Zdravo dali nekoj zivee vo delot na Dortmund, Dizeldorf, Essen... da spodeli iskustvo so gradinkite mozna mi e preselba pa baram informacii.
Некоја да не знае или има искуство со маклер ? Некој што ќе ни пронајде стан за брз рок ? Зборам за областа околу Минхен, поточно Дахау/Карлсфелд
Леле уште ли не најдовте стан? Претешко е значи стварно. Немам искуство со хендлер иначе, ама функционира на принцип, плаќаш - добиваш. Сакам да кажам, по логика треба да е полесно. Ние исклучиво преку познати, со препорака. Иначе немавме шанси, особено не со деца. *** Помалата ќерка ми е од денес во карантин, пак. Цел клас е уствари во карантин. Искочиле многу позитивни на тест денес. Прво се надевам дека ќе остане негативна, второ пак имам стрес ради истото. Плус пак сега онлајн додека се во карантин. Каде да се пријавам за психијатриска? Слушнав можело да се иде ко на одмор. Иначе, повелете новости: Природен имунитет (прележување) не важи веќе 6 месеци како претходно. Скратија на 3. Заднина, Омикрон. И Џонсон веќе не ја признаваат за целосна вакцинација. Wer eine Corona-Infektion überstanden hat, erhält nur noch für drei Monate den Genesenenstatus. Das Bundesgesundheitsministerium bestätigte eine entsprechende Änderung der Richtlinien des Robert Koch-Instituts (RKI) und begründete die Verkürzung mit der neuen Virusvariante Omikron. https://www.tagesschau.de/inland/corona-genesenenstatus-101.html
Може пиеле кока кола Абе, го сетивте цунамито од Тонга? Силни маси на воздушен притисок до Европа стигнале
Кој е измислица, Тонга или цунамито? Ја не знам дали е стварно, ама имаше една од Соломонските острови што ја знам, да прашам за инфо од прва рака ако не
Девојки, бев на гинеколог прв пат тука. Како за 18 недела очекував само ехо на абдомен, а добив и вагинално, и прсти и тоа железното како и да се викаше.. Не ми даде никакви витамини ниту фолна да пијам, ниту ми рече крв да испитам, брисеви такви ствари. Ми рече ако сакам можам да пијам ама не е неопходно. Толку. Пиете/сте пиеле нешто? Искрено, највеќе ми е за железото. Сигурна сум дека ми е ниско, смеам нешто на своја рака да земам? Дали за скрининг ви потенцираа кога ќе биде? Според неделите треба да го имам вториот наскоро, но докторот ништо не ми рече само ми кажа ако сакам следен преглед за 4 недели и така и ми закажа. Цела сум збунка.
Кај мене сите бремености од почеток до крај брцаа внатре со рака . Првиот преглед при секоја бременост ми правеа тестови за хив, хепатитис, херпес, кламидија, рубеола итн. Секој преглед мерење притисок, тежина, урина и мала крвна слика. Јас пиев фемибион, има неколку врсти апчиња за трудници, мислам дека сите се ок. НАреден пат рече дека имаш вртоглавица, дека се осеќаш слабо и изнемоштено, побарај крвна слика, да ти проверат железо. НЕ ми потенцираа, стандарден преглед беше, 5-10минути подолг можеби, потоа само видов дека мерките се заведени во книшката, Бабица имав еднаш после не. Се сеќавам првиот пат дојде точно, после почна да касни по 1-2 часа, за да почне и целосно денови да утнува. После веќе не се појави на терминот и толку беше. После ова искуство си реков не ми треба, сама поарно.
Доби Mutterpass? Таму треба све да ти пишува. Вагинално ехо мислам не ми правеле толку касно. Ама абдоменални имаш 3 пати во бременоста бесплатно, мислам дека тоа е тоа скринингот. Само првиот пат одев и на друго место, и секое одење си плаќав за абдоменално ехо. Преглед со рака добивав цела бременост исто и сега кога не сум трудна незнам што фаќа ама многу е непријатно. Јас исто пиев фемибион на своја рака зошто ист одговор добив како сакаш немораш, а за железото пиев еден сок го имаш по аптеки и поголеми маркети Rotbäckchen Eisen ама ми правеше киселини. За крвна слика можеш и кај хаусарцт да направиш сега и следниот пат убав совет доби излажи дека си изнемоштена. Мене редовно урина и мала крвна слика ми правеа. Брисеви не ми направи мислам цела бременост, само стрептокока на крај сама побарав да ми направи и таа немаше да ја добијам ако не потенцирав.
@danichap @Chantal ништо не ми спомна ни за бабица ни за болница ни за пораѓај ни за испитувања... Што е мутерпас? Од прегледов денеска ми даде само 3 сликички, првата со сите мерења од бебето што ги правеше, другите 2 од бебето. Ме испраша работи за претходни бремености, операции, такви општи си запиша тој на лист и толку беше. Скроз забораив за железото да спомнам, ама немаше ни да излажам стварно се осеќам изнемоштено скроз. Не можам да чекам, стварно ми треба да пијам нешто за тоа.. Се нервирам оти ми закажа за 4 недели, а треба втор скрининг овие 2 да биде.. Сем ако ова денеска не ми го рачуна ко скрининг.. Иначе од Аок ми пишаа дека сум во систем ама уште не ми стасало ништо дома, никаква книшка.. Прегледот го платив приватно. Не ми е проблем секако ме кошташе и поефтино од прегледите приватно во Грција. Може е поинаку овде не знам, ама го прашувам дали е се во ред ми вели според тоа што го гледа се е во ред, ама тој секако не можел да види све. Ме напука само и уште повознемирена излегов од таму.
Жолта мајчина книшка е тоа. Мора да стои која крвна група си, РХ позитив или негатив, сите предходни испитувања кои ги споменав итн. Изгледа не ти се пишал за матичен, па онака, само преглед има направено. Мајчината книшка со слушање на срценцето ми ја дадоа, 6-7 недела мислам. Со коментарите такви се Штом си во систем не треба за ништо да плаќаш, барај си друг гинеколог во местото, матичен да ти биде.
Јованти, само кажи му на гинекологот дека се осеќаш уморно и ќе ти испитаат железо. А можеш и на хаус арцт. Изгледа е сегде различно, не знам. Пошо, стандард процедура е да испитаат железо, урина на секое одење беше за мене, оној тестот за рубеола и тие уште неколку. Стрептокока беше на крај негде мислам. Јас имав пакет некој одбрано, 70 евра платив и цела бременост имав секакви контроли и испитувања. Дури и токсоплазмоза. Само хармони тестот го платив дополнително, по мое барање беше тоа. Фолна киселина, folio 1 прво тромесечие, folio 2 е у второ. Фемибион 1 и 2, исто според тромесечие. Ги пиев по препорака. Мутерпас е мајчина книшка. Таму запишуваат се. На 4 недели идев и јас. Така е тоа тука. И на сончеви зраци лечат да знаеш. Скрининзи прават обавезно, не знам што така. Аок е картичка, книшката треба да ти ја даде гинекологот. Да се допишам за железо, Tardyferon пиев. Најди друг гинеколог.
И мене цела бременост ме гледаа и абдомимално и вагинално, за крвта оди кај хаусарцт (матичен општ лекар) секој квартал ни следува бесплатна крвна слика. Мене ми беше ниско железото, по препорака на лекар пиев флорадикс сируп од билки. Матичниот гинеколог кога ги виде резултатите ми препиша инфузии за железо (6 инфузии). Инаку на секој контрола ме гледаше и вагинално и абдоминално и никогаш не доплатив ништо. Мене брис ми зедоа на прв преглед, стрептокока тест на крајот ми направија. Добив препорака од гинекологот да земам или фемибион или обична фолна киселина, ама бидејќи добив од неа пробно пакување од фемибион за една недела, со нив и продолжив. Мајчината книшка мене на втор преглед откако се утврди бременоста ми ја дадоа.
Честитки Јованти за бременоста со лесно до крај. Ако имаш еден царски (ова претходно прашање ти беше) обично одма даваат царски, така да не се сеќирај. Со двете имав два различни др, два различни третмани.Со првото имав подобар др имав пакет да бирам што сакам да ми испитаат и што следи од касата.Во вториот преглед одма добив мајчина книшка ми отвирија т.н мутапас.На 2 преглед ми испитаа крвна гр, хепатит, дали имам антитела од рубеола, токсопласмоза.Крв ми испитуваа скоро на секој преглед.Со пакетот си плаќав се на приватно.Прегледите одеа на 4 недели, цтг почна од 28недела.Па на крај одев на 2 недели.Мутерпасот ми е запишан страна ипол со прегледи.Ептен често некогаш на 2 недели се фаќаше. Со второво друг др прегледи ептен ретко да не кажам на 6 недели.Прво ми земаа пап и хпв.Испитувања само касата што покрива и овие што ги набројав на почетокот.Ама оти бев над 35 год др ми даде упати во специјална болница за 2та скрининга.Па имав по 2пати скриниг.На секоја контрола имав урина,тежина и ехо, а преку еден пат крв.Се ми беше бесплатно.Од лани кажаа дека повеќе стрептококата не ја плаќала касата ама мене ми ја платија.Цтг на 34 или 36 недела почнав. Др не ми кажа за слабата крв па добив на 26недела лупање на срце пред да заспијам, паничен и ангс од спиење ради слабо железо.Несоници опасни.Сама на своја рака си купив феро санол капсули и пиев .За 2 дена престанав да имам срцелупање и синдром на немирни нози. А пиев витамини Елевит 1, па 2, сега во доење пијам 3.Од првата бременост ми ги препорачаа.Споени се со омегата и затоа ги пиев, инаку со првото само омега не можев одма повраќав. Со првото имав секој преглед , преглед со рака , со второто ниту еднаш. Вака ти објаснив за да видиш дека се зависи од докторот. За болница ти е рано накај 28 недела треба да се пријавиш и подобро е, ама немора.Бабица немав со ниедно. За дека си повознемирена-велком ин џрмани !Колку пати сум се почувствувала ко г***но. Не паничи се е во ред со бебко што не видел?Што сакаш да види? Ајде гали таму меше и шеткај го почесто по игралишта со даде.Гални го од тетка Ава.
Оффф жива напукана дојдов дома, се изнаплакав и потеков ко домат. Ја имам многу убаво искуство со гинекоголот што ми ја водеше претходната бременост. Беше многу професионален, и плус пријатен и секогаш, ама секогаш расположен за се. И гинеколог и психолог ми беше. И сеа некако шок ми дојдоа некои коментари. Ајде, може и до мене е малку оти и хормониве нели ме зезаат периодов.. Зборев со маж ми, и тој ме поддржа да сменам гинеколог и дефинитивно на следниот ќе му отидам со листа со барања, искрено гајле ми е и да треба за се приватно да платам. Иако маж ми сеа се допишуваше со некој од аок, па му рекоа ќе ми прателе нешто до четврток што ќе можам да го користам за по доктори и за визата, а "главното" не знам што е тоа од безбедносни причини ќе одело преку друга институција.. Или така нешто.. Да не должам повеќе на темава. Да прашам, за детево може да се аплицира во повеќе градинки истовремено па каде прво ќе ни одобрат или мора исклучиво во една?
Потврда првен ќе ти пратат со која ќе може бесплатно да одиш по тие врати. Може во повеќе градинки, кај нас имаше листа и пополнував која ми е прв која втор која трет избор.
Леле, браво како памтите што и кога испитувале. Јас амнестија имам Абе нема некој регистар на доктори со ранкирање, да си побара Јовка според искуства? Вака нешто пример https://www.docfinder.at/suche/frauenarzt?whereType=country&userSubmitted=1&originalWhat=Frauenarzt
Смени го ама сепак мислам дека сите имаат културен и ладен однос , си тераат по свој ред и тоа е тоа.Гледај им ги ревјуата-бевертунзите . Не знам некој балканец да најдеш може ќе се почуствуваш потопло.За мене најбитно ми беше да ми каже докторот дека се е во ред и си го земав здраво за готово. Збирај живци оти со педијатар е полудо.Освен капки за нос и свеж воздух друга терапија нема. @Biljarkata моето е свежо пред 11месеци се породив,затоа памтам.