Фала, мислам нема ваква тука ама сега ќе се јавувам на телефони гуглав синоќа видов каде може да има Јас сама правев зошто имаме едно индијче на гости не јадат јајца па да не биде исклучено детето. Ќе ја сплескам и мојата да има и за неа немора да ја изнесувам таа само ќе пресечам .
Девојки вчера побарав одговор во темата ,, Документи за новороденче - родено во странство" Сепак мислам дека не се ажурираат таму информации оддамна. Би сакала да Ве замолам која има искуство со целосната прпцедура за документација на новороденче,родено во Германија, со 2 родители државјани на РМ (мк пасоши со Aufenthaltstitel ). По раѓањето и добивање извод на родени во Германија, дали треба да го пријавиме веднаш во Auslenderbehörde? За да одиме во МК за пасош, потребно е да земеме патен лист од мк амбасада тука, така? Каде се става апостил печат на изводот на родени? Што најправо правиме во МК? Ви благодарам, убав ден
Јас најпрво се јавив во Auslanderbehörde од таму ми кажаа прво пасош треба, после пасошот се аплицира за виза. За птување е потребна патна листа, ние од Минхен земавме, закажавме термин и веднаш завршивме.Во Македонија за пасош вадевме МК извод, за таа цел ни го зедоа Германскиот извод, апостил печат немавме, вработената во управата за изводи ни го зеде и така ама ни напомена дека требало со апостил печат за нареден пат да си знаеме.
Прво ви треба пасош па се по ред. Право без престој да седи бебето има до 6 месеца.Ние со големата правевме на 9,5м и немавме проблем-немаше корона. Оваа. т.е минатата година имавме проблем со кранкенкасето, не сакаше на бебето фамилијарно осигурување да издаде ради престојот па правевме на 3м документи. Апостиле не ми барале имав интернационален извод и ми го прифатија во мк општината. Патен лист од најблискиот конзулат ние бевме во берлинска амбасада и завршивме за 30мин работа.Без термин. Во Мк одите и го пријавувате бебето во општина за да ви извадат матичен број, па после одите по пасош. После со пасошот одите во Ausländerbehörde.
Во Мк некаде го бараат и преведен интернационалниот, го преведуваш во Мк ако го бараат. Ако сакаш можеш да пратиш полномоштво на некој во Мк за ви извади матичен број или извод за бебето. Патен лист земаш во Германија во македонска амбасада или ако живееш поблиску во некоја соседна држава на Германија во македонска амбасада. Патниот лист го чуваш го чуваш до сам крај ни го зедоа кога ни го дадоа пасошот. За апостил печат никој не ти одговори ама не знам, нас не ни требаше таков печат.
Една пријателка овде во Германија ми кажува дека со породување тука се добивало нешто како бенифициран стаж за пензија 3 години. За второ дете демек 6....има ли врска муабетов или? Јас кога се породив добив некое писмо имаше нешто за пензија ама не можев убаво да преведам ниту пак имав време во тој хаос. Знае ли некој нешто за ова?
Колку долго може да стои отворена формула од овие на хип ready to feed? Дали за 2ипол годишно дете можам да најдам негде целосен скафандер или само во два дела? Дали бабица ќе ми додели болницата/гинекологот и дали е воопшто неопходна? Ќе зборам и со гинеколог меѓутоа ме интересираат искуства околу пораѓај, дали ако добијам болки се јавувам на гинеколог да доаѓа или одам во болница па кој се погоди тој ќе ме пораѓа.. Или како..
Јас од тие готовите формули имам давано за време на лет буден ја испи цела. И ноќе кога ќе побара сум отварала и пие на 2 пати и не ни гледам на саат. Иначе бабица треба да си побараш сама, гинекологот би требало да ти даде флаери со број да се јавиш. Јас прво не сакав па после се премислив и во последните недели побарав, знам во црвен крст бев за разговор. Инаку доаѓаше и само го мереше бебчо на килажа, ми ја проверуваше раната и ми ги извади конците. Друго ништо, можеби и немаше потреба. Иначе не знам која недела си ама мораш да си одбереш болница каде ќе се пораѓаш.Јас одбрав во 33та недела. Ќе ти дадат да пополнуваш некои формулари, за анестезија итн. И кога добиваш контракции само се упатуваш кон болницата што си ја одбрала.
И јас истите чекори ги поминав само што нас не ни го земаа патниот лист. Зошто ви го земаа вас, јас никаде не го ни покажав ниту ми го побараа. Само изводот. Плус и патниот лист мн кратко време има важност.
1. За ова немам баш искуство 2. Зависи кој број носе девојчето, мојата е 2год и 10 мес. и не сум нашла досега бројче,прекрасни скафандери гледав во ц&а ако не се расптодадени.. 3. Матичната ме праша во која болница сакам да се пораѓам и реков таа и таа, ми даде упут и со тој упут отидов на пораѓај, само што ќе треба разговор да закажеш во болницата кај мене имаше еден слободен ден во неделата да се прошета низ неа, да ги видеш родилните сали, собите низ одделението, ти даваат формулари што треба да ги вратиш назад во болницата. Јас бев 41+5 и секој втор ден одев на цтг кај матичната, а за време на викендот во болницата каде што се породов, кога решивме да се породам со провокација мм се јави на одделението да ги извести сестрите дека во согласност со матичната да почнеме со провокација дека го надминав термонот и тоа е тоа. Јас сама си најдов гинеколог, а за бабица нека кажат другите немам искуство, мада знам дека уште во рана бременост мора да си закажеш за бабица. За болките, ми кажаа кога ќе ме фатат да сум легнала и да сум повикала брза помош. На одделение кога одаш те пречекува бабица, т.е и бабицата те пораѓа,доктор кој ќе се падне тој, мада и он доаѓа само на крајта ако нема не дај Боже компликации. На мене дојде доктор само кога требаше плацентата да се извади.
@Neda997 бев во c&a и продавачката ми објаснуваше нешто, ама јазик уште не знам и не сфатив дали само кај нив немаат целосни, или за тие години секаде се дводелни.. Целосните таму беа до 18 или 24 месеци... Скоро до пола сум со бременоста, ама од пред 2 недели сум овде па ќе се снајдам валда некако... Утре имам термин во општина, па конечно да закажам на гинеколог. Ја имав искрено многу доверба во гинекологот за првото и сега ме плаши идејата да се избацам во болница па кој ќе се погоди тој.. Дали знаеш, дали се инсистира на царски зошто првото ми е со царски или не мора да значи?
Леле и јас бев со поминат термин и тоа цтг преку еден ден како ми беше смачено. Плус па и во друг град одев ... Иначе мене не ми покажуваа ништо од болницата, ни сали ни бутур. Имаа такво како џакузи за пораѓање ама никој не ни спомна за таква опција, тоа ме зачуде. Со брза помош ли одеше на пораѓај? Мене на разговорот ми рекоа штом добијам болки да одам во болницата директно. Ме носеше маж ми.
Скафандер барај по спортските продавници, и за деца од 2 ро одделение има, сигурно и поголеми. За пораѓање не верувам никој да инсистира на царски, зависи од индикацијата. И ако си во град со универзитетска болница, сигурна сум дека кој и да ти се погоди ќе биде се во ред.
@Yowannty https://www.decathlon.de/p/schneeanzug-lugiklip-warm-baby/_/R-p-313268?mc=8603763&c=BLAU вакво нешто?
@Yowannty за царски многу тешко, зависи од градот каде што ќе се пораѓаш. Во таа клиника каде што бев јас скоро невозможно е за царски,имам една жена што ја познавам бебето и беше карлично поставено,па со нивни техники а на нејзина одговотност го завртаа бебето и се породи природно, скоро слушнав за еден град исто блиску до мене давале и царски. Мислам дека ќе најдеш брзо гинеколог, мора да те примаат бремена си, ние досега не сме имале проблем за прв термин кај доктор. Само педијатарот ни кажа штом се породам одма да се јавиме речиси преполнен бил со деца. @gjoker4e мислам дека скоро е породена да сподели и она искуство @felisitas на мене ми понудија џакузи ама не сакав си носев цд од Здравко Чолич ама ќе го фрлев радиото со се маж ми од прозорецот не,не отидов со брза помош немав болки, не бев отворена ни 1цм, мм ме однесе па таму 2 вагинални провокации не се отворив,и на крај со венска провокација па почна процесот. Дента кога отидов си седев на тераса си шетев низ болницата б од болка немав.
Таман си е. Не сакам царски. И со првото се инсистираше на природно до крај. Само во Грција слушнав муабет дека ретко кој гинеколог се нафаќал на природно после царски, а и за Македонија имам прочитано слично па ме интересираше дали секаде е така. Имам неколку гинеколози во близина, се надевам дека бар еден ќе знае англиски. Иначе и јас така во Грција со надносено бебе, со 3 провокации, вагинална и инекција првите две не направија никаква разлика сем што се изнашетав низ болница. На крај инфуз, ама сплет на околности после тоа на итен царски завршив. Какви се прегледите? Има вагинален преглед? Со претходната бременост немав ниеден вагинален преглед, ниту мерење цервикс. Многу ми беше релаксирано одењето на контрола. Што се имам изначитано за вагинални прегледи, ме плаши поише од пораѓај.
Да јас имав вагинален преглед во 9ти месец,претежно ехо ми правеа, ама на крај и вагинален да виде докт. дали сум отворена и реално ич не ме болеше. Сите знаат Англиски само на добар или намќор доктор ќе налеташ
За првите две не знам да ти одговорам, ова третово како потазе породена (пред 9 месеци), да ти споделам мое искуство, ако ти заврши нешто работа Бабица си бараш сама, не е неопходна, ама мене ми беше баш од помош, бидејќи ни е прво дете и сме сами тука со маж ми. Гинекологот ми даде само предлог за бабици, ама јас сама си ја најдов, барав по групи на Фб препораки и стварно женава не беше за џабе фалена. Ако веќе одлучиш да бараш, што порано, тоа подобро, бидејќи тешко се наоѓа, посебно па во поголем град. Кај мене се погоди бабицава да работи и во болницата каде што се пријавив за пораѓај, така да, телефонски ми ја направи пријавата (поради корона), документите ми ги прати по пошта, ги носев со мене на пораѓај. Тоа што го кажаа, разгледување на болницата, беше виртуелна прошетка, поради короната Тука каде што се пораѓав имаат телефонска линија за контракции 24/7. Кога ми пукна водењак, се јавив и се договоривме со бабицата што ме пораѓаше за пола саат да се најдеме во болница. Всушност насекаде е различно ова, јас следев и курс пред пораѓај, па таму ни ги објаснија повеќето работи. Но, мислам дека и гинекологот ќе ти објасни се. За царски како што кажале веќе, само ако има причина. Вагинален преглед имав само еден, скроз на крај, не беше воопшто страшно, друго се беше најрелакасирано. Мерење цервикс исто немаше.