејство не мора да се враќаш, седиш иако ти поминале тие три месеци и чекаш виза. Ако мора со три, а додека добие три платни листи тебе ти поминат 90 дена, тогаш да мора да се вратите. Не знам дали треба само да направите влез излез или колку треба да останете во Мк за пак да дојдете тука, можеби си знаеш ти. Сепак не губи надеж. Кога ќе дојдете веднаш одете во општина и прашајте што се ви е потребно, ако речат три замолете за помалку, измислете нешто, пробајте кај друг вработен, кажете дека некој се споил само со една платна листа, можеби ќе успеете, нека праша на работа дали може да му ја дадат третата платна листа пред да му пуштат плата па така во последен момент ќе аплицирате и ќе може да останете да чекате.
Првиот план беше таков, јас да одам по еден месец. Но човекот што му помогна за работата му препорача да одам и јас со него поради состојбава со коронава во случај да се затворат границиве па да не можам да заминам покасно. Затоа се одлучивме да одиме заедно сега. Се надевам ќе најдеме начин и ќе успее нешто од ова што ми пиша. Ти благодарам многу за одговорот.
И јас би отишла заедно. Идеално е да се затворат и да не мораш назад. Таман и коронава ќе ја спомнете во општина ете не ми текна тоа.
I neznam.dali e vo drugite gradovi taka ama kaj nas otkako pocna ova so koronava premnogu se bavni vo centarot za stranci za se nesto se ceka dolgo vreme.
Кај нас се уште се си е брзо, можеби дека помал град нели, па зависи кај одат, мислам дека не кажа во кој град. Ние кога се спојувавме без термин беше, одиш земаш број и чекаш односно влегуваш за неколку минути.
Во Минхен ќе бидеме. Ќе пробаме сега со некој од методиве што ми кажа , па ако не може никако, ако нема друго решение ќе се вратам тука. Ти благодарам уште еднаш.
Јас мислам дека имаш право да седиш и повеќе од три месеца додека да ти излезе визата. На мене ми излезе за помалку од три месеци но никој не ми кажа дека треба да си одам во Мк и од таму да чекам додека е готова. Напротив, мислам дрка треба таму да бидеш.
Откако ќе аплицира за виза смее да седи повеќе од три месеци и треба да седи и да ја чека визата бидејќи треба лично да ја подигне. Ако не успеат да аплицираат за виза пред истекот на тие 90 дена тогаш мора да се врати Мк. Вие значи сте аплицирале пред истекот на тие 90 дена и во тој случај не треба да се враќате во Мк и треба да седите во Германија се додека не ја подигнете визата. 89тиот ден ако аплицираат за виза (поддадат документи во општина) не треба да се враќаат Мк За 90тиот ден не сум сигурна
Мајки на потврдите од социјално дека не земаме овде во Мк детски додаток кои дати треба да стојат, од како сопругот е таму до нашето одење или од како е таму па се до добивањето наши докум.таму не мине јасно тоа доколку некој знае.