На фб исто пиши на лупата Мајки Македонки во Германија. Киндергелд- детски додаток 194 евра за прво дете. Од 01.јули.2019 ќе биде 204 евра за прво и второ дете. За трето 210 евра. За секое наредно дете 235 евра. Киндерцушлаг- додаток на детскиот додаток, се зема доколку во семејството нема доволно примања. Износот зависи од тоа колку ви фалат но во секој случај мислам дека е помалку од 200 евра. Елтернгелд- родителски додаток, 300 евра 12 месеци со можност за уште два месеци плус. Еднократна парична помош од градот. Не го знам износот. Еднократна парична помош од Каритас. Не знам износ. (И оваа не знам дали секој ја добива). Додека е мајката бремена ако не работи нема ништо. Може гинекологот ќе ти рече да отидеш со преведувач. Тоа што имаш да му кажеш спреми од дома преведи напиши на лист. Ако не се разберете преведувач или пријател. Можеби ќе најдеш балканец гинеколог, напиши на гугл за во твојот град и види какви ќе ти излезат.
Здраво, да си прашам може некој бил во слична ситуација.Осигурана сум преку сопругот во АОК,сега сакаме да одиме надвор од Германија за ин витро.Ме интересира дали АОК покрива трошоци во друга Еу држава за ин витро?
Мајки да прашам извод на родени и венчани колку време може да се стари извадени интернационални има ли врска тоа или не, кај нас знам велат да не се постари од 6м. Таму како е правило да знам дали да вадам денес нови?
јас колку што знам не прават во Германија проблем за тоа може и да се постари. Немаат потреба да се богатат од такви правила )
не знам да ти кажам - па да не ти побараат после ќе испаднам виновна може подобро извади ако имаш можност. Не најдов официјален одговор, тука некој пишал може и тој од раѓање, некој пишал 6 месеци.. Единствено да се јавиш таму за кај што ти треба и да прашаш. https://www.netmoms.de/fragen/detail/wie-alt-darf-geburtsurkunde-sein-10500189
Тути не знам дали треба да се постари од 6 месеци или не, ама не знам за што ти требаат. На пример на мене извод на родени не ми побарале, ама на венчаницата ми требаше апостил на интeрнационалната, кога поднесувавме за приспојување на семејтво.
Прашање (може глупо) - како соопштивте на работа на колегите за бременост? Или како соопштиле ваши колешки? На старото работно место двајца колеги имаа соопштено преку циркуларен мејл и донесоа переци за доручек. Се носи нешто или не? На пауза се кажува или официјално? На сегашната работа не функционираат со мејлови и не ни знам како функционираат. Па се прашувам како да кажам. Некако воопшто немаме близок однос и воопшто немаме такви муабети. Немам никаква прилика да го "вметнам" тоа во муабет.
Кај мене очекуваа. Кога дознав дека сум бремена после крвниот тест купив појадок за сите и уште од само влегување од врата се развикав: Частам појадок, бремена сум! Моите колешки ми се како фамилија овде во Германија каде немам никого. Ти можеш брецелн со путер да оставиш во кујна со картичка их бин швангар Па ако ти честитаат арно, ако не пак арно. Битно е мејл официјален да испратиш до шеф, персонал абтајлунг и бетрибсрат дека си бремена.
Зависи какви ти се односите со колегите, јас кратко бев во фирмата и не бев блиска со вработените. И кажав на шефицата по неделниот состанок што го имавме ми честита, другите кој дозна одма кој кога ме префрлија да одам само прва смена ме прашуваа зашто само прва па кажував дека сум бремена и затоа. Не частев и сега да е исто би постапила зошто не бев блиска воопшто со никој.
Чекај сега апостиле кај се ставаше ? Цело сабајле се моткам по институции, извадив документи од социјално дека немаме приходи за детски додаток, и извадив интернационални изводи ма родени и венчани. Туку мене ми исто требаат за спојување на семејство и детски додаток таму.
Во суд, не е? Ќе отидеш кај судовите и на приемно кога влезеш одма на лево шалтерот што е, првиот. Таму ќе ти дадат уплатница, ќе уплатиш и мислам дека е од денес за утре.
Ќе прашам за сигурно дали ќе ми треба апостиле прво, инаку не сум од Ск. Сега ми текнљ дека пред некој месец кога вадев на маж одма ми го дадоа апостилето.
Епа ако не си од Скопје во основниот суд кој е надлежен ќе идеш таму ставаат апостиле. Можат и одма да ти завршат ако е таму одговорниот судија.
Ајде пак јас..ама со прашање надвор од тема. Сеупте не сум на фб в групата прифатена..па некоја ако знае одговор нека ми пиши ЛП Со курсот Б1 ќе завршам в декември. Па ме интересита дали некоја од вас е била на аусбилдунг- на што, како се одвиваат работите? Правење beruf, ausbildung и аrbeit Што им е разлика. В Мк имам завршено факултет ама не знам дали ќе влијае тоа. Дали можеби сте упатени или каде можам да погледнам листа на плата колку се зема??
Во судот Тути. на твое место ја би ставила апостил, за не дајбоже да не се маткам после пак. На нас ни побараа апостил врз венчаницата и ни вадеа нова домашните,па ни праќаа по пошта. За детски додатоци не знам како иде оти немаме уште деца. Сани за тоа што имаш факултет во Мк, ќе си идеш во агенција за врабутување во твоето место и ќе се пријавиш за барање совет, па они ќе те испратат на академско советување и ќе ти кажат што како е, дали може или не може. Јас моментално сум во процес на споредување и признавање на дипломата, па за некој месец ќе видам каков ќе биде исходот, ма да мојата одговорна е многу сигурна дека ќе биде работа, ја не сум толку . Со диплома од ПМФ сум. Друго од агенцијата можат да се понудат да ти платат курсови за јазик за дооусовршување, ако сметаат дека има потреба од тоа. Јас не сум земала до сега бесплатни курсеви, оти не се заангажирав порано им отидов со положен Ц1 веќе . За аусбилдунг мислам дека теба Б2 официјален, ама не знам како иде, оти целта ми е/беше да правам евентуално мастер тука (ако не ми ги признаат веќе овие дипломи што ги имам) и за студии тука треба Ц1.
Чисто информативно, денес имавме посета од градот за малата како новороденче ни носат информации и поклончиња од градоначалникот и ни кажаа дека во центар на град има како градинка во која без надомест можеш да го оставиш детето од 0-7 години ако немаш каде да го оставиш на саат, два или три. Не треба најава само одиш и го оставаш ако имаш термин за на лекар или адвокат било што. Тоа е од градот градинка специјално за тоа. Многу добра информација ако ви треба за иднина, а немате каде да го оставите детето. Распрашај те се во градот каде ви е.
Фала на мислења. Главната што е за персонал знае - а таа е жена на газдата така да сигурно и тој знае. Доставив белешка одамна. Ама општо на колегите немам кажано - не сме блиски баш - од јули работам таму, а и не дека нешто поблиски од ова ви биле. Немам прилика да кажам иако на пример на пауза седиме заедно - муабетите се за времето и за попусти во маркети, па немам ни како случајно да спомнам. Па не знаев дали да пробам така уз муабет да сменам тема, или треба некаков адет и слично. Не знам. Ми текна на старата работа и колегите, па си реков да не треба и јас така некако со частовка да споделам... Ма да некогаш толку ми е глупаво што веќе со недели се мислам како да кажам. Подруго ќе беше да сме блиски и колегијални. Ние едвај три реда муабет правиме.