Нема тоалетна, нема зејтин. Таму кај што има, слабо има. Што е работа? Пак војна почна, а јас не знам.
Тоалетна нигде нема сем во Кауфланд. Вчера имаше прилично многу. Ја прочитав на нет дека ќе фали и си напраив залихи. Сеа за зејтин не знаев. А таман ми заврши денеска. Утре ќе барам да купам. Најавено е нешто друго дека ќе фали? Да прашам, флекери за софа кај можам да најдам? И хидроген за фарба за коса се наоѓа негде индивидуално?
Чекајте бе луѓе, за колку време тоалетна си набавивте ?За 3 месеци? Војна ако почне не престанува за месеци туку за години? Зошто набавувате храна? Слушам и колегите на мм ќе бегале . Само јас ли верувам дека ништо нема да има? На Америка и откажаа партнериве западни. Туку вие за кој сте за американците или русите.
Каква војна не сум во тек? И на времето кога почна короната немаше тоалет, во ДМ чекаа 30 минути пред да се отвори за да си купат.
Здраво мајки во Германија Ве читам секогаш, иако не живеам таму, јас сум во Австрија ама горе-долу има слични работи. Што војна? Овде не сум приметила да купуваат залихи тоалетна, само знам дека кога почна короната дефицит беше антибактериски средства. Во аптеките беа изгор скапи, едно мало шишенце од 30 мл кошташе 12 евра Да ве поздравам и ќе се испратам
Војна за гасот.Украина и Русија.Ама Америка е целиот иницијатор она ќе ја бранела Укрина.Германија и Франција се повлекоа.Ама Мк ќе прателљ 2,5 војника. Лошото е што или гасот ќе секне или ќе биде огин и пламен скап.Криза во најава.
Ете видиш, читаш вести, се ти е јасно Како беше тоа твоето, коколоко бамбино или шо? Се плашам дека ќе има застој во distribution chain, за секнување гас нејќам да мислам
Каква војна, за тоалетна војна зборам јас. Кој ќе понуди повеќе, таа страна ќе ја поддржам. Не бегам нигде, убаво ми е овде. Враќање во иднината, корона едиција. Пресмешно ми е. Ich habe doch noch 4 Rollen da! Ha, du Idiot! Du brauchst mindestens 200!
Јас кога планирам греењето да го пуштам на 5 делам со 3 и го пуштам на 1,6. Einfach што би рекла мојава. Војна за основна математика не би требало да избива. И онака глобално затоплување па нема ни да ни треба гас.
Абе сега се вратив од пазарење и мм ме прашува зашто сум земала тоалетна кога има доволно. Му кажав читам криза на форум . Озбилно тука кај нас си има и зејтин и тоалетна не приметив да нема, дури и купив пакување плус да се најде. Ако биде војна ќе бегам во Швицарска преку езеро они секогаш најдобро поминуваат .
Изгледа само јас немам залихи. Купување стандард, ко и увек. Најчесто за 2 недели. Тоалет, вчера последниот го земавме и тоа од ДМ. Начекавме празни рафтови во неколку маркети. Зејтин у дефицит исто. Затоа прашав што е со луѓево, за шо се спремаат. Али еј, битно сапун има. Едно време ни тоа немаше.
Ух. Од почеток на пандемија функционирам со залихи. Правиме план за 2 до 3 недели унапред и пазаруваме. Чисто да минимизираме ризик како и за се друго што се организиравме. Тоалетна лично ролам ко да ќе нема утре, и трошам беспотребно многу, лоша навика е. Сеа 2 дена немавме оти не можеше нигде да се најде, а богами салфетки не се убава замена. Па напраив залихи за месец бар. Да имам кај да складирам би праела залихи од се, за по 2 месеца чисто поради фактот што мрзам одење по супермаркети. За американците иначе, помека тоалетна праат од русите.
Исто и ние немаме залихи.Ми стигна тоалет оваа недела од ДМ, правам порачка 1-2пати месечно.За пелени и други работи, да не м'кнеме ние,па така стандард ни е тоалетна.Ни стигна. Инаку не сум приметила кај нас некоја криза, а секој ден одам до маркет.Чудно ем ние сме поблиску до Русија, ем сме биле под окупација и пак нема хамстери. Во мое маало криза и во корона немаше некоја , изгледа заостанато ми е маалото. @Yowannty за кои и да си ќе го кркаш . Така беше на К-15 скечот. Ова убаво ви е со залихите, ама ние неаме простор за 1 недела не па за 3. Му викам на мм да качиме нешто горе кај комшијата , самец е, а стан ко нашиот да не му е празен. Леле пазарење има ли некој што сака. Моите се вратија од пазарување, се си имало.Заостанати се овие моиве.Ајмо зејтин ,тоалет повелете.
Јас те чекам да ме просветлиш, ништо не разбрав, ни америка ни русија ни тоалетни Не ми текнува полани мозокот како ми бил наштелуван ама сигурно за течна пудра залихи станувало збор Планирате да се селите некаде? На пример Шведска Швајцарија Канада Австралија? Или планирате тука да живеете?
Ја планирам да се селам, ама сеа прво да ми даат виза. Кога сме кај виза, бараат 1 био слика, венчаница како причина зошто сум тука, 3 последни пејчекс, документ дека сум осигурана и договор за стан и дека можда ќе треба да платам нешто над 100 евра. Се што стоеше во писмото што ми го пратија собрав, а собрав и еден куп други документи со мене за секој случај, ама ме интересира можно е да не ми побараат извод на родени? Можно е да ми бараат понатака дополнително документи да доставувам? И отприлика според моменталнава ситуација, за колку време би ми одобриле виза? И дали е точно дека додека ми одобрат виза не смеам да ја напуштам земјава?