Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Јас имам на Алди и ми стасува и сега и кога одев на раб,ама дома имаме Телеком моментално.Сигурно имате апликација и од таму си бирате кој пакет?! Мора сами да си разгледате на нет кој понудувач нуди најмногу.

    Прво кога ќе стигнете одите во општина или правете термин за пријавивање каде живеете(Burgeramt).
    После се оди или со термин во (Ausländerbehörde или по ново Behörde für Einwanderung) за да си изватиде вие со мк пасош престој или ауфенхалт .Вака одев јас пред 8години ,ама имав виза за спојување со семејството од Мк.За без биза не знам:!:. Откако ќе имаш престој можеш да си бараш работа.За прашање околу Џобцентар не знам никогаш не сум била.Одма кога ќе дојдете ако имате деца барате сигурно градинка или школо.Прашајте во општина.Ова со деца не знам:$.Кога ќе се пријавите на адерсата ќе добиете ID број што ви треба за вработување.Кога ќе се вработите работодавачот ви прави натаму документи за здраство, пензиско итн.
     
  2. MARILENA

    MARILENA Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2015
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    За инт.дома јас си ставив vodafone , задовол.сме сега за сега, неограничен. Си правиш договор и секој мессц плаќаш сметка или дир.од сметката во банка сопираат без да одиш да плаќаш.
     
  3. MARILENA

    MARILENA Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2015
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Ние чекаме термин сега заради ова короната и да се пријавиш на адреса треба термин, се чекало мн.по неколку месеци . Нз како освен со адвокат би можело да се убрза, им пишав маилови но џабе :/
     
  4. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.026
    Допаѓања:
    36.331
    Пол:
    Женски
    А како го чекате терминот? Ќе ви се јават или?
    Кај нас заради короната исто со термин е сега и терминот се прави онлајн.
    Како што пишала Ава само измеѓу пријава на адреса и спојување се пријавуваш во здравствено осигурување.
    И дома и на мобилен имам О2. Имав 1у1 на мобилен ама не бев задоволна. Тоа сепак и зависи на кое место живеете.
    Ако си задоволна од водафон можеш и за мобилен исто да си земеш.
    Најисплатливо од што имам читано по групиве било Алди, посебно онаа понуда кога ја имам за околу 60 евра за цела година, така нешто беше.
    Исто така ако не е итно убаво е да чекаш акција, на пример ако нормално е 25 евра месечно, за Божиќ може да има понуда 15 евра месечно па тогаш да си земеш.
    Ако не трошиш многу посиплатливо е при пејд па колку потрошиш толку. Ако си трошач подобро на претплата и се неограничено и мирна глава, секој месец иста сума, освен ако не ѕвониш надвор од еу нели.
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Мене не ми бараа здраствено за престој.Без здравство бев 9 месци:tmi:.

    Ако мислиш за адвокат што е тука, тие не гледаат проблем во вашиот случај бидејќи мт е со Еу пасош.Престој со дозволѓа за работа ќе добиете одма:).Јас исто пишав на еден многу фален адвокат ради грешна буква ми одговори такви работи не работиме:envy:.
    Инаку со коронава цела држава е успорена.Затоа многу трпение ви треба.Во Бургерамт најдобро да идете таму и да си прашате за термин инаку на интернет нема и телефонот не им работи.
    Во ауслендебехурде мм така зеде термин отиде таму и му дадоа за др недела.

    П С Тоа е Дојчланд си чекаш и си тапкаш во место и си се нервираш:envy:.
     
    Последна измена: 5 октомври 2021
  6. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    5.651
    Пол:
    Женски
    Не дома има интернет таман си е , за мобилен интернет ме интересира , активни луѓе сме на телефони и интернет 24/7 :D
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    5.651
    Пол:
    Женски

    Од трошачите ќе да сме , оти во овие 2м незнам колку € отидоа за кредит за интернет да се надополни :envy: Не какво ѕвонење , доволен ни е стандарт пакет со минути , а интернет солидно да има бар 8-10гб . И мк на постпејд со 10гб се тераше месец па и остануваа , зависи колку време си надвор од дома. Сите со визи се мачат и др термини ние интернет проблеми имаме (facepalm):rofl::rofl:
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.026
    Допаѓања:
    36.331
    Пол:
    Женски
    Јас имам О2 14,99 евра месечно, мислев неограничен ама сега гледам 20 гига пишува.
     
  9. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    5.651
    Пол:
    Женски
    Фино звуче , баш сега ќе разгледам што има. Во околина на Штутгарт сме :hai:
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, би сакала да слушнам искуство на жени што се породиле тука. За во Македонија знам од другарки, ама тука конкретно немам слушнато кои се разликите. Слушнав дека треба пред крај на бременоста да се пријавам во болницата што сакам, дека можам да бирам како сакам да се породам? Се форсира ли природно, се прави ли епизиотомија кај 80-90% како во Мк?
    Ако се биде како што треба колку дена поминувам во болница? Има сопругот право да биде со нас? Итн. милион прашања, би била благодарна ако некоја сподели искуство и разлики со Мк.
     
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    Не баш во Германија ама верувам слично е искуството. Не знам зошто би бирала како сакаш да се породиш, ќе се породиш како што налага ситуацијата. Докторите, за разлика од МК, немаат интерес (финансиски мотив) да те форсираат на ништо, а веројатно се и едно 16 пати поискусни. Така што, опушти се и уживај, се ќе биде во најдобар ред(fingers).
    Сопругот имаше право да биде присутен, ама сега со корона не знам како е, веројатно зависи од моменталните мерки што се на сила.
    :!:Спреми си влошки со вата за по пораѓање, не од станардните за после циклус.
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Duhce123

    Duhce123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2019
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    282
    Пол:
    Женски

    Здраво ние дојдовме пред неколку месеци.
    Сопругот беше сам 3 месеца тој е со EU пасош , јас и ќерќичката со МК пасош.
    Дојде овде , се вработи поминаа 3 платни листи па ние дојдовме.
    Моментално сме кај роднини.
    Кога дојдовме овде одма се пријавивме во општината на адреса на која ќе сме.
    За 2 недели ни стигнаа броевите .
    Потоа сопругот не пријави преку него во АОК за здравство , па закажавме термин за виза.
    Визата сеуште ја чекаме.
    Јас колку што знам без 3 платни листи овде неможеш да апливираш за виза ( офентал карта ).
    На нас од документи ни бараа:
    Пријава на адреса.
    Картичка и потврда од АОК.
    3 платни листи.
    Договор од работа дека е осигурен на неопределено.
    Избод интернационален од ќерката.
    Наша интернавионална венчаница.
    Но сепак се зависи од покраината каде се наоѓате.
    Се надевам дека помогнав.
    Секое добро
     
    На Honny и gjoker4e им се допаѓа ова.
  13. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    16.848
    Пол:
    Женски
    Можеби е различно од регион до регион, јас немаше потреба да се пријавувам во клиниката, колку толку нормална бременост имав и сакав природно да се породам, имам пријателка која требаше да се пријави бидејќи беше со ризична бременост (преклампсија, висок притисок и стрептокока) Ти секако можеш да се јавиш во болницата каде што планираш да се породиш и да си прашаш, а и матичната треба да те насочи.
    Лично јас сакав по секоја цена природно, така и бидна. Пријателката моја и таа сакаше природно ама после 23 часа обидување, провокации и што ли уште не заврши на царски, што било до неа таа многу порано го сакала и барала царскиот. Мене не ме сечеа, ама имав пукнатини на кожата.
    Ако е се како што треба си одиш за 2 дена, јас се породив четврток, сабота бев дома. Со царски се останува повеќе 5 дена мислам. Сопругот има право да присуствува, мора да прави корона тест, исто така може и да те посетува, со корона тест во одредено време 10-18 мислам дека беше, само една личност смее да те посети. Во клиниката јас каде што се пораѓав имаше се од мрежасти гаќи, специјални влошки до памперс, креми и облека за новороденчињата .
    Јас се породив во Август во Баден Вуртемберг, тебе ти посакувам лесен пораѓај :)
     
    На kikikikirika, Ava.84, Honny и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.026
    Допаѓања:
    36.331
    Пол:
    Женски
    Епизиотомија не би требало намерно да се прави во Мк нели? Ако мора тогаш мора, процент не знам.
    Можеш да бираш во која болница и да на крај одиш на разговор и се пријавуваш дека таму ќе се пораѓаш. Можеш да отидеш со испринтан или напишан лист на кој ги пишуваш твоите желби и барања, на пример: бебето да не се одвои од мене ниту една секунда, да бидам присутна за првиот и вториот систематски преглед, да ме сечат како крајна опција само доколку мора, царски како крајна опција со таа и таа анестезија, сопругот да е со мене цело време (мора тест да направи сопругот па додека е готов резултатот може и да се породи жената па отпосле да дојде тој), да не ме проверуваат на два саати колку сум отворена, и така бла бла премногу барања имаат овдешните жители, а на нас ни е битно да сме живи и здрави на крај. :D
    Природно се форсира заради здравјето и доброто на мајката и бебето, ако мора царски тогаш секако царски. Не се мачиш многу затоа што имаш епидурал, када, топка, етерични масла, хебаме, доула, прекрасни вработени од чии усти излегуваат само убави зборови, прекрасен однос.
    Отприлика 2-3 дена природно, 3-4 дена царски би требало исто како во Мк.
    Таму има облека за бебето, ти носиш облека за тебе за излегување од болница и за бебето, во торбата носиш пешкир, бањарка, прибор за хигиена, мастики, кока кола, капри соне и нешто благо, полнач за телефон, твои спаваќи ако сакаш, влечки удобни за низ дома, топли чорапи, тетра пелени ако сакаш.
    Ланолин, силиконски брадавици, пампучиња за градите да не тече млеко по тебе, вода газирана и обична имаше во болницата.
    Три дена најкасно после пораѓај се доставува изводи на венчани интернационален од двајцата родители и копија пасош од таткото за да се пријави детето и да му извадиш извод ќе кажеш и обичен и интернационален.
    Се е со насоки, ќе ти кажат и таму ди детали што како по ред. Што да носам во торбата прочитав на страната на болницата.
     
    На kikikikirika, Biljarkata, Dancewere и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на информации, мислев на избор за епидурална, пораѓај во вода, па и царски да е, се она што гледаме по интернетов до која мера е застапено тука во ДЕ.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам, имам јас до Јануари време ама не се на одмет информации :inlove:
     
  17. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Се можеш да бираш па и царски ,ама мора приватно да си го платиш ако немаш индикација.Имаше членка што сакаше само царски и кажа дека се пробала ама не и одобриле.Не знам на крај како испадна дали се породи царски.
    Инаку секогаш форсираат природно.
    Инаку не мора ама подобро е да се пријавиш.Ако не си пријавена и ако е гужва во болницата кај што сакаш да се пораѓаш можеш да не бидеш примена.Ако се пријавиш ќе разговараш со анестезиолог за видови анестезии,последици и сл.Ќе ти земат анамнеза за болести и слично.Мислам подобро е отколку со болки истото да го правиш.Јас двапати си бев пријавена.Како што пиша Биљарката многу се искусни бабиците,слушај ги и верувај им.Со лесно.
     
    На Duhce123, gjoker4e и Honny им се допаѓа ова.
  18. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    За епизиотомија во Мк, на другаркиве само на тие со царски не им направија;) мислам дека одат на сигурно, да не се заглави и угуши бебе, да не распука цела, да не се мачи уште сецни и ќе излезе побрзо,|( Јас кога одев на пракса во гинекологија (до душа пред 15 години) гледав пораѓај со сечнување и ни беше објаснето дека епизиотомија се препорачува кај секоја, наводно за нејзино добро и доброто на бебето. Имам и другарка што работи сега, вели методата е иста се оди на посигурно и побрзо. Па затоа прашав дали и тука е исто. Како и да е и јас велам, само живи и здрави да сме, ќе се издржи се. Фала ти многу:inlove:
     
    На mal.ecka, Dancewere, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    И јас сум за природен, со епидурална по можност, едноставно зошто да трпам болки ако не морам.
     
    На gjoker4e, Dancewere и Ava.84 им се допаѓа ова.
  20. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Секако, јас велам зошто не е епидуралот задолжителен.Со првото се породив со епидурал и баш е царски:).А со второто без ама и тоа ми е убаво искуство:inlove:.
    Инаку епизотомија не ми правеа со ниедно, таа метода овде е многу ретка.Затоа без страв мисли позитивно:angel:.
     
    На mssuniquee, Biljarkata, gjoker4e и 3 други им се допаѓа ова.