Има ли некој нешто слично? Мене ништо не ми е јасно буквално како баба од 80тина години. Дали имате предлог, да сте задоволни од некој? И што потоа, на интернет работи ова, читам нешто се плаќало 2,99 отпосле ама не сфатив што… Или доволен е само интернет? Да не отвори нешто што се плаќа? Во фб групиве само објавуваат големи суми на казни дека гледале нешто, а јас уште не сфатив како ќе знам дека за нешто стига казна? Со оглед на тоа што казниве стигаат после две три години јас дури во 2022 ќе сум мирна за 2018…
Мислам Амазон прајм претплата се плаќа после, ако е тој од Амазон. Сега не знам ако имаш веќе претплата дали дополнително се плаќа за таблетот. Инаку овие детските треба да имаат ограничувања да неможе да отвори нешто што се плаќа. Информацииве од памет ги кажав не ми е ништо проверено.
И што штиклирате тест/вакцина, во делот за прикачување ,кодот тоа не ми е јасно ако може да ми објасните за дете.
Ништо и ништо не прикачуваш. Они ќе видат по датумот на раѓање дека се работи за дете помало од 12 год. Ние патувавме минатата недела со бебе од 5 месеци, нареден ден Гезундхајтсамт ни пратија мејл сами, само дека мора да биде во карантин.
Danklorix Јас ова го користам за многу намени, (го нареков магично сретство )ако ти се бели плочките без мака и многу триење ги свeтнува.
Здраво пак имам едно прашање, треба да се враќам во Германија и ми пратија од овде за таму за познаници Хелекс и Дијазепам апчиња. Ќе патувам само со ранец, дали ќе имам проблем? Праќачиве се убедени дека раат можам носам и да не се секирам. И друго потпрашање и мала забелешка, зошто темава е за МАЈКИ Македонки, а не жени Македонки во Германија, малце дискриминирачко кон оние кои не се мајки или нема да бидат. Само мала сугестија која не мора да биде уважена.
Ах така... Јас приметив дека се зборува за секакви теми актуелни за нас доселените во ДЕ а не само за деца. Ама ок. Добро е што ја имаме, само штета што не е многу активна.
Мајки колку време траеше кај вас процесот на привикнување во градинка? Ние сме тргнати од јуни и до сега максимум до 2 часа ја оставаат. Имавме на двапати пауза по две недели и сега во август одмор три недели ама некако не бива. Веќе скори четири месеци, што е многу, многу е. А од ноември треба на работа да тргнам.
Плаче детето? Која нас имаат оставено простор од две недели за дете за адаптација. После тоа примаат ново дете ако има на листа на чекање. Добро кај нас е 4,5 саати само ама пак. Во понеделникот тргна едно комшиче, вчера веќе беше 3 саати. Мене ме влечеа подолго ама не повеќе од тие две недели, ама синко сакаше да оди не плачеше. Разговараше со нив? Што викаат зошто да не остане подолго? И дали плаќаш цела сума јас би се бунела да плаќам цела сума а он се привикнува пола година.
Не е дека детето не се навикнува. Се имаше прилагодено и навикнато со персоналот со којшто беше од почеток. Кога одев пред одморот да ја земам не плачеше, се заигруваше. Проблемот е што постојано се менува персоналот. Ете вчера беше таа негувателка што ја знае, цело време била супер. Денес била новата, цели два саати плачела. Кога ја земав дури и гласот и беше зарипнат, немаше сила да зборува. А и не само таа, сите деца што беа вриштеа. Инаку таа новата и мене ми е антипатична има некој висок, писклив тон на гласот и е од тие што се прават префини ама ми се чини дека не е баш фина. Една друга мајка ми вика, тука не зборуваат добро со децата, и тие од истата причина се откажаа. Иначе да, од почеток плаќаме цел износ месечно.
Процесот на привикнување трае зависно од детето. Некои деца брзо се привикнуваат во нова средина, што воопшто не е случај со моето дете .... Неколку дена имаше eingewöhnung каде што можев да останам и јас со неа тие 2 недели по час или 2. Таман се навикна , ја префрлија во нова група и пак се одново.... Чак и сега одвреме навреме имаме такви епизоди со плачки и несакање да оди во градинка . Се на се, долг и макотрпен процес е во кој мораш да го вложиш секој атом на трпение.
Ако навистина плачела два саати во ред е што ти се јавиле. Ако навистина не се во ред вработените реагирајте кај главната, барајте промена на група, ако навистина нешто не е во ред со градинката тогаш промена на градинка, доколку мора за доброто на детето. Мојата се адаптираше за една недела отприлика.
kaj nas okolu 4 nedeli , no gradinkata ako ti e kako mojata sekogas ke najdat pricina da ja vrakaat doma.Prilahoduvabjeto kolku sto zavisi od deteto tolku i od vospitackite.Jas posle 7 meseci otkako trgna sum prinudena sprotivni smeni da rabotam se dodeka ne dobijam mesto vo druga.Vo sekoj slucaj samo trpenie nema detw koe ne se naviknalo
Во однос на градинките, само кај нас се почнува исклучиво во август?! Зарем ако сакам во март да започне, невозможно е? Не ми е јасно зошто така, ептен ограничено
kaj nas nema vakvi ogranicuvanja od koj mesec sakas od toj pisuvas ako ima slobidno mesto te kontaktiraat prethodno