@Lianna Anna витамини ништо не ми дадоа. Демек ќе ми дадеше нешто за мачнини докторов, ама ни тоа не ми даде. Ај за мачнини мање битно, ништо не помага. Маж ми купил некои витамини ама да ти кажам искрено само еднаш се напив. Сеуште имам многу мачнини, ни глава кога ме боли можам парацетамол да пијам од што имам нагони за повраќање и од тие причими ни железо сеуште не земав. Вчера и денеска малку подобро ми е, претходно 2 дена само повраќав. Не знам како и кога да вметнам витамини. Претходниот пат редовно земав ама мачнините ми имаа поминато. Сега удав. Прв пат ноќеска по не знам колку време отспав некој саат, ме удавија и киселини со денови. Не знам.. Очекував вториов пат да ми биде многу полесно искрено, толку многу имав мерак на таква бременост кај што до последно одиш на работа, а мене ми е толку мачно само да се облечам на утро за до низ град по некоја обврска и излагам само ептен по потреба. Иначе овие витамини ги имам, не знам дали се добри, ниту се разбирам од состав и колку што е доволно, ако некоја знае да ми каже дали фемибионот се подобри нив ќе ги земам, па кога ќе можам ќе пијам Спојлер @MARILENA првиот скрининг се прави околу 12та недела, него го праев во Македонија. Од денеска почнувам 22ра, вчера го имав вториот. Во Грција живеев претходно и за претходната бременост 2 скрининг имав во 24 недела.
Нема да ми се налутите да се уфрлам во муабет ? Јас имав многу мачнини,на нога не можев да стојам и гинекологот ми ги даде овие мастики Спојлер Не знам дали беше до психата ама многу ми помогнаа. Има упатство на нив колку смееш во денот, сум заборавила. Би требало да ги има и таму во аптеките без рецепт
Веќе имаш одговори од другите членки но и јас да ти споделам мое искуство. За прв тест со 50 гр гликоза, мене ме задолжија дека морам да јадам наутро пред да пијам гликозата.Прво прашање на сестрата пред да каже добро утро и беше дали имам јадено, ако немав ке ми одлозија за наредната недела. Нас пред да ми го каже полот на бебето не праша што сакаме и што мислиме дека е, мажот ми беше убеден дека е машко, а јас му реков само да е живо и здраво не е битно какво е. Инаку полот ние го дознавме рано во 12 недела но јас го правев тестот за даунов синдром и тогаш ни кажаат, а гиникологот ми потврди во 22 недела мислам беше на вториот скрининг. Урина носев секој преглед, а крв искрено кај мене многу малку ми проверуваа, се на се со тој за шеќер мислам 3 пати. Англискиот во мојот регион ич не сакаат да го зборуваат, а го знаат.На почетокот кога дојдовме искрено и ние знаевме ептен основни зборови и секаде каде им зборувавме англиски тие ни одговараа на германски.
Моето уште нема запчиња, но чисто информативно барав и јас не најдов, и ставив едно во корпа од амазон калап во форма на запче и ако не најдам планирам да го порачам и сама да направам
samo ako najdes vo grupata zene u nemackoj nekoja zena ako e vo tvojot grad i izrabotuva torti slatki, pretrzi vo grupata.Jas taka najdov Hrvatka vo blizina.
И мене некој кога ќе ме праша дали знам англиски викам да и пак на германски враќам, ама да може има и некои што не сакаат да зборат. Туку две прашања имам: 1. Како изгледа скрининг тука? Матичниот го прави на 4Д? 2. Нели само три контроли покрива здравството?
На скининг го мерат бебето, со сите параметри.На 4Д барем кај мене беше така Јас само плакав кога ми земаа крв, друго не.Одев на контрола секој месец, но бебето не го гледаше секој пат.На почетокот почесто, потоа ептен ретко.Кај секој гиниколог е различно
Јас пиев само Elevit 1, после 13 та недела еве до крај Elevit 2, а за време на доење има и Elevit 3. За мачнини на почеток со чај од свеж ѓумбир и лимон ми беше подобро, бадеми и јаболка Пол и кај мене се дозна заедно со тестот за даунов синдром. Контрола на секои 4 недели, на секоја контрола таму проверка на мокрача, тежина, притисок и ехо и подоцна цтг. Исто и на еден преглед ПАП тест.На крај секоја недела на цтг. За тестот за шеќер исто требаше да имам појадувано, ама да не е банана или нешто благо. Јас досега кај матична имам платено само за тестот за даунов синдром + пол (што за жени над 35 годино е бесплатен и го покрива касата), и сега на крај за брис,за испитувања за крв и шеќер немам плаќано. Интересно е ако сакаш да си купиш Schwangerschaft Tagebuch, ги имаш на Amazon, Thalia каде и да е. Си пишуваш на неделно ниво по неколку реченици како ти поминала таа недела, како си се чувствувала, мисли за бебето и најчесто се со дел за фотографии од секој месец. За мене многу убав спомен што останува. Инаку јас овој сајт го знам, и конкретно кај мене во градот има жена, и пишуваш лично нејзе што сакаш и ти кажува дали може да го направи. Можеш да си провериш дали имаш во близина. https://kuchenklatsch.de/
Здраво мајки. Кај можам да најдам обека иста или слична за 2 братчиња? Гледав на PAT PAT мислам се викаше но незнам дали кога ке стигне пратката се плаќа плус царина.Еднаш така се зафркнав нарачав палто па после ми стигна да платам царина скоро колку што кошташе тоа
Не знам дали има посебна категорија во H&M и како се вика, кога пишав на гугл H&M Geschwister outfit ми излегоа со броеви од 92 до 140.
Барав и јас ама освен амазон и пат пат нема па некој.Исто од долна облека пример градник поевтин а квалитетен каде може да се најде,до сега имав од мк овде немам земено
@Yowannty Фемибион ги форсираат повеќе. Искрено не знам дали е добар маркетинг или стварно се едни од подобрите. И јас имав многу лошење и мачнини и ужас беше. Ги земав со голтка по голтка вода. Folio phase 2 земи. Витамин Д и фолна киселина се тука заедно. Ова е обавезно. После и во доење, оти имаат и јод. И ги препорачуваат. Tardyferon за железо, не прават гадење. И магнезиум верла. Леле исто и јас. И онака ме гледаат бледо, као нели знаеш англиски. Сега сум ок, враќам англиски, ама на почетокот многу ми се мешаше со германски зборови. Демек е тоа така додека налегне новиот јазик. А германскиот го учев во средно уште, па не знам што налегнуваше. Ама има разлика, мене ми се мешаше стварно и никогаш не било со намера. За разлика од тоа на какви особи имам налетано тука, по институции. Мајне шпрахе ист дојч! И полетала у облаци, горда Германка! Ок, у реду е. Уште не знам стручни термини на почеток, многу нормално дека англиски ќе убацам. И така. Малиот го земам од градинка и ми вика мама анкуфен, јас ига, омен. (Мама einkaufen, за мене да си играм, oben) Пола германски, пола македонски. Не барајте логика за обен, секако дека нема. Колку да го убаци негде, пошо нов збор научил. Омен бе. Не може посмешно да звучи. Затворија школи денес ради невремето. Еве уште го чекаме и го нема. Јас замишљав небо и земја споени. Али ок, дува по многу и врне, па може ќе спука и појако вечерва. Сакам да кажам, било многу пострашно од ова. Тема селење. Идеме на одмор во Шпанија, поредовно. Освен последниве 2 години. И мм увек вика, тука ќе си живееме. Значи заљубен е во Шпанија. Ама после кога гледа дека на пешачки со се деца ќе не прегазат, одма мења мислење. Сега вика Данска. Ваљда додека идеме пак во Шпанија. Јас останувам тука, нека иде сам во Данска. Седнувам со кафе. Игравме твистер. Напишаа, научија. Сега денсаат пред тв, учат некои чекори и малиот им се плетка. Леле колку ми се преслатки вака кога си играат заедно. И друго сакав да кажам, ама вака кога имам време за пишување, од шо сакам да напишам повеќе, се бунам. Ми бегаат мислите и не можам да ги фатам.
Мајки еден совет, Малата е 2+ години, пред 2месеци почна во градинка да оди и знам дека не ги разбира ништо освен чус да им мафне со рака. Имам чувство дека можам да мислам за воведување нокшир но ќе има удел и градинката бидејки пола ден е таму. Како да го изведам тоа со јазикот? Знае кога одам во вц вика мама кака ми дава тоалет и мислам и за себе ке е свесна. Кажете ги вашите искуства?
Едно прашање од пријателка која е и таа овде во Гер, па доколку некој имал слично искуство бара совет. Таа дојде пред некој месец и дозна одма дека е бремена, сега некаде е 3-4месец. Но таа нема сеуште осигурување, и сеуште нема отидено на гинеколог по циклус рачуна некаде средина на 3 месец дека е . Поднесе за осигурувањето преку сопругот но сеуште нема добиено одговор. Дали некој бил во вакваа или слична ситуација, каде да се обрати?
Преку сопругот штом поднеле треба за кратко да добие одговор. Не знам колку долго чекаат но ако е повеќе од недела дена треба да се јават телефонски за да прашаат што е проблемот. Мене уште не ми беше стигната здравствената картичка кога отидов на првиот преглед кај гинеколог, исто бремена. Пред тоа се јавив во АОК и ми рекоа кога ќе отидам во ординацијата да го дадам нејзиниот број и од таму да и се јават за таа да потврди дека имам осигурување. Така и беше. Жената на шалтерот се јави, таа од АОК и даде некои информации, веројатно мој ID број кај нив. После кратко време ни стигна и картичката. Се на се' таа процедура на пријавување не треба да трае многу долго.