ako e so makedonski pasos vie za viza treba da podnesete vo makedonska ambasada, a tamu se ceka ...neznam dali ke uspeete da dobiete viza do vaseto poroduvanje.A ako dojdete tuka kako turist i se porodite togas privatno se plakate.
Epa ke izvadis dokumenti za osiguruvanje licno nekade preku adac posle na ginikolog nekade neka ti izdade dokumenti deka imas rizicna bremenost dek nemozes da patuvas i duri se porodis mozes da ostanes tamu ama recunaj deka posle porod odma moze i pomalku od mesec dena ( za ova ne sum sigurna)ke moras da ja napustis germanija. I da bez eu dokumenti koga se sopruznicite mora od.maticnata zemja da se podnese za viza a koga se non eu i eu moze direktno tuka da se aplicira za viza
Претпоставувам дека треба да те осигура прво на него, за да те осигура најверојатно ќе му бараат твоја дозвола за престој или твоја виза, е сега пошто ти немаш и фактички доаѓаш како туристички не знам....Јас пример во Аок барав за сличен случај за пријатели, јасно и гласно пишува дека на фамилијарно осигурување имаат право оние кои имаат престој и постојана адреса во Германија, ама сум читала искуство од луѓе дека е сепак можно. Во секој случај треба што побрзо пошто си веќе 6 ти месец да си праша прво во осигурувањето негово, ако му дозволат да те осигура, да пријави во ауслендер бехорде и да расчисти за престојот колку смеете да останете тука со бебето. Има разлика од покраина до покраина и од здравствено до здравствено осигурување. Се извинувам што конкретно немам одговор, ако има некој искуство или други сознанија нека ме корегира. Ама мислам дека одговор најточен ќе добиете од овие институции погоре, конкретно за вашиот случај со еден телефонски разговор и како што пишав побрзо, затоа што може со месеци да трае дури се среди. Поздрав и со среќа
Мајки здраво. Сакам да прашам дали има некоја искуство од вас во бременоста некои прегледи да сте ги направиле во Мк, некои во Герм. Овде правев преглед, па сега ќе одам за Мк таму ќе ги направам следните, па потоа пак ќе дојдам тука и здравје се до пораѓајот. Дали би ми правеле некои проблеми што нема да ги има заведено овде прегледите, или како иде процедурата не ми е познато. Благодарам
Не би требало да прават проблем, ако се враќаш за пораѓај можеш и некои резултати да си преведеш ако имаш нешто битно да им споделиш, зошто мислам дека важните брисеви пред пораѓај, крвна слика најверојатно и ќе ти ги повторат за да бидат сигурни. Само пази до кој месец можеш да патуваш распрашај се, авиокомпанијата има право да не те качи после извесна недела ( мислам после 28ма, различно е)
Здраво мајки, ако знае некоја да ме информира. Бебето ми е месец дена, јас и сопругот со визи, до кога мора да го носиме во Македонија за да му вадиме пасош? Ми рекоа дела има право тука до 90 дена да седи како и сите туристи!? Пред 90 дена мораме за Мк. или како? Може ли да се среди прв пасош преку амбасада? Искрено многу ми е рано за патување по авиони ама ако мора, тоа е. И уште нешто да прашам, треба ли седиште и карта за бебе (2-3 месеци) и дали бебе е дозволено да седи во транспортер за време на летот? Нова мајка и илјадници прашања ако има некој воља и време ве молам за информации.
Ние прв пат отидовме за Македонија кога имаше скоро 4 месеци. Извадивме патен лист и немавме никакви проблеми по граници, од типот дека и е истечен престојот. Знам примери кога децата им биле и по повеќе време без пасош тука. Како што се сеќавам, имам слушнато дека има рок од шест месеци за да му се регулира престојот на детето со документи.
Здраво. И јас сум во Германија, тука работам и живеам со бг пасош, е сега, трудна сум и планирам тука да се пораѓам пошто не планирам веќе назад. Прашањето ми е дали детето автоматски ќе добие германско државјанство?
Здраво мајки,бремена сум и треба да се породам за 2 месеци. Е сега ме интересира за ова еднократна помош што се аплицира и што даваат за мајката и бебето. На моја другарка и дадоа 1000 евра (800 за бебе и 200 за неа). Меѓутоа бидејки маж ми зема добра плата (јас сум невработена) дали е можно да ни дадат нешто или да не покушавам воопшто да аплицирам ?
Шест месеци. Карта не треба ама се доплаќа нешто ситно. Бебето седи во скутот на еден родител, ако сакаш транспортер горе во авион тогаш купуваш седиште и за бебето. Живо и здраво нека е Може и прв пасош преку амбасада. Прашањето е дали бебе ќе сака да седи во транспортер, да не сака само кај мама, до сега немам видено транспортер горе па си мислам да не е полесно без, во кенгур имам видено бебиња, количка и транспортер до влез во авион. Нема да добие. Ако сте повеќе од 8 години тука тогаш мислам дека може да добие ама не сум сигурна. Пробај ништо не губиш. Направи термин и во исто време нека ти помогнат за потполнување на документи за киндергелд и елтернгелд ако ги немаш потполнето и ако не знаеш сама. @MaMana Тука си за совети?
Супер. Пред се фала ти на информации, јас пак со мислев мора заради безбедност да биде на друго седиште, не знаев дека може враце. Искрено а и не знам 2 и кусур сати дали ќе издржи враце, ќе видиме. А пасоши преку амбасада слушнав не траела многу време процедурата сега, ако е точно иде и тоа во предвид. Најбитно е тоа што не мора пред 90 дена да напушти држава и да среди документи. Ме исплаши пријател од сопругот што рече дека на граница они со бебето 95тиот ден со патен лист сакале да им пишат казна ( за преседени 5 дена, како и на секој туриста). Па се испаничивме со мм викаме да слегуваме а ваму ич не ми се патува со бебе од месец ипол. Поздрав и секое добро.
Ama i deteto ako vi go ptijavuvaat vo Makedonija preku ambasada za izvod i drzavjanstvo procedurata trae vecnost.Zakonski do 6 meseci moze da sedi bez sredeni dokumenti moze i da dobiete potsetuvanje toa da go napravite, nie dobivme. Jas ovie raboti gi brkav pred 2 godini moze nesto sega se opravilo i trgnala rabotata, ama togas preku ambasada procedyrata bese dolgotrajna....
Не сум во тек до кај сте со муабетот на темава , само дојдов да прашам нешто. Како се справувате со воспитувачките од градинка доколку нешто не е во ред ? Конкретно се изнаслушав жалби од наши за тоа колку незаинтересирани воспитувачки имале. Муабети од типот : - идам да го земам детето од градинка , ко гледам жива вода, ја прашувам воспитувачката зошто не си му ја сменило блузата , она ладно одговорила : од играње им е.....а детето дома кажува дожд врнеше, надвор не пуштија...... - идам да го земам детето од градинка и ми вели .....мамо , ми се јаде .....ја прашувам воспитувачката и она со ладен одговор : научи го детето на германски да ми каже оти не го разбирам..... - сличен пример ко погорниот идам да го земам детето од градинка и детево изгладнето, отварам ранчето му стои се што сум му спакувала во пластично , на прашањето кон воспитувачката му даде ли да јаде, ладен одговор: му го дадов изгледа не е било гладно штом го нема отворено......а како да го отвори кога не знае само ? оти не му помогнала воспитуваќката да го отвори пластичното? Почнато е и внучето мое на градинка, не знам зошто воспитувачката му забранува да си игра конкретно со отварање и затворање вратички од тие пластичните како кукички што им се, па го тргала цело време на страна. Сестра ми живци кине оти не го знае јазикот, исто и зетот не го знае, па не знаат да се разберат и да и укажат на таа воспитувачка , плус и детето збори само македонски сега за сега. Некако ми падна жал , па дојдов за совет вие како се справувате оти немам искуство јас, а сакам да помогнам.........ептен жал ми падна на душа , морам да превземам од моја страна нешто. Ако може некој совет би ви била благодарна.
Знае сестра ти англиски? Може да праша сигурно има некоја од учителките да знае јазик да се разберат. Кај нас се многу коректни, јас не сум имала потреба но со сигурност знам за друга мајка дека само на англиски комуницира со една од учителките. Ако не од дома нека се спреми со напишано на лист нека им го однесе да им каже што има да им каже. За другите детали и мојот враќаше храна, ама не му се замарав ама одеше само 5 саати тогаш. Инаку многу брзо ги учат да бидат самостојни, незнам колкаво е детето што не знае да го отвори пластичното ако е ептен мало може да се во право родителите, во спротивно не. Синко за помалце од месец само одеше до ранецот си го земаше си го земаше јадењето и го враќаше назад. Многу брзо учат децата барем основните работи но ние гледавме да го научиме да каже дека мора во вц, дека е жеден и дека е гладен. Отприлика само тоа знаеше кога тргна во градинка, а и онака слабо зборуваше, ама ете сум немала проблем со тоа. Сега супер се снаоѓа и никогаш не се пожалиле ако нешто не разбирал напротив се трудат да го научат. Да надвор одат и на дожд ( добро да не е премногу) ама носат соодветна облека па чудно ми е не бил никогаш мокар. Јас лично сум немала поголеми проблеми ама и сум поопуштена за делот надвор на дожд и за храната, да ми речат научи го германски ее богами дефинитивно би отишла во општина да се жалам. Исто и проблемот што го има сестра ти не ми е јасен зошто би му тргнале играчки не гледам причина па најубаво да проба да разговара со нив на друг јазик или евентуално ако може да отиде со некој познат.
Фала на објаснувањето и одвоеното време. Внучето има 2,6 години ( на 16 Август ќе полни 3 години и тогаш ќе го префрлат во поголемата група) Проблемот е што единствно што му задржува внимание се тие вратички играње со се што има врати да се отвараат и затвораат па он да ги чепка да го отвара и затвора , навистина пречи кога воспитувачката му го забранува тоа на што детето има покажано интерес. Слабо знае англиски сестра ми, оди на курс германски но да бидам искрена цело време се дружат само со балканци и си одат по гости само со наши луѓе. Затоа и дојдов да прашам како е правилно да се постапи и дали треба јас од моја страна да појдам да се разберам со таа воспитувачка. Фала ти уште еднаш , оставам да видам како ќе се одвиваат работите овој месец, во Април имам одмор па може да се симнам на гости долу во Baden Württemberg и да побарам лично објаснување за понашањето на воспитувачката.
Само смирено Можеш на телефон да се јавиш и телефонски да разговараш ама смирено, не на нашки начин Ги шетаат на дожд и на се освен на животозагрозувачко невреме Кутија треба да купат што ќе може да ја отвора детето само За јадењето се знае јадат од 9 до 9:30 па од 11 до 11:30 Можеби е сестра ти скоро преселена и е дојдено нагла промена, тука не праат муабет како кај нас па и до оговарање на швалерката од комшијата да дојдат муабетејќи, зборат само тоа што е потребно да се каже Ги учат да се самостојни со еден збор, од годинка кога стигаш во градинка ррева да го оставиш детето само да се проба да се облече соблече, макар и рака само да пружи кон патиките на пример е супер па после родителот продолжува и така ден по ден до 2-3 години ќе знае само се Без стрес без нервоза Можеби има некоја лоша воспитувачка исклучок нз ама не добив впечаток дека е лоша Прво дете е и може прв пат во градинка ама тука се се решава смирено со разговор Напиши и на лист ти што сака да им каже или јави се нема да прават проблем Наместо ладни се би рекла ги учат на самостојност од мали нозе
Јас во вторникот која ја земав, ја разбудија од спиење (во претпладневна група е до 13ч.) Земав да и го облекувам палтото и кога ќе видам едниот ракав од лактот надоле утоп мокар. При миење раце се измокрил ракавот скроз и ја оставиле така да спие. А спијат на земја на душеци во просторија која не е баш топла. Толку ми стана криво и одма и преговорив на негувателката. Директно ја прашав "Вака ли спиеше детето мокро", и она као, "Не сме забележале, добро што напоменавте, за друг пат ќе знаеме да внимаваме повеќе." А веќе беше со растечен нос, а сега веќе е ептен настината. Досега за многу работи премолчував, вклучувајќи и тоа што секој ден ја земам целосно извалкана од јадење, оти ги мрзи еден лигарник да и стават, а јас имам однесено секакви и такви со ракави што се облекуваат. Ама преку ова последново не можев да поминам.
Максимално сум за тоа да ги учат да бидат самостални, дисциплина и одговорност уште од мали нозе како јапонските деца. Но сум против тоа да му забранува да си игра СО ЕДИНСТВЕНАТА РАБОТА НА СВЕТОТ што му го задржува вниманието. Толку многу ги сака вратите, што вели сестра ми ко пазаруваат во DM, Müller, Rossmann стои и ги гледа вратите како се отвараат и затвараат, исто и ко се возат во воз, автобус интересно му е да гледа врати. Затоа и покажува интерес кај играчки посебно тие пластичните кај што има вратички он сам да ги отвара и затвора. За жал тоа му е забрането од страна на воспитувачката во градинка. Пак ќе кажам , станува збор за се што има вратички, значи н станува збор да стои на големата врата и таму да ги пика прстите да се повреди, туку станува збор за играчки со вратички се клатат, отвараат и затвараат и знае така да се заигра. Точно е дека немам јас деца , немам искуство, но штом сестра ми ми се жали, нема причина зошто да не и верувам и да реагирам од моја страна. Јас обично сум ладна на тема деца, но после муабетот со сестра ми ми падна жал некако. Сепак фала за споделеното инфо од твоја страна.
Нема никакви проблеми. Плус можеш додатно во Германија да си направиш што те следува од здравното бесплатно. Јас на пример прв скрининг со мерење набор направив во МК, само и кажав на докторката во Германија колку е наборот, што е во ред и што ми рекол докторот од МК додатно да провереме и толку . После правев се во Германија, втор детален ултразвук и Feindiagnostik, е сега дека не ме следува втор Feindiagnostik во 28 недела ќе правам скрининг во МК. Ем поефтино ми е ем има 3D, тука во Германија нема сегде 3D.
Не сфатив какви се тие вратички ама ако не се за играње и ниедно дете не смее да игра со нив тогаш ок. Ама ако е нешто за играње, а не смее да игра тој или не смее ниедно дете да игра тогаш не е ок. Ама ако се за играње тогаш не верувам дека би го тргале да не си игра. Ако е време за морген крајс на пример, а тој си игра со вратичките кои се или не се за играње тогаш ќе го тргнат. Јави се и прашај за вратичките, секоја група има свој број, збори смирено и културно, објасни па ако треба и додади кажи дека детето е многу тажно дека не го пуштаат да си игра со вратичките, секако не мора ни да додаваш, ти ќе процениш најдобро што да им кажеш и ќе видиш што ќе ти одговорат, па може ќе го пуштаат од одма и нема да има никаков проблем. Фер се ќе го решите проблемот одма, само јави се и овјасни дека сестра ти не знае германски па сакаш ти да разговараш за да се разберете убаво.