а како се вика орочени? специјално ли е за деца? ние сме во Postbank и ме убедуваа дека веќе нема такви работи, не чинат, па правиме Bausparvertrag, Riesterrente и не знам што, на крај пак и од тоа ништо не прифатив. Си мислам најдобро да си најдеме финансов консултант - не знам колку е скапо.. А осигурување за право немаме, другите ни се од Huk Coburg.
@KidA не знам. Прашав дали може да ставаме секој месец колку што сакаме и да смее да ги извади кога ќе наполни 18 години. Штедна книшка за деца. И Reiserente направивме бидејќи има можност во било кој момент да се прекине и да се земат парите. За Bausparvertrag покасно видов па понатака може ќе го смениме наместо ова Rieserente.
И јас ќе одам деновиве до банка да и отворам сметка па се мислев во која има најдобри услови али тука негде се сите. @KidA имаш детали за ова на алианс? И онака ми се во зграда да се симнам да ги прашам. Нема како порано класично орочени пари, сега се некои пакети за бау, за школо, се со намена. Ама детали не знам, не сум зборела.
ние книшка во Commerzbank извадивме дека беше специјална за деца, имав од Hipp купон за 20е. А за Allianz можам линк да ти пратам, се нервирав и тие од Сommerzbank не ми ни кажуваа како се вика полисата, кои услови, само после во договорот читав. Едното беше ова https://www.allianz.de/vorsorge/sparen-fuer-kind/ ама треба после 18 сами да си штедат, до пензија инаку предвреме да ги извадиш парите не знам колку се губи. А другото за до 18 е само, мислам беше подобро, тука во 6 од 11 види. https://www.allianz.de/vorsorge/sparen-fuer-kind/#leistungen-kinderpolice Ако ти се тука прашај и кажи ни, мене не ми беа баш јасни условите и ризиците.
Ова ти е пакет со осигурување на живот. Не ги сакам овие, ние сме осигурани така да и да ни се деси нешто единствено дете е автоматски ќе и следи се. Ова е дување во празно. Мене ми треба на 18 да и ги дадам парите од киндер гелд и нешто за поклон што добила. Од 18 натаму што сака нека прави со парите. А не да и ги заробам до пензија. Ќе разговарам со шпаркасе ќе ти пишам што пакети се.
Ние штедиме во Шпаркасе,исто со Riesterrente договор. Се надевам дека добро се вложени парите. За адвокат имам осигурување колку е добро не знам.Треба да проверам како се вика фирмата. Инаку го откажав -ќе важи уште година дена,оти колешката ми кажа дека она имала,а кога дошла до суд не и помогнало многу.Требала и она дел да плаќа,кој бил доста скап.
Денес во С&А купив 4 работи а ми наплатиле 5. Тоа го видов кога си дојдов дома. Има ли некој слично искуство? Да одам ли утре да им кажам или нема фајде? Како би докажала дека купив 4 а ми наплатиле 5?
Фискална? Ако чуваш фискална океј е ако не не верувам дека ќе вратат на зборови без докази Е сеа ако поминал возот можеш да ја викнеш главната да врати податоците на компјутер за да увидат колку си дала и све тоа. Знам скоро со золвата беше така ама среќа она таму видела па и враќаа системот и и ги дадоа парите.
jaс мислам да одиш, се кладам ќе ти ги вратат парите, во Германија поважно им е да те зачуваат како муштерија, отколку да изгубат Х евра. А не е Балкан да користи секој втор да лаже или нешто )
На фискалнава има плус една блуза. Можеби едната ја куцнале два пати. Јас купив 2 блузи а пишува 3 дека се. Ќе појдам утре. Не се кизнај колку пари 6€ се ама зошто да ми ги земат.
да, оди. мене еднаш онлајн ми испратија место боди панталони. Се побунив, парите ми ги вратија, а панталоните ми рекоа не треба да ни ги враќаш . Исто се чудам како во ДМ може да враќаш, купив еден спреј за нос, го отворив скрос го искинав картонското, и не прскаше - без проблем и прашање ми ги вратија парите.
Здраво девојки супер е темата Инаку да го споделам и моето искуство со Kindergeld и Еlterngeld. И јас сум во Баден Вуртемберг, лани во февруари се породив и веднаш поднесов за Kindergeld и Elterngeld.Kindergeld стигна на сметка веќе наредната недела,а Elterngeld дури после 6 месеци.
Добро за биометриски слики како ги сликате бебињата? Искинав нерви, а во вторник во амбасада треба да одам по патен налог фотограф не работи поради празников. Бев во дм невозможно е да ја сликаат биометриски. Во оние апаратите исто невозможно. Некој идеја?
Ние во англија го сликавме тогаш беше 2 ипол месеци сликарот го легна на душече и го слика. Исто тука го сликавме во ноември значи бил скоро 2 год и сликарката рече не се грижете јас ќе средам го стави на столче и со играчка го залажа и го слика.
Немам време за сликар, велигден е не работат. Дома ако го сликам и преку нет два дена е достава пак не фаќам вторник наутро. Ми останува дм и апаратине али не може никако да се намести. Апаратот ни прифати една слика на која се гледа и мојата рака и ја местам главата али во амбасада нема да ја прифатат.
Од таа причина намерно идевме на сликар. Колкаво е детето ? Ако е бебе легни го и пробувај белким една од 50 ќе успееш. Друга опција немаш
Крајно вторник рано наутро да ја сликаш кај фотограф. Или во апаратите да ја ставиш во кенгур и да го држиш кенгурот па да испадне чисто горниот дел. Сигурно нема отворен фотограф денес? Денес не е неработен ден.