Дечки прв пат сме поканети на роденден кај девојчиња од градинка. Сега незнам како е пракса го носам и го оставам па по два три саати одам да го земам? И поклон играчки мислам ( две сестричка двете слават заедно) е сега прашањето ми е колку од прилика да потрошам по поклон? 15-20 евра е ок? Пак му тече носето овие два дена се надевам ќе се среди до тогаш зошто баш се радува.
Колку години има? Дали може само да седи на роденден и кај ќе го слават? Дали ќе го слават кај што треба да се пазат децата или на посигурно како дома на пример со заклучена тераса и затворени прозори? Ако е мајката некоја што би ги пазела и тоа може само тогаш. Само да не е некоја мајка што на среќа ги чува децата па сепак и дома да е ризично е, електричен шпорет, комоди што паѓаат, зависи и колку е палаво детето нели. Поклон ти колку сакаш и што сакаш. Можеш убави игри да најдеш на акција и по 5 евра, во смисла сложувалки некои такви игри. Не би требало ни секунда да се замислат колку вреди поклонот ако не се наши нели, нашите знам пишуваат по форумов “му донесе една блуза од 200 денари од пазар”. И за поекономично дефинитивно Müller дека бесплатно ги виткаат поклоните и има и апликција со поени попусти по не многу ново и хартиено едно на кое лепат едни и со цело излепено се добиваше нешто попуст ли не ми текнува. Мене омилен подарок ми е игра што може да се игра како kleine Schnecke, hexe, мемори, сложувалки и слично. Се изнаприкажав. Инаку јас прво што прашувам е на кој спрат живеат. Срам не срам ако не е приземје морам и јас. Не дека само тоа е опасно кога некој друг ти ги чува ама ова ми е како број еден опасно.
Во Лидл ако купиш над 20 евра се добиваат гратис кондоми (12 во кутија). Изгледа многу им се виде наталитетот за време на корона кризава. *со Лидл плус апликацијата *баш проверив и во 2020 имало 5000 помалку бебиња од 2019, а ми изгледаше ко сите да се трудни
Сите беа трудни скоро јас што ги познавав во кои што и јас соадав но за жал скоро сите што бевме од околината тука имавме загуба.... другарка во 7м јас во 3 друга близначе изгуби и сеуште е бремена фала богу кај и да е ке се породи... некако многу лоша година... бар за некои беше.
Многу ми е жал, не постојат зборови кои може да се кажат, сите живееме со некои црнила, болка што не се лечи никогаш, мора да живееме со неа. Оваа година беше, односно овие години…, посебно тешки, а и онака животот и не е баш лесен и без вирусов па ова беше капак на се…
Леле баш ми е жал, и јас познавам во мојата околина слични примери и ептен бев уплашена посебно прво тромесечје. Сега малку се подопуштив од ноември влегувам во 7месец ама ова што го прочитав за другарка ти, ко шлаканица ми дојде, значи може ете и во подоцнежните месеци да се закрши ...Нема опуштање, за лошото ете колку треба. Жал ми е за загубата ти посакувам многу среќа понатаму.
Немој не се плаши лошо за себе правиш опушти се !!!!! Не секој има иста судбина ..... јас првата бременост цела под стрес бев па родив нормално здраво и право бебе а сега толку бев самоуврена дека се ќе е океј се нај нај мислев е но ете не е така... ова со другарка ми и се алучи во 7 м тпгаш беше февруари еве сега пак е бремена некаде накај 7 м пак тера и се и е во ред оваа бременост . Значи така требало да биде. Не мисли лошо гали мешко и уживај.
Здраво мајки. Се спремам за пораѓање но незнам што треба да се спакова за во болница да земам со жене,ако има некоја породено да 7ми помогне. Исто така дали се закажува во болница пред време или се оди дирекно кога ке добиеш болки.Веќе влегов во 8 месец а докторот ми нема ништо спомнато за тоа. А да и дали се носат со себе нешто документи и дали на крај треба да се плаќа.
На претходните страни го правевме муабетот. Не се плаќа ништо. Види на страната од болницата онлајн дали има список. Пожелно е да се пријавиш дека ако е преполно, а не си пријавена, може да те пратат во друга болница.
https://www.shop-apotheke.com/baby/...JhooV2Fv9dei7YtR7I5C6ssgpojBx_DBoCG60QAvD_BwE има и на амазон ама поскапи се
Добар ден, Имам неколку прашања во врска со издавање на патен лист за новороденче. Дали новороденчето треба да биде присутно, и дали е доволно ако само едниот родител е присутен? Колку време трае постапката? Дали ни е потребен термин? Што се е потребно за да се извади патен лист? Дали ако почнеме сега постапка за нов пасош ќе излезе до јануари, нели ги убрзаа процедурите ама мене сомнително ми е
Најдобро е да прашаш во амбасадата за најточно, најчесто на мејл одговараат. Нас ни рекоа: бебето не мора да е присутно, за дали двајцата родители не знам можеби може само едниот со полномоштво од другиот, одма се добива патниот лист и важи 30 дена, без термин, никој не знае дали ќе излезе до јануари, подобро е да не се надеваш и да не веруваме дека ќе биде побрзо сега додека не докажат. Ако е со термин во амбасадата кога ќе закажеш термин обавезно чувај мејлови скриншат направи дека сВе е забегано. И од сабајле некое апче за смирување. Потребни се пасоши од двајцата родители и извод од бебето.
bebeto nemora, dvajcata roditeli mora da se prisutni.Moze da bide pasosot vo Januari gotov ama ako ti e prijaveno dolu i da imas izvod na rodeni i drzavjanstvo.Plakanjeto vo ambasada e so kartica, Nie pred godina vremw vo Bon morase termin da imame.Drugoto ti kazaa pogore
Ако сликам или снимам нешто и пријавам во полиција ќе ме казнат и мене што сум сликала/ снимала? Значи многу ми е тешко една мајка пита цело време со две мали деца околу 2 и 4 години, значи мајката е скоцкана секогаш убаво облечена децата исто ама вика дека за децата за јадење бара пари Од лани се случува ова повеќе пати и сега гледам девојчево поголемо е и не сака да пита со неа и оваа му се дереше и шамар и удри душата ме заболе Женава е наша од балканот може и од мк дека на семафор еднаш им рече “црвено е” ама не знам на кои други јазици црвено е црвено Душата ме заболе шамар кога и удри А покрај неа еден маж нон стоп краде од незаклучени коли и сега само што видов дека тој е таткото на децата Цела се тресам од нервоза Греота децата Каде се пријавува? Полиција или каде? Без јас да настрадам Јас живеам до паркингот кај што се дешава ова Ако се јавам во полиција треба и лично да зборам после со нив? Дека тука живеам и ќе дознаат одма декљ е некој од тукљ па со дете и мало бебе да не не можљм наевор да излезам после Еј мн ми е тршко малото не разбира ама децојчечво душа ме боли со сила ја тераср да оди со нив да пита мајката Кај да пријавам??? Ја се ова од прозор го гледам
Хелпп, дали има некоја отворено сметка од volksbank и има извадено пари кај нас? Си дојдов пред некој ден и имав извадено мала сума во кеш пред да дојдам бидејќи мислев дека ќе можам да вадам од овде. Во Стопанска Скопска ми рекоа дека е на мој ризик доколку банкоматот ја голтне картичката Незнам што да правам, без пари сум вака
Со дебитна не можело Со маестро и мастер можело Така пишува во фб групата Во Бугарија можело со дебитната да извадиш пари А некои викаат можело во тутунска со дебитна, некои во халк банк, ама повеќето пишале дека никаде не може со дебитна да не се лажат за џабе