Во најлоша анксиозна фаза сум. У петокот почнав да го осеќам увото затнато. Се јавив у орл, ми закажаа за утре. Проблемот е што викендов, освен што добив болка во увото, ми се појавија и симптоми на настинка и имав температура. Правев два брзи и двата се негативни. Се јавив кај матичната уште вчера и барав пцр. Денес ме прими и чекам резултати. Ништо друго не ме прегледа. Барем крв да ми земеше. Може и од ушето да ми е, ама што да знам, да исклучам ова прво. Утре иначе, освен орл, имам термин и за психијатар. А имам ужасен проблем со ушето, го осеќам и како отечено. Лимфните десно се отечени. Имам болка, ама се јавив на ушно да го откажам терминот пошо чекам резултати. Вртам и на психијатар да го откажам терминот пошо резултати тек утре попладне, евентуално во четврток да ми бидат и не можам да ги добијам. Сега меил ќе им пишам. Не ми е добро психички, ич не ми е. Не знам како ќе издржам додека стигнам до психијатар.
Ако денес има резултати не сфатив зошто одложуваш, секако ќе се негативни, а на психијатар можеш и со увото да одиш. Ќе помине и ова.
Не денес, утре после пладне најрано. Сабајле ми се термините. Ќе ме убие грижа на совест ако одам како да не сум правела тест, а искочам позитивна. Иако мислам дека нема, секогаш постои тој 1% шо ќе ми направи да се осеќам лошо.
Чекај ти не си оваа Лиана што ја знам. Секогаш имш решение за најтешки ситации.Како прво кога мене ме фати короната немав проблем голем со ушето туку само ме штрекна 2-3 пати ама кратко некој минутка. Рапид тестот ти е негативен не се плаши.Плус вакцинирана си.Верувај короната полесно ја поминавме од обичен грип.Само психички бевме поисплашени.Затоа диши длабоко имаш 3 деца , биди пример за силна личност. Та и да си позтивна ќе прелжеш на нога.
Болката во увото не ти е од КОВИД. Ако си имала негативен тест и немаш други симптими освен болка во уво, не ќе да е КОВИД. Пред месец дена имав болка во уво и испадна од синусите дека ми е. Уште прскам некој спреј во нос. Кога имавме КОВИД лани уште пред вакцини и слично никој ама никој од нас немаше болка во уво. Дури ни јас кога ми се затнаа синусите (и носот) немав болка во уво. Оди на сите лекарски прегледи. На психијатар носи маска на тебе и готово.
Јас мислев профилот и го хакнале. Додека чека резултати од тестот не е убаво да оди некаде, не треба да оди. @Lianna Anna Дали можеби може терминот со психијатарот телефонски утре? Колку да не е без ич, па ќе си закажеш пак.
Позз мајки можеби не е прашањето за тука ама не најдоб ништо низ форумот Во Берлин сум не можат да ми отворат конто во Дојч Банк поради што сме биче Северна Македонија каде на друго место можам да отворам конто и со терминиве е катастрофа
Истово прашање го прочитав сега во фб групата. Имате пријава на адреса? Едит: Сега пробав онлајн да отворам конто во дојче банк и има опција Македонија, нема опција Северна Македонија ама тоа не е проблем, нека изберат Македонија па автоматски ќе се смени во Северна Македонија. Или отворете сами онлајн и изберете опција Македонија. Не е секаде сменето да стои Северна Македонија ама тоа не е никаков проблем, за истата држава станува збор.
Допишав во погорното мислење, види. Отворете онлајн конто ако не можете да се разберете во банка. Мислам дека е некое недоразбирање. Зошто поточно проблемот е што е Северна Македонија?
Кои се тие па да го признаваат? Ок, пробај онлајн или во било која друга банка, сигурно е некакво недоразбирање.
Ако првпат отвараш сметка во Германија, мислам дека тешко е за во Deutsche Bank. Јас си отворив сметка во онлајн Банка , имам со неа Mastercard (со IBan+за нарачки за интернет функционира, билети и сл.) и немам никаков месечен трошок за сметката. Регистрацијата оди онлајн, имаш идентификација со Video call кратко по пополнување на регистрацијата. Симнуваш апликација, на меил веќе добиени корисничко име и лозинка и веќе во апликацијата ја имаш сметката(Iban) за 1 недела ја добиваш картичката на домашн адреса без пин. Пинот го креираш во апликацијата сама. Hey! Eröffne ein Konto bei N26 mit meinem Gutscheincode und entdecke, wie einfach Banking sein kann. Nutze tanjap9186. https://n26.com/r/tanjap9186
N26, ING Diba,Com Direct, DKB се сите онлајн банки и работат слично. Јас се одлучив тогаш за N26 затоа што најбрзо можеше да отворам сметка. Кај N26 не е потребно минимални примиња за да имаш бесплатно месечно пдржување на сметка.(значи вклучена, картичка и електронско банкарство за плаќање без провизии на налози) Кај ING DIBA,ComDirect и DKB од 01.05.2020 потребно е месечно прилив од минимално 700€(плата,пензија,од агенција за работа и сл.) за да немате месечен надоместок на сметка, во спротивно плаќате 4.90€(вклучено картичка и налози преку електронско банкарство). Во однос на картички, кај N26 е една картичка, на која може да примате плата и сл. И кпка служи исто и какп кредитна картичка за да може да плаќате онлајн(не е класична кредитна картичка за да добиетр средства на располагање од банката, тоа е истата сметка од кпја веднаш ви се одземаат парите при плаќањето). Кај ING DIBA имате 2 картички, портокалова Maestro и бела кредитна картичка и двете поврзани сп иста сметка. Кај ComDirect исто инате 2 картички, црна кредитна Visa и сива V pay дебитна. Тука 2 сметки не се поврзани и ако сакам да плаќам со кредитната мора да префрлам прво пари од дебитната.Главна предност тука е кај црната картичка, можам да вадам средства бесплатно каде било каде и € не е платежна валута. Пр.црната картичка ја дадам на моите во МК, јас им префрлам средства од тука тие може да пазаруваат или вадат пари на банкомат( Visa картички) и тоа е без провизија, само се наплаќа разликата во менувачкото работење на денот. DKB исто 2 картички VISA+Girokarte. N26 се смета дека има најдобра мобилна апликација, сами може да блокирате сметка- картичка во случај на губење, сами млже да менувате пин,при плаќање во продавници кај вас прво дава сигнал за наплатено а потоа на тие на касата Може да вадите пари на било кој банкомат(на било која банка) +во DM, Rewe, Penny... бесплатно 3 пати во месецот. ING Diba исто на сите банкомати. ComDirect(е онлајн банка на CommerzBank) што значи на сите тие банкомати плус на DeutscheBank,Postbank i HypoVereinbsbank. Во DKB е најтешко отварање на сметка, секпгаш бараат добар бонитет а и покрај тоа често пак одбиваат за отварање.