Нас не ни наплатија чадор количка за дете од 3 и пол години последниот пат кога одевме и се враќавме од Германија. Обично не прават проблем ако е мала и лесна количата (нашата беше чадорче кое има опција само за седење) и тежеше помалку од 5 кила.
Што направи, дома ти се децата или идат во нотбетројунг? Тука е малку полабаво од претходно. Групите од градинка нема веќе да одат во карантин, дури ни кога се директни контакти. Исклучок од ова е ако има 3 и повеќе случаи. Прележани и вакцинирани (деца) се исклучени од карантин. Истово сега важи и за школите. Со тоа што во школи во ваков случај, ги тестираат секој ден наредни неколку дена. Иначе тестирање во (не) нормални услови е 3× во неделата. Карантинот е 5 дена, се излегува со негативен тест. Син ми го тестирам дома 3х во неделата. Претходно, буквално секоја недела некое од децава ми беше во карантин. А цело време има случаи. После распустот, беше хорор и во градинка и во школо. *** Син ми вчера ми вика du heißt? (Wie heißt du) Ich heiße Anna. И едно такво, преслатко зачудено фациче. Очекуваше мама да му кажам, па после такво као размислува што е работа. И ми вика, nein, du mama! Anna nein! Значи преслатко ми е и пресмешно ми е. Ме потсетува на ќерките кога беа мали, разочарани што мама и тато имаат имиња, што се луѓе воопшто. Оти не, тие се само мама и тато. Ти не си човек, ти си мама! Сега да ви кажам, треба да правам мрт и многу ми е страв. Значи страв ми е од тунелот. Цело време замислувам како ќе ме фати паника и дека нема да можам да дишам. И само што ќе ми прелета таква мисла, одма тахикардија. Значи не знам како ќе издржам. Ми рекоа дека ќе ми дадат некој беруигунгсмител. Не знам како ќе упаднам јас внатре, стварно не знам.
Ова за Бранденбург кај нас се отворени градинките и важат истите правила како кај вас. Имаме лоли тестови што не личат на лоли и не се благи.Три пати неделно тестови и правам и оди големата, бебето почнува за 2-3 недели на нејзиниот роденден точно.Ама ме фати паника како ќе се навикне.Јас попаничарка со второво од првово. Во октомври ми правеа итна операција на слепо црево и ми правеа мрт.Толку се плашев како ќе издржам 5 мин.Ама ич не било страшно.Претходно се ми објаснија и знаев што следи , гледав во саатот и си велев еј 5мин не е вечност.Дишев длабоко и мижев и си се смирував сама. Многу исплашена бев кога ми рекоа дека ќе ми биде жешко.Јас не можам на жешко. Кога влегов си реков ништо не е си лежев и мижев и повремено отварав очи оти ми беше на стомак.Гласот што збороше ми беше пресмешен и не ми даде да се плашам . Имаше уште 2 мин , а јас бев готова.Станувам и велам зошто ми скративте 2 мин јас бев спремна 5мин.Се изнасмеа др. Мене пак операција ми следи за некој месец .Кила добив од операцијата.Може треба да ја тужам болницата и да добијам шмерцгелд?! Се чувствувам како темпирана бомба да имам и дека може да пукне секој момент и да добијам преплет црева и да умрам,ама се држам гледам да се однесувам нормално.Не смеам тешко , ама морам бебе да дигам.Добро престанав да вежбам.Па сега инста ми е само со вежбачки и трчачки. Откога ќе ги изнагледам се чувствувам како да сум вежбала и си го гледам стомакот.А он надуан од килата
Леле, а мене ми кажаа дека е 20 минути. Мене 20 години ќе ми се гледаат. И не поднесувам жешко, колку е тоа жешко. Не идам на сончање, на снимање идам. Зглобот на раката треба да го снимам. Се тешам сега, чим си завршила брзо за покомплицирана работа, се надевам ќе биде така и за мене. Мирување и некревање со деца, знаеш како иде. Невозможна мисија. Со лесно операцијата, се да помине во најдобар ред.
Сега читам дека за зглоб. Зарем истиот тунел за се е? Јас за глава бев. Кога влагаме веќе не може ли цело тело? Или тие подесуваат кој дел? Или различни тунели се? Во краен случај ќе го стиснеш копчето па со паузи ако е возможно. Јас се изненадив дека толку брзо, неколку минути, а исто 15-20 ми рекоа не се сеќавам точно. Во мојот тунел не беше жешко.
Не знам како е, прв пат идам. Ми рекоа дека целосно мора да се влезе. Гледав на нет и видов дека има едно само за рака, ама тоа мислам е друго. Најдов и еден полуотворен тунел и сакав таму, во близина ми е. Ама закажано ми е преку докторот за побрзо и не можам да сменам. Ама чим може да се контактира со нив, тогаш ќе бидам ок, бар се надевам. Ќе знам дека ќе можам да излезам во секое време. Зглобот, оти имам повреда.
Не беше ич жешко, само ме исплашија за џабе. Не се секирај ти кажуваат што да правиш.Мене ми кажуваа земи воздух не диши, издиши.Па ме возеше нагоре надолу како во топоган да бев. Мм го снимаа на глава исто вика 5мин било.Неговиот е цел тунел, мојот беше како полутунел .Мм кажа дека само многу му тропало нему и било ептен исто смешно оти му личело на музика.Не било жешко и кај него.Еве до сега тројца ти кажуваме не е страшно, ќе издржиш.
А по која индикација земавте убервајзунг за главата? И ти @gjoker4e. Како да ми пишат убервајзунг за глава ми е прашањето.
Кај мене за се даваат убервајзунг, и крвна слика за деца кога сакаш и се, антибиотик, не е како што се пишувало на темава кај мене. Конкретно кажав дека три години ме боли главата и ми дадоа упат за неврологија едни жици ми ставаа на главата и ми кажаа дека се е ок и мигрена дека е ама ако сакам за секој случај упат за радиологија за мрт, реков сакам.
Исто и на маж ми, за да му утврдат мигрена беше на невролог , уво нос и грло и му дадеа и мрт.Па му потврдија мигрена и сега си има едни коњски апчиња и му мине главата за 30мин и 24ч е мирен.
Genesenennachweis автоматски го праќа Gesundheitsamt или сама треба да си го побарам и од каде? Јас да не закаснам после британскиот и омикрон штиклиран. сега сум genesen-geimpft-genesen...
Кај матичен правев пцр, па телефонски ми соопштија резултат. Ама претпоставувам имаат и некој документ на кој го пишува рез. Или пак може и со selbsttest што го правев дома? Тој ќе ми го земаат предвид во аптека? Фала ти
Во аптека. Треба да го покажееш писмото од гесундхајмт за карантин или позитивниот пцр тест. Селбст тест не го важат.
Можеш ли да ми кажеш како се викаат апчињата, мајка ми во македонија периодично исто ја фаќа мигрената. Досега и праќав некои од тука, ама и немаа некој посебен ефект.
Здраво Позитивни сме со сопругот на Корона и се сомневаме дека е и синчето. Нема температура и јаде нормално ама неубаво кашла. Сега ке полни 2 години па дај предложете некои витамини или сируп. Столицата му е исто црно зелена ко на пролив...
Зошто прво да не го тестирате, барем ќе знаете на што сте. И најдобро е консултација со лекар во ваков случај.
Тестирај го со шнел тест. Консултирај се со педијатарот. Може е бољи на пцр да го носиш. Бар ќе го слушнат на плуќа. Брис земаат од кола. Син ми беше позитивен и за кашлицата давав проспан. Ама по препорака на доктор и го слушнаа на плуќа. Витамин Ц, витамин Д и пробиотик давај.
Синко испадна негативен на пцр ама беше паралелно со мене и тој болен. Истото се случи и лани, демек негативен а покажа симптоми. Почна со течна столица, па ден-два блага температура, кивање, растечен нос и кашлица Давав парацетамол за темп Пробав проспан за кашлицата, неуспешно, го плукаше Продолжив само со сируп за имунитет што го давав и претходно Консултирајте се со матичен најдобро