Јас имам царски закажано за еден месец, мене ми дозволија без некоја индикација, е сега сум слушнала дека од болница до болница зависи. Јас си кажав искрено која ми е пречката и зошто не сакам природен. Едноставно дека не можам да поднесам уште вагинални прегледи, пикање на прсти, повреди сечење или пукање и шиење таму долу, исто и постпородилни последици како инконтиненција и слично. Битно докторот ич не се спротистави, ниту проба да ме убедува, може дека виде колку сум решена и само ми објасни процедура, закажа термин и на мојата благодарност, рече дека не може никој да те принуди на нешто што не си спремна и не го сакаш. Обично викаат ако видат дека се двоумиш или не си доволно информирана, гледаат да влијаат и да ти препорачаат природен, што за некого е и подобра опција. Ама ако баш неќеш, треба одлучно и од старт да кажеш( јас бев решена и приватно да платам, и друга и трета болница да барам ама на царски да одам) и многу битно, тука во Германија психичкиот момент и неспремноста да се оди на природен е исто индикација.
Да не те плашам оти не е страшно де, ама по цела недела помината со провокација и болки огромни,се отворив едвај 2см ,а второротка, последниот ден молев за царски оти бев исцрпена веќе.Ми рекоа природно е најдобро, ние не сакаме царски.На крај ме породија природно со венска провокација за 30мин.Ама ради скриен шеќер ме пораѓаа една недела порано и сметаат дека ради незрела матка тешко оди отварањето.Инаку со првото со провокација по 1недела од термин се породив за 6ч.И ден денес велам фала Богу што бев природно.Без епидурал .Да решам на трето да одам пак би одела природно , зошто не е ништо страшно туку е најприродно нешто . Верувај во твоето тело, ние сме силни жените.Имаш епидурал како опција ,лах гас и многу помагаат.Топло препорачувам епидурал.Со лесно и без страв. Најрано е дозволено од 3 месеци во градинка, така да твоето ќе биде големо.Кога ќе дојде мт одма нека ја пријави во градинка.
Здраво кралици Дали сте патувале авионски за Македонија со количка за деца??? Дали се доплаќа и како оди процедурата? Фалааа ❤
Имаш опција и да ја чекираш а можеш и до крај со тебе, до пред влегување во авион па ја зимаат пред да се качиш. Второто е подобра опција, јас така правам иначе раце ќе ми отпаднат. Јас пак друго сакам да прашам ако некој знае, за аеродромот Франкфурт - Хан дали има во близина паркинг место кај што би можела да оставам кола на неколку дена бесплатно. Има знам кај што се плаќа ама се работи за недела дена и ми доаѓа скапо . Некој ми имаше кажано дека имало ама не знам точно каде па ако знае некој нека ми пише
Фала ти Ај кажи ми како го занимаваше дури трае летот....? Му даде апче парацетамол или грицкаше, играше...шо правеше?
nema potreba od apcinja i takvi raboti moze da zaspie da si igra da go prosetas niz avionot i brzo pominuvaat 2 saati
Зошто парацетамол? Не знам која возраст е, ама со соодветни занимации поминува времето брзо. На пример, блокче и стикери, магнет сложувалки, книга и сл. Кој има прележано корона, ве молам искуства како поминавте со децата и што имаа од симптоми? Син ми многу кашла, ужасна сува кашлица. Проспан давам. @Ava.84
Ние во март прележавме со британскиот сој.Големата тогаш 4,5 год имаше само тт 38,2 и траеше само една вечер, кашлица не слушнав само два три пати (иако таа страда многу од кашлица на секоја настинка),се жалеше 2-3дена дека нозете ја болеа и толку.Ептен лесно.Ја тестираа беше позитивна. Го тестираа ли дека е корона? Има еден вирус личе на настинка,а е маген-дарм без повраќање и пролив.Мојата оваа недела го мина со тт 5 дена,со кашлица дури се гушеше ,нос течеше и болка во стомакот.Бевме на др и таа кажа дека е маген-дарм вирус ,50деца во ординацијата дошле со исти симптоми.Беше негативна на тестот за корона. Што и да е да минува брзу.
Маген дарм го поминаа сите тројца, па дури и јас. На жалост корона е, потврдено со пцр. Мм и син ми се позитивни. Јас и ќерките се уште негативни. Увек мислев дека ако ми дојде дома вирусот, ќе го донесе некое од децата, а не јас или мм. Ужас! Температура веќе не ми крева, имаше само првите 3 дена, ама кашлицата е почеста од тогаш навака. Фала на споделеното искуство.
Дали некоја е правила испитувања во Герм. за неплодност? Т.Е. по 1 година обиди за бебе што е следно?
На која возраст ти е детето? Он тогаш беше помал и дека во 9 и нешто вечер летот кога полетавме само му дадов шише млеко и го преспа цел лет.
Искрено не се сеќавам дали овој дали тој кај главниот аеродром на франкфурт го користевме. Сите имаат шатл комбиња кои ве носат до аеродромот и на договорено место ве чекаат кога ќе слетате.
Здраво, прашање до оние што родиле бебе во ДЕ, заборавив да ја прашам бабицата. Дали им ставаат тука широк повој т.с. пелени меѓу ножиња на сите? Кај нас на времето беше задолжително (не знам дали е уште). И ако да, препорака од каде и колку да купам ако знае некоја. И уште нешто, на список од болницата ми стои Stoffwindel, дали е тоа тоа или е нешто друго?