По огласи нон стоп пратиме , но имаат некои огромни цифри на корија , што неможеме толку да си дозволиме. Од термини ни е преку глава стварно. Не сум веќе паметна на каде да се упатам...по фб групи пишам , пријатели , огласи на згради ...маклер многу пари бара 3000е и незнам на кај да фатам искрено...
На kleine anzeige имате барано? И таму има огласи може нешто ќе се најде, раскажете на сите луѓе што ги знаете, колеги од работа,познаници така најлесно се наоѓа, по препорака.
И ние бараме стан близу Штутгарт , поточно Корнвештајн или Лудвисбург ( крајно ако нема др избор ) скоро 2м активно се бара со слична сума , ама тешко оде . Маж е кај свекрвата и сакаме побрзо да се најде за да одам и ја со децата и веќе напнато ми станува Сега сме на чекање за еден стан ама немам големи очекувања за него , само дремиме по апликациите и праќаме мајлови ама одговори слабо
Да ги прашате сите комшии во сегашната зграда, сите колеги на работи од мт, колеги пријатели познаници од фамилијата кај што сте сега. Еднаш жена дури и во шпилплац ме праша за стан. Нема срам. Прашувај цело време. Кога ќе прашуваш со се договор од мт и последни три платни на комшиите, гајле ти е, најважно е да знаат дека можете да плаќате. За почеток пребирање нема на стан. Каков таков. После ќе пребирате. Не реков дека сте пребирале до сеа туку онака глобален совет.
https://m.ebay-kleinanzeigen.de/s-anzeigen/muenchen/wohnung/c0-l6411?distance=5 ти можеш подобро да си поднесеш, можете да ставете и оглас дека барате стан. Исто така заборавив да ти пишам сигурно има локални весници огласи. Кај нас редовно во поштенско сандаче ни стига. Следете и таму има многу постари луѓе што не се снаоѓаат најдобро на интернет, па така поставуваат огласи. @Poppins ние ептен блиску ќе бидеме, јас сум во околината на Хајлброн. Ви држам среќа и на двете да си најдете стан.
Во право си . Ма кога одам на термин се ми се допаѓа не гледам ништо најискрено само да го земеме. Тука каде што сме моментално во едно затуцано место ,жив човек неможеш да видиш , а не па некого да прашаш за жал. Срам немам дека и да одам право отварам тема за стан. Но за жал бес успешно. Ситее знаат дека бараме , веќе интензивно 4 / 5 месеци . Нема на кого не сум кажала , не сум прашала. Се осеќам како мува без глава Нај траѓично е што мора да се иселиме , а стан на видик нема. Барам некој , ако бара нахмитер што се иселува спремни сме да влеземе во стан , во кој било момент. Са сме сами со мм би оделе и во една соба , но и детето е со нас . Кога аплицирам ќе ми се јават ,ќе прашат колку луге би живееле во станот кога ќе кажеме дека имаме дете не откачуват. Со изговор станот нема децка , станот е само за двајца итн.итн
А тоа е ебау , не те разбрав во претходниот постот за која страна станува збор . И таму пратиме ,пуштаме мејлови , но одговор не добиваме
Не сме во Минхен ниту во околината. Упорно барање и немој да мислиш дека е до детето. Јас и сопругот сами бевме па пак на почетокот имавме одбивање. Велиш некои не ни одговараат. Дали проба да смениш нешто во текстот што го пишуваш кога прашуваш за станот. Да не е само 2 реченици. Да ти пишам кратко ако сакаш пример како сме пишувале или друга ако има добар пример.
Од сите можни апликации и огласи по весници најчесто одговор добивам од апликацијата на ебау. И на мали и големи станови на сите пуштај пораки. Има многу турци кои издаваат станови и они можам да кажам дека доста излегуваат во пресрет. Инаку ако сте уредно пријавени на адреса каде што сте сега, можете да се пријавете во општина за помош. Има формулари кои се пополнуваат и се испраќаат најчесто преку меил. Ама најпрво контактирај ги и они ќе те упатат.
vidi i vo vesnici tie lokalni sto se kaj nas ima i vesnik od opstinata i vidi na grupite tie hrvati, srbi vo minhen sto se na fb tie nonstop se iseluvaat i vseluvaat pa moze ks nacekas nesto
Не текстот не е 2 реченици , туку цел реферат . Може ако сакаш да ми пуштиш секоја информација е добре дојдена... Има многу што не примаат со деца...стан од 65 квадрата ти велат не е за со дете , а може со куче / маче... Страшни се стварно... Најмногу ми е жал за ќерќичката почна со училиште , се адаптира мислевме дека ќе искочи нешто во скоро време , но се зезнавме . И сега сме во холема шах мат позиција
Знаеш како е кога зависиш од некого ? Многу сум слаба со јазикот за жал и јас и сопругот. Гледам како знам и умеам да барам сама. Најмногу праќам на ImmoScout24 Се надевам дека ќе најдеме . Кога доаѓаш со една мисла , за жал на крај искочи друго тоа е...
Пишав денес на сите фб групи што ѓи имам за Минхен и околината , се надевам дека ќе добијам некој одговор / упатство каде на друго место да се обратам.
Не се нервирај. За тоа дали дете дали куче, така функционира тука, и претходната и оваа зграда сме семејства со деца, а не смее животни. Така ја одржуваат хармонијата можеби. На пример јас сега не смеам да се пожалам дека децата на комшијата се бучни кога и јас имам деца. И јас се нервирав ама сега ми се допаѓа кога ќе видам цела зграда со слични луѓе. Може и други причини си имаат ама сепак во ред е. Те сфаќам, ти гори под нозе, и не само тебе. И мене кога дојдовме ама коцките се поклопија. Опушти се малку. Смирено. Ќе најдете стан.
@Duhce123 кога дојдовме тука, живеевме во Фериенвонунг со повеќе луѓе, кои си се вратија во Мк после 3-4 месеци, јас и маж ми останавме сами во стан од 90м2 и плаќавме ПРЕСКАПО. Газдарицата од Фериенвонунгот (Господ здравје да и даде), ни го најде сегашниот стан и тоа ние сами баравме 8 месеци, безуспешно, заедно со неа најдовме за неполн месец, вториот стан што го видовме, беше наш. А замисли, за истиов стан аплициравме и ние сами и она за нас, нас ни рекоа дека не е за двајца (50м2, а сега сме и тројца), а неа и го дадоа без проблем И го најдовме идеалниот, што ни беше потребен во моментов. Ако имате контакти, Германци познаници, нека прашуваат, нека ви помагаат, прашувајте на работа, шеф, може фирмата има станови или контакти, локални весници, агенции за недвижности, огласи на интернет...И знам дека во моментов ти изгледа безнадежно, уште се ежам кога ќе ми текне колку бевме очајни, ама верувај ќе се наредат коцките и ќе го најдете баш тоа што ви треба.
Се надевам дека ќе излези нешто во брзо време. Имаме едни пријатели и тиее бараат се распитуваат , па ако даде бог ќе излезе нешто. И дефинитивно се е до среќата. Ама што е тоа е нема откажување...