Мене мојот и ме сликал , целата опуштена, искезена како на одмор да сум пошла, а буквално плачев и се дерев пред да ми го дадат гасот.
Обавезно на испитување да одиш, се надевам не е сериозно и дека од премора те боли грбот.Гушки и да поминува се лесно и брзу.
Дали институциите како Caritas, Pro familie и сл. даваат помош за втори новороденчиња како и за први? За првото немавме среќа, нас не не следувало ни кажаа па сега за второ да си пробам среќата.
Даваат ама ако си со виза после е проблем. Поарно седи си раат за нркои си 1000евра ако се и толку де
Здраво да се надоврзам на темата околу помош за новороденче. Мене термин ми е крај на Јануари, исто со визи сме двајцата со сопругот. До сега не сме зеле никаква помош за ништо, цело време (3год) сме во работен однос. Е сега слушнав за ова помош за новороденче и ми викаа да си барам секако, демек тоа е еднократно и нема штета на визите. Не знам што да се прави, а и не знам кога и каде се поднесува барање. Ако може некоја поупатена да не посоветува. Фала
Познаничка моја зема, мислам во Каритас може да аплицираш (не сум 100% сигурна), рече 1700 евра им дале. Они се исто со визи дојдени, ама она дојде бремена од Мк и работеше само 2 месеци пред пораѓај, што значи, ако воопшто земала породилно, било прениско и мислам на таа основа и дека и одобриле. После тоа имаа некои компликации со виза, мислам дека не беше поврзано со тоа, ама на крај сепак земаа. Јас не ни помислив да аплицирам, страв ми беше најискрено, наредна година се надеваме на нидерлассунг и искрено, со ништо не би го ризикувала, ама распрашај се, можеби навистина следува и не е поврзано со визите.
Edni prijateli zemaa pomos ama neznam od kade ili od Karitas ili od opstinata, 1000e bea,ama posle im otidoa vo kontrola da vidat sto se kupile so tie pari. Toa vo mojot kraj, neznam dali sekade e taka.
Добро ако е контрола не е страшно, секако за потребите на бебето, колички и креветчиња итн. ќе се купува, добро дошла помош само ова со визите ме исплаши малку
Мајки здраво. Дали некоја од вас собира поени од Rewe маркетите со картичкатa Payback. Ме интересира дали поените имаат ограничување до крајот на годината да се искористат или не? И како се претвораат во пари после или треба да земеш некој производ?
Не знам дали имаат "рок на траење" ама јас си плаќам со поените во ДМ. А можеш исто така да си земеш нешто од нивната страна, има и гифт картички од C&A на пример, H&М итн.
Може да ми објасниш како да плаќам со поените или има ограничено колку треба поени да имаш за да плаќаш?
Симни си пејбек и дм апликација на телефон и се ќе ти се разјасни таму. Има купони што треба да ги активираш и така собираш повеќе поени. На пример ако купиш некој производ на Балеа добиваш 100 гратис поени и го активираш купонот купуваш производ и добиваш гратис поени. 100 поени се едно евро Во Реве е комплицирано за плаќање на каса со поени, треба прво да ги активираш на еден апарат па затоа секогаш плаќам во дм. Во дм на каса кажуваш сакам да платам со поени и внесуваш датум на раѓање и поштенски број ти покажува на екранот колку поени имаш и ти покажува секако и на апликацијата на телефон На апликацијата пејбек гледаш каде се може да ја куцнеш картичката Мислам дека и со 74 поени, 0,74 центи на пример можеш да платиш ама не сум сигурна. Со 2-3 евра имам плаќано сигурна сум. За да не ти ја хакне некој и да исчезнат поените најпаметно е да ги користиш почесто кога ќе собереш отприлика солидна сума, да не ги собираш со месеци или цела година. Не значи дека ќе ти исчезнат ама многу често се случува. За Едека имаш дојчланд кард. Јас имам буквално картичка од се што псотои, дрогерија, аптека, се. Во Лидл лидл плус апликацијата итн
И мене еве нешто со payback не ми е јасно имам 2400 поени сакав гифт картичка од c&a да си земам во вредност од 20 евра или 1999 поени арно ама ми дава опција само 1300 поени да искористам а остатокот да го платам, претражував на интернет пишува демек требало прво 6 недели поените да стојат па после да се користат... вистина е ова вака?! ако е вистина ептен без врска
Гратис поени треба да отстојат ама не се сеќавам колку време. На пример ако пишувало дека ако купуш нешто од Отто во вредност над 30 евра ќе добиеш 15 регуларни поени и гратис 1000 поени. Тие 1000 поени може да се користат по некое време. Мислам дека на пејбек апп кога ќе кликнеш на поените покажува колку може да искористиш, преостанатите се во заграда.
Јас па во Талиа ги имам искористувано Пејбек.Исто е едноставно како ДМ.Книги си купувам. Дојчланд кард си порачав сет за јадење на големата.Порцелански чиниички (една плитка една длабока и плус чаша) со мотив на Пепа и Paw Patrol.Многу квалитетни и убави се погодија.