Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    5.651
    Пол:
    Женски
    А а1 бараат ли курс да има некој од партнерите , како да прочитав нешто така по групите за во некои покраини
     
  2. Duhce123

    Duhce123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2019
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    282
    Пол:
    Женски
    Не не бараат .
    А1 бараат ако на пр.сопругот е со МК пасош и има добиено работна виза .
    Тогаш на вас ќе ви бараат задолжително да имате положено А1 .
     
    На Honny му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    5.651
    Пол:
    Женски
    Aa така било , нешто прочитав ама не разгледав детално. Кај нас ќе нема потреба од одма значи , мм е со еу пасош ја и децата со мк сме , па сакаме јас коа ќе стигнам во герм и заедно да почниме да учиме, да не одам јас тука , и така сум во хаос :drunk:
     
  4. Duhce123

    Duhce123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2019
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    282
    Пол:
    Женски
    Не немора одма. Јас сум тука преку мм он со ЕУ јас со МК .
    Погоре наведов што документи ни бараа на нас .
     
    На Poppins му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Ајде едно прашање мајки. Малиот ми е 2 ипол години, здравје до летоска ќе има полни 3, сакаме (се надеваме, со Господ напред) да се селиме во Австрија, Германија или Швајцарија.
    Мм прави бг пасош. Е сега јас учам германски колку некоја основа да знам, што од јутуб канали, што од апликации. Нејсе не сум ја тема. Што мислите како би ми се снашло детето во така нова средина? Дали лесно/тешко научиле јазик децава што се ете така поголеми отидени таму? Зошто реално не е мал, 3 години, а не е ни голем, таман ќе има време и за адаптација. Ама детето ми е некако повлечено во градинка, ги гледам на видеа сите играат, скокаат, само он и едно друго дете така си седат на страна (на одредени активности како играње на музика, зс пример го земам). Мнпгу се грижам како ќе се навикне зошто е таков мирен, питом со деца и непознати. Мм ми вика јазик за 1 месец ќе научи подобро од тебе :D ве молам за мислења
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    Маж ти е во право.
    Внук ми замина во странство на 5 години или така нешто, 1 година градинка одеше, после прваче. Повлечено дете, ама проблем со јазик и адаптација немаше. И не мора сите деца да бидат бесни за да се адаптираат во западна ЕУ земја:D
     
    На Ava.84 и Mnik им се допаѓа ова.
  7. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Хаха не мислев бесни, ама кога ќе го видиш вака како си седи на страна и ги гледа жал да ти падне. Муабетот ми е дека повлечен, да не се осеќа отфрлен дека нема да знае шо зборат во градинка и да створи одбивност кон адаптација. Ама сепак мислам дека претерувам и го тупам.:rofl:
     
  8. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.221
    Допаѓања:
    46.268
    Пол:
    Женски
    Секако дека секој почеток е тежок, ама децата подобро и побрзо се адаптираат и социјализираат од нас, тоа е факт. И да, во право е маж ти , детето ќе го научи јазикот побрзо од вас.
    Мој совет, воопшто не грижи се, се ќе биде во ред...
     
    На mira.mira и Mnik им се допаѓа ова.
  9. sweet-17

    sweet-17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    187
    Пол:
    Женски
    Ги има некоја од вас овие трокнери да ми каже дали и колку се добри :):)
     

    Прикачени фајлови:

  10. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.145
    За бабиците и јас немам збор... Супер се и со искуство и со однос кон родилките. Јас бев цела ноќ на бокс со контракции чекајќи да бидне и таа што беше на смена како мајка ме галеше и беше мн мила.
    Е сега за тоа околу царскиот рез, јас бев породена со царски и не знам што да мислам околу тоа. Кај мене беше со индикација но мн ми е чудно што тој ден јас бев 4та породена царски, ниту една природно. Значи до пладне точно 4 царски реза ни еден природен.
    После беа кај нас комшии германци и они кажаа дека се фурал царски многу често зашто земале после докторите од кранкекасе..
    @gjoker4e јас дури сега видов за новитетот кај тебе :). Живо и здраво а биде, големо да расте :hug:Инаку ја симнав таа апликацијата на АОК и ми бара некој код кој што сум го добила со писмото. А писмото појма немам каде е. Не знам дали ќе успеам да средам тоа.
    Сега барам предлог за комплет babyzimmer. Ти и другите мајки во групава има ли некој искуство да сподели, средна цена некоја?
    @Ava.84 @FreeMind? И други ако има со помали деца.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    8.017
    Абе жени, се сакам да пишам и никако да стигнам.
    Овие германците се стварно откачени.
    Мачката моја шета надвор преку ден.И една од спроти улица ја фатила си ја земала дома.Она да ти биде од оние што згрижуваат напуштени животни.

    Гледам го нема мачето цел ден,Помина и вечерта и не се враќа.Викам ајде да земам да спремам флаери да лепам по улицата.Ама за среќа ми текна оти некој го има фатено,па викам чекај на ибај да проверам.Ми излегува прво на оглас.И се јавив фино лепо и и кажав дека е мое мачето и да си го земам.Си го зедов и она ме кара,па не е чипувано мачето,дали е кастирано и кога фати да масира.И викам се консултирав со ветеринарот мало е да го кастрирам, а се договоривме кога ќе го кастрира и да го чипира за помалку да му е стрес.
    Добро беше некое време,си разменивме броеви и после некој ден пак ми пишува во недела,а јас баш на работа:worried:
    Зашто ти шета мачето надвор,пак нема чип јас го проверив,има казни за тоа,ќе го згазат коли, оти мине преку патот.И викам не ми е прв пат да чувам маче,не е глупаво да го згазат пушти го ќе си дојде дома.
    Луѓе ми ја запамтила адресата и со сет памет ми го носи пред врата(facepalm)

    Јас лута,а мм уште полут.Па пушти не како мислам така ќе го чувам.И објаснивме две три работи и после ми вика,ама може и без маче да си останете.

    Не бре,поубаво да го затворам во станот,да биде во затвор цел живот.И до сега не се јавила:D.

    А,мачето не дека го фалам,ама стварно е итро и тоа многу.Кога потпорасна,почнавме да го пуштаме надвор и знае само да се качи 2 метри на балконот и да се симне долу.И од ќеф не сакаше да се враќа вечерта.Ама си имаме лисици што шетаат навечер.И си преспа на дрво на пет метри висина цела вечер,оти долу го чекала лисица.Мм ја видел сабајле кога одел на работа па ја подгонил.И од тогаш да видеш строго шета кога сме на работа.Почне ли да заоѓа сонцето како темпирана е одма се качи на балконот и си седи додека не ја пуштиме внатре.
    Или застане и им се костреши и сили на лисиците од балконот 8)

    Друг пат ќе пишам колку се непријателски настроени на моменти за децата.Оти во Имачка куче и маче има повеќе права од дете:(

    Ај лека ноќ,да си легнам утре сум пак на работа.
    Побарав од шефицата дупла дневница,оти ме викна од денеска за утре да работам,а го имав слободен.
    Да си знаете имате право на дупла дневница во вакви случаи не ги штедете фирмите.
    Инаку ланецот клиники каде што моментално работам штрајкуваат,немаат персонал.Не има цело време по вести сигурно сте слушнале.
    Ќе зборам со докторите и они да носат пациенти на преглед,ако сакаат да тече работа.Оти имаме повеќе доктори него ли сестри на смена8-|Нит транспорт не функционира,ни реинигунг.Сите штрајкуваат, освен докторите.
    И така до сега работиме со преполовен капацитет на кревети ,од нормално.
     
    На Neda997 и Ava.84 им се допаѓа ова.
  12. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.026
    Допаѓања:
    36.331
    Пол:
    Женски
    21046174-8A1C-443A-B79F-DF5A61BB0404.png
    Ако ти е од помош овој го имам и сум презадоволна.
    Фала ти. :l: Од бејбицима имам само креветче од бејби валц.
    Оди на фб Kinderzimmer groß und klein група е ќе најдеш многу убави идеи.
    Не се разбирам во мачки ама да не има некое правило. Ако има мораме да го почитуваме.
     
    На mira.mira, mal.ecka и sweet-17 им се допаѓа ова.
  13. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.966
    Добро утро Германки :hai:

    Извинете што ви улетувам во темата, ми треба мала помош од вас ;)

    Би сакала да и пуштам поклон некој на една другарка во Германија, нешто што би им се допаднало и на децата.
    Знам дека има сѐ, гардероба, чоколади, бомбони... Сакам нешто што го има во Италија а го нема кај вас.

    Што би сакале вие Италијанско?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.026
    Допаѓања:
    36.331
    Пол:
    Женски
    gianlucavacchi :D
     
    На mira.mira, danichap, WonderGuurl и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.966
    Да не пукнеш, ме насмеа :D:D
    Стар е, има помлади и поубави од него ;)
     
    На mal.ecka, Mnik и gjoker4e им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    :rofl: (highfive)

    Панетоне @Monella :wasntme:
     
    На gjoker4e и Monella им се допаѓа ова.
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.026
    Допаѓања:
    36.331
    Пол:
    Женски
    Јас вчера слушнав прв пат за човекот и сабајле му викам на мм да му го покажам и вика го знаел и во исто време ти прашуваш италијанско што сме сакале. :rofl:
    Мала шала не е мој тип овој ама ич.
    Не знам што има во Италија, што нема тука… да ни наброиш или да видам гугл дали ќе каже што имате таму. :D
     
    На mal.ecka и Monella им се допаѓа ова.
  18. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.687
    Пол:
    Женски
    Јас од Италија изнакупував разни слатки од киндер, ама тие некој како кроасани, лиснати некој беа различни видови, што тука не сум видела. Искрено не беа и нешто посебно ама да одам знам дека пак ќе купам :D зошто нема тука.
    Друго за околу Велигден тие големите јајца ги нема тука ама претпоставувам не ти се чека до Велигден.
    Не верувам дека многу ти помогнав, ама друго стварно не ми текнува што има таму, а нема тука.
     
    На mal.ecka, Ava.84, Monella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    15.493
    Кај нас требаше пријавување во клиника некаде околу 22-25 недела. Тоа ти е како еден вид на разговор за време на кој се пополнуваат сите потребни информации за да не мора кога ќе идеш за пораѓај да те замараат. Ти отвараат како еден вид на досие.

    Мене ме прашаа како сакам/преферирам да се породам. Јас реков природно. Секако дека ако се јавеше потреба за царски немаше да се држат само до тоа што сум го кажала тогаш.

    За епидурална си прашав јас и ми рекоа дека ако сакам, можам да добијам. Ми дадоа документи да си потполнам и потпишам дома. Истите ги однесов кога отидов да се пораѓам.

    Епизотомија не ми направија иако бев со провокации и бебе од 4кг. Си распукав квалитетно па после ме шиеја саат време.

    Се на се', искуството со пораѓај во Германија ми е прекрасно. Бабицата беше толку смирена, цело време ми угодуваше и во ниту еден момент не ми направи било каков притисок иако на бокс бев од околу 12 до 04:40 часот сабајле. Докторката исто така. Со толкава почит да ме третира некој во Мк немав доживеано за сите 28 години што живеев таму.
     
    На Ava.84, Honny, Marge и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    Јас денес почнувам 24та недела и значи кај и да е треба да се пријавам. Фала ти на споделеното искуство, се надевам и ние ќе си поминеме убаво.
     
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.