Моментално сме кај роднини. Бараме во околината на Минхен. Таму работи сопругот. Дацкау или Карлсфелд најмногу би ни одговарало. Јас аплицирам но немам од никаде повратен одговор. Ти благодарам многу на понудената помош. Секоја информација би ми била добредојдена
Прво се термин за преглед на станот(Besichtigungstermin)после се аплицира со документи. Малку е тешко за вас оти немате Mietschuldenfreiheitsbescheinigung ( дека редовно ги помирувате обвреските за кирија(од фервалтунг)).Ако може родата да ви пише пр.до месец октомври лицата (ваши имиња) ги имат подмирено сите обврски.Исто битна е и вашата заработка.Упорно ќе најдете.
Да но немам ни термин закажано досега за преглед. Знам дека на терминот се носат договор за работа , последните платни листи и шуфа. Да уредно сме пријаврни и плаќаме пола ќирија заедно.
Тешко е знам.Ама штом излезе нов оглас одма се јави,не на меил.Ќе биде.Види и на eBay, во некој локални весници.Ќе биде.
Знам дека ќе биде , само што веќе го губам трпението Не е лесно , но НАДЕЖ мора да има малку потешко но тоа е . Ти благодарам
Да беше по на север можеби ќе помогнев, вака мн далеко е од мене. Но сепак пробувајте на ебау, од познаници, распрашувајте се. Нз нешто имам слушнато дека општината дава станови амма кои се условите што како нЗ точно. Со среќа.
Ние пред 5,5години овој стан за да го најдеме и добиеме ни требаше 1 година, ем пред 7 години подругчие беше се.Така да колку помалку нервоза подобро за вас.
Ти благодарам на понудата. Ја гледам секоја можна солуција. По огласи , весници , апликаци , фб групи. Мислам дека тие од општината се социјални станови , и одат со бодови , но како и што нр сум информирана доволно. Исто ме интересира за грацки станови што ѓи доделуват во Минхен , е за тоа немам немам информаци . А кој и да прашаш од незнам друго не кажува . Тоа е Македонска работа за жал.
Инсталираш АОК апликација, се регистрираш, и најдоле кај што пишува proFit ја порачуваш. Јас кај педијатарот собрав 1000 поени за у8 и вакцина, не се чудеше што е тоа одма ми стави печат и потпис.
Полека само, се ќе биде. Ние крш најдовме одма, нормален после две години. Мене најверно ми е дека може да се најде преку агенциите или преку познаник, на работа да објави оглас мт дека барате, брат му нека објави на работа. Јавете се во Caritas пиши на гугл и твојот град и пожалете се убаво, додадете колку што може повеќе, може ќе ви помогнат за стан,
Ако имате некој познат со фирма да ви направи фалш абрехнунг за три месеци, демек имате поголеми примања. Познавам луѓе на кои им има успеано оваа тактика. Ама треба и да имаш срце да дадеш комплет лажни документи За првиот стан кога аплицирав, ставив лист дека сум спремна да платам кауција за 6 месеци, само да ми ни го дадат. И успеа тактиката. Оти реално секој кој изнајмува стан, ќе го издаде на оној што ќе прикаже повисоки примања. Нема врска дали си го видел прв или последен. Моја колешка дошла на безистигунг после недела, што за Берлин е многу касно. Ама вика јас како самец прикажав повисоки примања и ми го дадоа на мене. Тука каков сакаш стан стави на оглас оди како алва. Пишувам прв пат после толку време и ве учам на криминални работи Држам среќа и на сите кои барате станови ... И дебели живци
Апсолутно никакви. Многу време надвор на чист воздух, зеленчук и овошје и немаш потреба од дополнителен внес на витамини. Секако, освен ако не ти е од доктор препорачано поинаку.
Мајки здраво . Дали може да ја кажете целата постапка од пристигнување во Гер.што понатаму, каде да се обратиме, што како. Ниие со Мк док. сопруг со ЕУ .
И мене би ми дошло добро инфото . Мм е во гер веќе вработен се тоа , пријавен е седе кај свекрва ми , со еу пасош е само он. Чекаме 3 платни листи па да бараме стан , да одам и јас со децата. Ни спомнаа блиски таму дека може и без 3 платни листи па да видиме што ќе биде. Да земе стан па да се подаде за виза треба. Натаму уште не сум запознаeта детално , свекрва ми ќе не управуват нешто од нешто , јас во последен момент активно ќе истражувам Мене ме интересира за интернет нешто , бр од алди имаме , ама малце интернет одма се троше па ај пак кредит. Од каде е најисплатливо да се земе , да има повеќе интернет , на претлата како функционира таму ?