Ради тоа недоразбирање ќе си чукаме глава од шалтери цел живот. Шо и да праиш, каков и да си државјанин, таму си се родил. Што уствари е грешка, пошто јас во Југославија сум родена, не во северна, Јужна, Бивша, барај под Ф, барај под М, барај под Р...Кој може ред да фати со толку често менување имиња. Ништо не кажав, да се пожалам само
Vi blagodaram sto mi pomognavvte sega ima uste edno prasanje do vas dali znaete nekoj so izdava opremen stan ili soba vo Berlin
Негативен е. Знаев дека ќе биде, ама чисто за секој случај. Особено за орл, повеќето таму се стари луѓе и деца. Ушето ме боли на допир. Внатрешно ја осеќам болката, на долниот дел, ама некако како на почетокот да е. На орл бев се е ок. Ми ги гледаа и жлездите на ехо, мерките се во нормала и нема зголемување. Сакам да кажам, си измишљав дека се отечени, ама стварно имав такво чувство. Еве озбилно веќе не знам што ми се дешава. Имам ужасен тинитус или како и да се вика чудото. Ми кажаа дека може да е од виличниот зглоб. Отидов на снимање на забар, нешто као ако добро разбрав, од премногу крцкање, стегање или како и да го кажаа зборот, виличниот зглоб од едната страна е малку како изместен. Не знам дали добро ги разбрав, ама треба да носам некоја протеза, ноќе ми рекоа. Јас ги крцкам забите ноќе, периодов поизразено и немам правилно држење на вилицата. Ама никако не можам логиката да ја разберам. Наводно можна била болка во ушето од ова. (?!) Имам чувство дека болката доаѓа од друго место. Не знам веќе каде да одам, сите ми викаат се е ок. Не знам дали е од анксот или е нешто друго. Овие ни крвна слика не ми прават, а не пак снимка за нешто да побарам. Не знам дали на ортопед може на снимка да се види тој дел што е поврзан странично од вратот со ушето? Знае некој? Или треба главата да ја снимам? Почнав со терапијата од психијатарот, по четвртина и треба да идам со постепено зголемување. Немам никакво подобрување. Знам дека е рано, ама веќе не можам да ги издржам овие панични напади шо ги имам. Нема термини за психотерапија. Ќе морам да чекам, ама барем таблетите да ме кренат. Се обидувам да не идам на форум, на нет воопшто. Немате појма до какви дијагнози дојдов во консултација со гугл. Секој ден сум по доктори. Преплашена сум.
Јас од умникот имав таква болка. Бев на орл, супер, заболекарот рече мора да е од него и додека се освестив шо се дешава веќе го извади. За среќа навистина од него била, нема заб нема болка. За другото ти посакувам што побрзо да се средат работите.
Невролог. Притисокот како? Вртоглавици? Е крвна слика мора, како така без крвна слика Нема плашење, што дошло ќе се решава.
Матичната моја викаше се ти е од главата. Јас прочитав овде тироидна одам и викам тироидната не ми е во ред. Прочитам за тумор стигнав до оној тунелон. Прочитам за интолерантност на лактоза одам и викам интолерантна сум. Ме прашува од каде овие дијагнози и само од муабет заклучува дека ги немам. Цело време ме заболува нешто. Сега цела ноќ се будам да проверам да не е жешко и да не има светлина, да не има пожар. Откако се случи тоа со автобусот се симнувам од автобус пред удолницата за накај нас и одам пеш, баш како провалија има десно. Во глава ми е врежано како вртам 112 и ја кажувам адресата. И се е до интернетот, телефонов. Други уреди немаме.
Прва и основна работа: Не читај дијагнози и симптоми на нет! Тоа навистина за една кревка психа, како што викаш дека во моментов си ти, може да биде катастрофа. Психолошка мислам. Докторите постојат за сите грижи и прашања. Ние сме си себе си најголем пријател и најголем непријател. Точно знам што зборуваш. Од кардиолози, гинеколози, гастро и колоноскипија се имам поминато. И секогаш си викам, а да не направи докторов некој превид Кој не поминал, не знае....ама ти како ти, си посилна од тоа! Што се однесува до чкрипењето со забите може да е поврзано со тинитус и се решава едноставно со шина која ќе ја носиш ноќно време, за спиење. А чкрипењето се јавува како резултат на психичка оптеретеност( една од причините). Биди ми добра, утре е нов среќен ден
@Lianna Anna Колку време трае болката,колку денови? Личи на субакутен тиреоидитис. Мајка ми имаше внатрешна болка во увото,зуење ,замор ,беше на орл,испадна тоа. Иако знае да оди и со покачена температура и болка при голтање од жлездата. Се лечи со аспирин. И поминува спонтано.
Тоа на забар што ти препорачале е шина.Мене ми правеа.Ама кој ја носи.Кај мене проблемот беше што од стрес и нервози ми се кочеше долната вилица и не можев уста да отворам.Доаѓа болката зад увото.Не е болка туку непријатност. Најтешки се битките со самата себе ти посакувам да си го најдеш лекот и да ти се смират нападите.Доживеав паничен напад во бременоста поради недостаток на железо и ангс од спиење.Страшна работа се.Ама јас чекајки термина на психотерапевт си го најдов решението.Праќам среќа и ти да си најдеш.
Ви се праи муабет? Во неколку фб групи за штедење сум и сега една прашува што може да се направи со водата од трокнерот… Коментарите: некој ја чувал за пеглата за алишта, некој за чистач на пареа, неколкумина ја истурале во машината за перење за кога ќе почнела да пере да повлечела помалку вода (неколку коментари дека ова не е возможно и дека машината за перење исто ќе потроши вода) и некој пишал да и напраи кафе на свекрвата со водата. Вие како со штедењето?
Те молам кажи дека ова е некоја зае*****ја Јас сметам дека секој од нас треба да се потруди максимално за подобра иднина и под тоа не мислам на класичното штедење, тука дека ние сме денес тука, утре не. Планетата Земја треба да ја оставиме на идните генерации. И затоа сметам дека сортирање на ѓубре е многу битно, купување квалитетна облека, испраќање одговор по меил а не по пошта ( Боже драги колу дрва одат по ѓаволите за човек да комуницира во Германија, за секој одговор и заради Datenschutz писмо по пошта) , што е можно помалку користење автомобил за непотребни работи и слично. Да не гњавам, ама ова за мене е премногу!
Nie imame eden prijatel tuka, vodata od olukot sto teci,ja koristi za navodnuvanje na gradinata, ja cuva vo burinja. E sega mozete da zamislete kolku voda sobira, so ogled na toa deka vrni po celi denovi. Sakav da prasam,ste menuvale bg pasos vo bg ambasada stuttgart,minhen itn? Iskustvo nekoe da spodelete.
Во Минхен. Се закажува термин онлајн. За истиот се чека мин. 6 месеци. Одите во амбасада се сликате и за околу 2 месеци излегува пасошот.
Спојлер Јас ваков сакам само друга марка и класа А+++ ако има таков сега не мож да пребарувам, и за замрзнување да има и да не фаќа мраз. Инаку мислам марка Самсунг. Мене најбитно ми е да не фаќа мраз. Оди на ОТТО или онака на гугл пиши на оди во шопинг и штиклирај кој има најдобра оцена и нема да погрешиш. Ние се од ОТТО порачуваме, гледам да има само оценка 5 и до сега не сме згрешиле. Има опција да си доплатиш за гаранција и има опција за 15тина евра да ти го земат стариот фрижидер кога ќе го донесат новиот.
Да да јасно ми е како оди пребарувањето само ете марката ме интересираше и обавезно да е no frost, нерви немам со стариов фаќа мраз на 2 месеци. Фала ти.
Јас.... знам дека ти било итно ама сега се зачленив и видов. Ако имаш прашања слободно пиши, ако знам ќе ти одговорам