Ајде мајки малку помош. Нешто на природна база за намалување на анксиозност ,за зголемување на серотонин што може да се најде во аптеките низ Германија . Сакам да и помогнам на една мајка што туку таму преселена . @gjoker4e ,@Ava.84 @danichap ? Или било кој друг ако знае!
Не знам ама гугл вика Hanf, Baldrian, Johanniskraut. Ова Балдриан го имам прочитано во Дм па нека и види и таму можеби има нешто на кое што пишува дека помага за анксиозност, во Дм кај што стојат стерилни гази, магнезиум… и во аптека ако каже што бара ќе и дадат нешто. А да препорачам некое не знам. Мајкава беше и претходно анксиозна или сега заради преселбата? Прошетки на свеж воздух обавезно, сега времето е преубаво, сончево, премногу позитивна енергија има надвор
Па си беше и претходно по малку анксиозна , сега преселбата,па прележаа корона и навистина мислам дека треба нешто да земе. А да те прашам има таму приватни лабаратории за крвна анализа?
Немам такви проблеми и се што можам да ти кажам е што вика гугл. Јас за несоница имам пиено Балдриан (Џокерче што пиша) ама двапати ми предизвика паничен напад многу лошо.Наведено е како несакан ефект. Приватни се сите лабаратории ама нема такви да си платеш за да провериш крвна слика.Нека оди кај матичниот ќе и проверат бесплатно.Нека отиде и за анксиозноста кај матичниот, може да и препише нешто посилно како дијазапам или да ја прати на психијатар. За смирување јас си пијам б-комплекс и ми помага.Многу за смирување препорачуваат чај од камилица.Сега ангсот не е шала и е зезната состојба па повеќе би рекла психијатар да посети.Само да има на ум дека се чека за термин и по 6месеци.Попрво сам ќе си помогнеш. Жал ми е што не можам ништо конкретно да помогнам, а и каснам со одговорот.
Без рецепт го имаш секаде кај се продаваат витамини B-Komplex. Мене овој од росман ми е врв. Спојлер: Б-комплекс
И јас имам пиено Балдриан не ми помогна, но познавам луѓе што се задоволни. Кај мене не беше анксиозност, туку само несоница. Балдриан е единствено што можеше да ми го даде аптекарката во аптека без рецепт од лекар. Сега во последно време користам Pfeferminzöl (масло од мента). Ставам неколку капки во вода и го пијам или пак го мешам со крем и се масирам. Тоа многу ми помогна. Го има во ДМ за неколку евра. Исто и Б комплекс ми помага. Купувам сега и од Бугарија едни лекови пола евро се, на природна база исто ми помагаат.
Najdobro e da odi kaj maticniot lekar i da razgovara za sostojbata vo koja sto se naoga pa toj ke i prepise soodvetna terapija spored potrebite.Mnogu cesto nekoi znaci upatuvaat na nesto, pa nie sami posegnuvame po lekarstva a vistinskata sostojba e sosema druga pa si pravime pogolemo zlo.
Едно прашање Вие што сте биле на термин за стан кои се главни фактори за добивање на стан? Дали сопатвеникот известува по е-маил дали го добивате или не ? Од прилика за колку време се одлучува на кого ќе го даде станот?
Конкретно за нашиот случај ќе ти кажам, незнам колку ќе ти помогнам. Бевме на три места на безихтигунг сопственик на стан не видовме само маклери ( ако купуваш директно од сопственик не е лошо да се консултираш со адвокат што све треба да се провери дали е чисто, зошто маклерите сепак си ја знаат работата). Едниот беше за реновирање што ни дојде премногу, вториот маклерот воопшто не се потруди било што да ни покаже и ни беше јасно дека е продаден веќе станот само ете ради ред ни го покажува зошто сме се најавиле. На третиот ( сега веќе наш) уште кога ни закажаа да го разгледаме со експозе од станот бевме во банка и добивме на писмено дека ќе ни одобрат кредит за тој конкретен стан. Со тоа кога го гледавме станот кажавме дека сме заинтересирани и предадовме документот. До вечерта маклерот ни рече дека има уште едни заинтересирани ( имавме среќа зошто маклерот со искуство знаела дека ќе го продаде па огласот го чуваше онлајн само 2-3 саати па малце луѓе се имаа јавено) и дека сопственичката на станот ќе одлучи кој ќе го добие. Не одбра нас демек младо семејство иако јас мислам дека маклерот одлучил или барем влечел повеќе за нас зошто банка го продаваше станот и нас кредитот ни беше од истата таа банка. Инаку имам слушано приказни за давање пари на маклерот за да се одлучат за тебе, ама немам искуство со такво нешто. Кај нас верувам дека најголема улога имаше што немаше многу луѓе пријавено за безихтигунг со тоа што огласот кратко беше онлајн и банката што го продаваше и банката што ни даде кредит беше истата банка. Не паметам колку време чекавме додека ни се јавија дека ние сме го добиле, еве мм вика дека ден- два после му јавиле дека сме го добиле станот. Предходната сопственичка дури на нотар кога бевме ја запознавме и беше во станот кога ни ги предаде клучевите. Јас на долго и широко ти објаснив ама дали ќе сум ти од помош незнам.
Премногу ти благодарам за твојот одговор , секако и за одвоеното време. Мило ми е многу што сте успеале да си купите стан , ваша сопственост. Но ние не сме сеуште до таму дојдени. Јас мислев за преглед на стан , што го издаваат под кирија. Бараме нешто за нас , но тешко ни оди Сепак благодарам , твојот одговор можда ќе послужи на некој друг во иднина ..
Леле извини баш ми личеше дека прашуваш за купување , важно се пофалив јас . Предходниот стан го добивме по препорака од пријатели што се знае со сопственикот. Знам и нас ни беше тешко да најдеме стан. Само повеќе станови гледајте и по повеќе луѓе кажувај можеби некој ќе се најде да те препорача. И ајде еден ден да бараш совети за свој стан
Од агенција до агенција е различно. Бараат најчесто Schufa од банката или/и договори за работа , препорака од предходен власник на стан итн. Има и формулар од агенцијата што треба да го пополниш.
Ние кога го зедове сегашниот стан пресудна беше среќата искрено.Јас бев со последната плата по отказ, а маж ми со прва плата после гевербе.Двете мизерни ама исполнуваа 3 плати од износот на станот.Барајќи кај е влезот на зградата закаснав 10-15 мин.Немаше никој пред влезот.Кога ете го преставникот од фервалтунгот доаѓа со двајца луѓе од станот.Ме гледа и изразот му беше кој ќе се качува до 4ти.Дојдовме во станот јас го гледам , а тој ми зима податоци за име презиме, заработка итн.Му реков дека многу сме заинтересирани и ми се допаѓа .Бев 3 ти месец трудна со првото. Човекот рече дојдете во четврток(а мислам вторник беше) со лични карти во нашата канцеларија и ќе видиме што ќе каже колешката.Таа одлучува дали ќе ви го даде, а многу и е важно дека зборуваш германски.Јас пак силна велам еве и сега одам на курс Б2.А стварно одев на вечерен курс.Го прашав имаме ли шанса?Рече да голема шанса имате.Отидовме во канцеларијата и колешката не пречека со договор за станот на маса.Не можевме да веруваме со мм.Тој човекот одлучи да ни го дадат.Мм не беше ни да го види , а разбра дека е трособен откако го потпиша договорот.Многу убаво искуство имаме со овој стан.Ти посакувам и тебе вакво убаво изненадување.
Lele kako me raznezni so tvojata prikazna najiskreno. Nie bevme na eden termin za stan , ni kazaa deka najmnogu odgovarame i deka ke ne izvestat po e-mail. No eve pominaa veke 4 dena , pisav e-mail na sopstvenikot no odgovor nemam dobieno. Zatoa sakav da slusnam od nekoj po iskusen na taa tema . Nekako ja izgubiv nadezta , a stan tolku mnogu ni e potreben
@Duhce123 Ако ветиш дека ќе ни се пофалиш кога ќе го добиете тогаш ќе ти се јават. Ако се германци во прашање може и за еден месец да ти се јават. Нас по еден месец ни се јави газдарицата за да ни рече дека за две недели може да се вселиме. Пуштаме среќа
Ние првиот стан го добивме на картата симпатичност (така си кажа жената) и сожалување бидејќи бевме изиграни од балканци... Вториот исто многу сме им биле симпатични и пријателски расположени, а на газдата многу му се допаднало тоа што сме биле внимателни конкретно сме внимавале да не нагазиме на белото тепихчето итн, у глобала газдите не засакуваа и сега сме во пријателски односи со двете семејства и редовно се посетуваме. Примања имаме нормални, додуша тоа е за секој различно, ама голем плус е и работен договор на неопределено време. Од тоа што го имам доживеано, видено и слушнато најважно е да се остави добар впечаток, позитивна шуфа, познавање на германски барем до мера да можеш да се разбереш, има случаеви кога предходните станари бараат сами нови станари во тој случај често нудат да се превземе некое парче мебел, едни пријатели така добија стан, бидејќи се согласија да превземат дел од мебелот. Исто и нам ни кажаа по меил прво дека сме им фаворити, за после една недела да ни се јават и да ни кажат дека сме го добиле станот. Ви стискам палци да го добиете станот