Нема отворен за жал. Се јавив на неколку не работат денес. Ја врти главата лево десно и е невозможно да и е права како што треба. Фала ти.
Мене баш тоа ме интересираше. Ќe ja сликам за пасош мојата, ама ич не седи мирна. Што ако не успееме се прашувам. За нова година за фотосесијата одвај само две подобри слики
И мене ми изгледаше невозможна мисија ама успеваат да сликаат уствари сите се сликани да така нема што да се грижиш
До сега два пати ја имаме сликано, еднаш за пасош еднаш за визата, преубаво испадна, не мрдна, исправено, гледа во апаратот. А каков филм си имав направено, дека со саати ќе чекаме да се смири бла бла, а за минутка завршивме со многу убави слики.
И ние така некако го сликавме синко, мм го држеше со едната рака под газето, а со другата позади главчето.
Пробај едниот да ја држи пред себе или во кенгур, другиот да мафта со некое тропале, шарена играчка позади апаратот, за да гледа натаму бебето. И ние во фото студио ја сликавме, и таму финтата тропале некое беше за да погледне кај што треба.
ние исто се мачевме, на крај ја сликавме со мобилен сами во ДМ, мажот ми ја држеше во вис, и ја испечативме таму, малку друга величина се малите, ама ни прифатија. или било која друга слика да имаш само убаво главата да се гледа за патен лист ќе ти ја прифатат. или да најдете од автоматите што се во метро, не го прави да биде за биометриски туку како за така само сликање. како што рекоа и легнато може. и преку Bluetooth во ДМ ќе ја испечатиш. не се сеќавам дали малку ја сецнав ама дефинитивно не беше проблем.
Дали некоја мајка има информација дали можи да се најди мини џоб за 2-3 месеци? Ми треба работа за 2-3 месеци, потоа 2 месеци нема да можам...но можно ли е воопшто така...?
Однапред кажи му на работодавачот. Ако може може, ако не не. Или ако не кажеш однапред, можеш еден месец однапред да им кажеш дека мораш да одиш Мк па или да добиеш неплатен одмор или отказ.
За работа на каса кое ниво на познавање на јазик е потребно? И дали има врска на каков курс ќе се запишам? Разгледав на гугл ама не знам дали има некоја разлика или да се запишам таму кај што ми е најблиску?
Не би требало да е повисоко од б1. А зошто не почнеш аусбилдунг што се плаќа? Пример во големите маркети мислам дека се плаќа секоја година, најубаво за медицинска сестра д се упишеш секој месец добиваш примања и плус диплома. Така ќе вложиш во себе ем парички ќе ти идат. И не беа мали парички исто како на каса да си. Размисли.
Да запишам аусбилдунг и мене да ми плаќаат? Ако ми плаќаат ќе запишам аусбилдунг. Ама каде да најдам подетални информации?
Да, тебе ќе ти плаќаат. Брај по струки пример за кранкенпфлеге: https://www.ausbildung.de/berufe/krankenpfleger/ И гледај доле има колку ти плаќаат.
На фб како да ја најдам групата? Јас сум нова в Герм. И праевме муабет со едни луѓе. И од таму ми произлегува прашањето: Какви се додатоци/ примања за дете се можни? ( имало нешто додека мајката е бремена, некој друг збор на Ш. Го кажаа не го запомтив ( нешто шушлак не знам ич) и оние детски дотатоци скоро 200€ што се) И дали е иста цената за секое дете-додатокот? Фала на разбирање Јас само што почнав курс. Така да се чудам на гинеколог како ќе се разберам
Мутершутц? тоа ти следува само ако си вработена. Ако не, откако ќе се роди бебето Elterngeld 12 месеци, 65% од просечната плата твоja, или 300е ако не си работела. Киндергелд мислам се зголемуваат малку од третото дете.