Ќе се спукаат русите со сите, или сите со русите, ваљда на 22.02.2022 Ако имаш баба вањѓа, тоа може да биде.
Дали во Германија вакцинален сертификат има рок на важење како на пример во некои земји каде што важи само 6 месеци, а потоа мора бустер доза? Дали вие што сте трудни сте имале разговор со гинеколог или доктор на оваа тема и какви се препораките за трудници околу бустер доза?
Од први фебруари, важноста на сертификатот во ЕУ ќе биде 9 месеци. Од трудници сум слушала дека гинеколозите ги убедуваат да се вакцинираат, за бустер исто така имаше препорака од еден Chefarzt на гинекологија во една од главните клиники кај нас во Минхен, ма да многу ми е сумљива огромната пропаганда/кампања што ја тераат тие од сам почеток. Најдобро би ти било да се консултираш со стручно лице. Ете во Австрија трудниците се исклучени од задолжителната вакцинација што ја изгласаа, ваљда дека сеуште нема доволно податоци и комплетни студии за таа категорија.
Мојот гинеколог не ми препорачува вакцина сега во бременост, а не може да ми даде потврда дека не можам да примам вакцина бидејќи нели е дозволено и за трудници да се вакцинираат. Инаку имам слушнато и од други дека и нивните гинеколози не препорачуваат вакцини.
Тоа ќе важи за новите сертификати или и на старите ќе им се продолжи важноста? Прашувам оти 6 месеци истекуваат на мојот некаде 7ми-8ми февруари.
Препораките се во првите три месеци не смее да се прима вакцина, после смее и е препорачливо. Јас скоро бев на матичен во 13 недела, ми рече да почекам. Но јас и без тоа не планирам бустер во бременоста.
Ако разбрав добро, ќе важи за сите, нормално. Ама, тоа е препорака од советот на ЕУ за патувања низ еу. Што значи за внатрешно функционирање може секоја држава да си носи какви сака одлуки. Колку има и колку ќе има важност ковид пасот во де не знам.
Не знам точно ама мое мислење е дека нема потреба толку да се преоптеретувате со тоа сертификатите да ви бидат цело врем ап ту дејт, посебно не во бременост кога треба трета доза да се прими. Ете и без сертификат се живее и функционира освен ако не може човек без кино, ресторант или спортски настани да живее. За што и друго да треба има можност со брз тест кој патем е и бесплатен.
Сакам да сум информирана оти сум нова, а тоа нема врска со преоптеретување. Ете, не ни знаев дека ми следи бесплатен тест. Сеедно, фала ти.
Јас како што разбрав, важноста на сите сертификати со две вакцини е девет месеци а после ако немаш бустер се смета како истечен. После третата доза, сеуште нема информации колку важност ќе има. Инаку бесплатни тестови има во сите тест станици и по потреба можеш и секој ден да се тестираш.
Pozitivno dete vo grupa vo gradinka prakate li deca vo gradinka ili gi oatavate doma , ho nekoi situacii nw sum svwsna kako da postapam.
Или праќаш цело време дете во градинка или ич не праќаш. Секако дека првото, праќаш цело време дете во градинка. Заборави дека некое дете е позитивно. Брзите тестови не се секогаш точни, ок може со пцр е тестирано ама и тогаш исто мислам. Се некој е позитивен. Нова година. Нов живот. Нов сој. Нови ние.
Кај нас сега учителка е позитивна од нашата група и дете од другата група. Мм е втора смена па го оставив дома, ама другата недела и да има позитивни ќе го праќам ако он е негативен зошто ќе нема со кого да го оставам. Инаку прв пат имаме позитивни во градинка. Плус кашла мојов и зарипна малце, се надевам не закачил. Го тестирам секој ден за секој случај ама колку добро мама да брцнам во нос на дете .
Kaj nas dosega imase vo gradinkata aa sega vo grupata ima, deneska sam bese a od utte so test od testzentrum moze da ide. Ali jas ne sum jas ako filmovi ne si iznapravam.
Цело време различни правила, сега по најново кај нас е ако над 20% од децата се позитивни оди целата група во карантин, ако се помалку од 20% нема карантин. Во моментов само една од шест групи не е во карантин. Ама како напредок ми изгледа и крај на пандемијата.
Кај нас беа во карантин 4 групи по пцр тест.Сега ги ставија градинките во услови на пандемија само по потрба може дете да оди на градинка. Јас го праќам ич не ми е гајле и го тестирам два пати. Нешто зборат лижавчињата од скоро ќе ги има ама нема нишѕо од лижавчиња пак брцам во нос. Најинтересно е што и бебе за еден месец ќе треба да го тестирам.