@Ava.84 праќаат некоја потврда за излегување од карантин? Имам само меил со некои фрагенбоген. Тие пишува да им ги пратам. Малиот е до утре заклучено. Не ја лежев иначе, а сигурна бев дека ќе ја лежам. Буквално кашлаше во мене. Да не се подречам, не сум ич суеверна, ама Марфи ми е најдобар другар. Девојчињата исто не ја закачија, ама пазевме на нив повеќе. Ништо посебно од контакт, со мм максимално внимание на малиот. И тој супер помина, со симптоми само еден ден. Колегата од кој префати е во болница. Јас дома со двајца позитивни и правила 2г влегувам во апсолутно секоја продавница и не сум во карантин. Се е тоа ок и знаејќи си ја ситуацијата дома, се тестирав редовно со домашни тестови. Знам дека е стимулација, да не кажам притисок, ама ај ќе кажам, за вакцина. Него како е логично некој со негативен тест без истава да не влегува, а јас да смеам со близок контакт - позитивни дома. Чинат вакцините скроз мајке ми, жив пример сум. И јас мм. Јованти честито преселба, само убавини. Здравствено ќе добиеш потврда дека истото е во процес и ќе можеш да идеш на доктор. На децата во Шпаркасе им имаме отворено. Со чаеви сум скарана и не знам, ама по логика, би требало да има кај шо има био продавници. Под скафандер хулахопки подебели или хеланчиња подебели. Зависи колку е ладно, некогаш се и двете па скафандер. Завеси ikea или poko мислам имаа по мерка. Не сум сигурна. Јас нарачувам онлајн, ибеј или амазон.
Нас ни се јавија од гезундхајт амт и ни кажаа до кога сме.Прво не праша дали имаме симптоми и ѕогаш одлучи до кога.Потврдата ни стигна по пошта после 2-3дена. Супер штом се поминало во ред многу се радувам за вас. @Yowannty планински немам видено, а толку сакам.Барај во тие Teehaus или на Амазон.Јас пишав претходно што носи мојата под скефандер. Завеси немам уште ги барам веќе 2години на Otto.de види.
Значи ќе има потврда. Јас утре ќе им ги пратам овие. Еднаш се јавија само, се друго е на меил. Ми побараа само потврда за вакцинација за мене. Деца беа во карантин, па им продолжија после за некој ден кога фати и малото. Ама јас ги барав тогаш, да кажам за син ми. Него ќе го носам на педијатар, уште поткашлува, а ми извади негативен брз тест пред некој ден. Утре ќе му правам пцр. Малку ми е страв од пост ковид искрено. Имав многу тежок и стресен период, не знам како го издржав. Многу бев исплашена, збунета, во паники. А имам и здравствен проблем (настрана од анксиозноста) кој никако не можам да го решам. И дома ми дојде вирусот, жими се ми беше капачка на лончето! И уште сум во збунки веројатно, па ни празници не честитав. Епа женски среќни нека ви се. Само убавини и радости да носи годинава. И да исчезне короната!
А што симптоми имаше синот, освен кашлицата? Не си единствена од болести глава не сум дигнала.Само нека поминува се побрзу. Среќна Нова Година и од мене , женски, живи,здрави, посреќни и побројни. Честитав во мајчински,ама ај и тука
Температура, дијареа, болки во стомак, кашлица, затнато носе, умор, слаб апетит. Првите денови во комбинација со мојата анкс, страшно. Од опструкција најмногу се плашев.
Значи исти симптоми како возрасен. А што варијанта? А ќерките добри беа?Сакав да те прашам еден ден како сте,ама си реков да не ти активирам ангсот и си траев. Сега што мислиш за вакцината кај децата си за или против?Јас се плашам ќе вакцинирам кога ќе кажат мора.
Добредојде Јованти, не знам во кој дел на Германија си но ако не си многу далеку од Дортмунд можеш таму да најдеш производи на Витаминка, има македонска продавница,Траев компани. Ќефир има во Лидл,и тој грчкиот јогурт јас купувам кисело млеко од Кауфланд,најблиско до нашето
Сум натака да. Фала ти на инфо. Ќе ја барам продавницата во прва прилика. Фала на сите за споделените информации.
Како да знам која варијанта е? Ништо не ми кажаа, стигнаа само резултати на апликацијата лаборергебнис. Претходно регистрација со код. Не знам дали ги секвенционираат. А баш ме интересира која варијанта е. Не префатија ќерките, ок се. Пошо ми е едната ќерка со автоимуна, а тоа со мм ни беше дополнителен стрес и притисок. Имавме среќа, што да кажам. Контактот со син ми им беше сведен на минимум. За вакцините за деца го мислам истото што и претходно. Едно од децата прележа, а и да беа сите тројца, прележување немаше да ми смени никако мислење. Пошо никако не можам да минимизирам последици врз основа на сопствено (субјективно) искуство. Можни се реинфекции, можни се пост ковид последици, можеше и да се искомплицира со малото. Педијатарот кога ми напомена на што да внимавам и дека не може да се гарантира за текот на вирусот и оти може и да се влоши, се пресеков на лице место. Сакам да кажам, претходно немав дефинитивно оформен став по ова прашање, а немам ни сега. Каков стресен период поминав, искрено милион мисли ми прелетаа, да ми беа сега вакцинирани. Ќе ги следам официјалните препораки и статистики. Сакам безбедни вакцини и избор меѓу вакцини. Ќе видиме како ќе биде. За ова сепак треба консултација и со стручни лица. Од друга страна, за вакцина ми се мали. Не знам дали смениле нешто, пошо сега пак малку не читам, ама нели беа 12+. Многу помали се моите. Ич не верувам дека ќе ги направат задолжителни за деца, ама има една финта тука. За 12+ важат 2г правила, а сите деца се тестираат во школо колку што знам. (?!) Како и да е, сега паниката целосно на пост ковид ми е насочена. Од она што го знам, се е на моја страна, а тоа е дека вакцините дефинитивно штитат. Јас воопшто не префатив. Нормално дека не се ни изолирав од син ми, не носев ни маска. Маж ми помина со симптоми од цел еден ден и толку. Ко ништо да немаше, а тестот позитивен. Мене супер ми беше и таман се кренав малку, симптомите на анкс се сведоа на минимум и бум корона! Пак исто. Ама јас сум небитна во целата ситуација, само многу ми беше тешко да не покажувам пред децата. И така.
Кај нас тука ги силат од 5год нагоре, ама СТИКО не е дал зелено светло. Маж ми си правеше приватно тест т.е тој си плати тогаш 80 и нешто евра и му кажаа дека е Британската варијанта, тогаш беше таа актуелна. На мене и на ќерка ни правеа од Гезундхајтсамтот и ни кажаа само усно дека сме позитивни. Инаку за Nachweis дека сме прележани ние се јавивме и замоливме да ни пратат, ни требаше за да патуваме до Мк.Го добивме за една недела, ама сега прочитав дека без да им побараш сами праќале. Ова вака како инфо да го имаш .
@Lianna Anna Јас сакам да те прашам едно обично прашање ама не можам да ти пишам лп, ќе можеш ти да ми пишеш? Ако нема опција ќе треба да ме заследиш изгледа.
Џокерче 9 месеци износи без да сподели на Фемина, па сега едно обично прашање, нормално дека е тајна.
Дали имала некоја членка искуство со преселба во Германија со бебе и мало дете додека тече породилно во Мк? Дали ќе смеам да работам, да не има некој закон? И општо дали е тешко да се оди со мали деца, имаат ли услови, некој надоместок за деца итн? Јас имам бугарски пасош.
Fasching е во Февруари. И утре е празник, Heilige Drei Könige, ама никако за маски. Не ми текнува на ништо измеѓу, мислам нема. Се надевам лесно се прилагодувате.
За тој во февруари има маскирање? Прилагодувањето... Што знам. Храната за сега мене ми е најголем проблем. Се ми е скроз на скроз невкусно... Од се што очекував дека ќе биде проблем, на храната воопшто не помислив. Дете е претежно летаргично. Се расположува на периоди, ама збунета е скроз. Ништо не јаде. 2 дена поткасна нешто и толку беше..
Да, за Fasching е. Многу убаво и интересно е за децата во градинка. Се и е невкусно иначе, особено додека се навикнеш. И треба време на малата за адаптација нормално. Ќе се крене, се снаоѓаат деца брзо.
Здраво женски, каде можам да најдам тука фустанчиња за роденден? Барав на амазон, пат пат и уште некои страни ама едно на слика друго во коментар врска нема, не се исти.
Дечки јас се преценив, па сега ми треба итно каде можам да најдам торта готова утре од сабајле? Убаво ми викаше мм нарачај не јас ќе правам... На вкус е добра, ама декорација на пола сум и не оди никако ...