Zdr ako ima nekoja majka vo Germanija da saka pomos okolu pisuvanje na esei ili domasni raboti na angliski (ako e zapisana na internacionalen koleg) neka mi pisi lp, jas aktivna sum na forumot. Ubav den
@Herrera Децата излегуваат на секакво, буквално секакво време надвор. Освен нели нормално ако има страшно невреме или појаки налети на ветер. Само треба да имаат мачхозе, јакнички за дожд, гумени чизмички. Зависно од сезоната нели. Кутијата за јадење, треба да знае само да ја отвори. Значи при изборот на купување, треба да се насочи внимание на тоа да биде што поедноставна за отварање. Се форсира самосталност и така функционираат градинките тука. Освен кк, за помалите. Ама и таму ги мотивираат за сами, од најрана возраст. Секако дека ако им треба на децата помош, ќе ја добијат. Ама многу се насочени кон мотивирање самосталност. Што мене посебно ме свиѓа. Друго, исто така важно, во кој дел од времето си игра детето со вратичките? Ако е утринскиот круг или други активности, а особено оние заедничките, можеби затоа му пренасочуваат внимание. Е сега, има деца кои не сакаат да се вклучат секогаш во активностите, (што е и нормално) ама воспитувачките по одреден период, наоѓаат начин за истото. Слободно можеш да се јавиш во градинка или да одиш на разговор. Ќе го образложиш она што го сметате за проблем и ќе се договорите како понатаму. Значи ќе имате соработка со градинката, во корист на детето. Кај си ти иначе, 100 години те нема. Фри исто не ја заборавив. Баш би сакала да ја читам, особено на покомплексните теми.
Купувате подароци за учителки/негувателки/воспитувачки за 8ми Март? Дали е пракса како во Македонија да се купи нешто? И дали нешто се части во болница за пораѓај? За минатата бременост во Грција маж донесе во болница само голема кутија колачи, последниот ден кога дојде по мене. Како е овде со ултра чудниве германци?
Не се носи за 8ми Март.Кај нас е неработен. Во болница и за двете оставивме некој благи рафаело за големата фереро за малата.Јас оти се пораѓав долго па со бабицата бевме блиски 1 недела и купи мм вино и фереро .А за другите сестри оставивме исто фереро.Можеш ама и не мораш како си милуваш.Можеш и бакшиш да и дадеш на сестрата што ти се свиѓа помагала итн. Тргна малата на градинка ?
@Yowannty На дeн на пораѓајот не.Маж кога дојде по мене да одиме дома тогаш донесе благо, сок и кафе за двата одели.А не знам дали е обичај да се носи. Чисто од благодарност. За во градинка/училиште не знам се уште немаме тргнато
Епа убаво да си поминеш за денот. Кај мене многу малку неработни денови има. Уште не тргна во градинка. Ја регистриравме, па сеа писмо чекаме, така ни рекоа. Едвај чекам да ти кажам искрено, очајно и фали социјализација, а и променава не и дојде лесно, се си мислам ќе и биде многу подобро околу деца, презаситена е и од нас. Да не се преселевме, сеа одамна ќе си одеше во градинка и ќе си имаше подобри навики, се осеќам многу виновно ради тоа, па се и се удоволува.
Џокерче уште еднаш фала за совет но ....... Извини ама досегашното искуство покажало дека секогаш ко сум смирена не се решаваат проблеми. Моментот кога покажам заби и максимална хитлеровска агресија одма добивам објаснување зошто и како и завршена дискусија, нема потреба да се повторувам. Мислам дека фацата ми е многу нежна , невина и младелачка и не дај боже со смирен тон да разговарам , нема никој да ме сфати сериозно. Затоа мора понервозно за да има ефект. Барем тој е лекот кај мене и така се решава за 5 минути секој проблем. Сепак фала што упорно ми посочуваш на она смирено, верувај не пали кај мене, ма јок бе , нема ефект. Фала за советот и од твоја страна, 100 % сум сигурна дека сакам лично да ја прашам и да видам што гримаси и фаци ке прави и како ке реагира или ке глуми, оти мразам глумци , циле миле нема кај мене, затоа не планирам телефонски да муабетам. Инаку арни сме, фала на прашање, сеуште живееме и работиме во Leipzig, дома јас сум мажот , а маж ми е жена , он е понежен
Фала и вие со малата да си поминете најубаво. Кај нас исто има многу малку празници.Па затоа пред 2-3 год ги воведоа уште 8ми Март и еден во ноември мислам.Најмалку од цела Де беше. Немаш потреба да се обвинуваш за ништо едноставно мора да помине овој период.Кога ќе почне со деца на градинка да се дружи се ќе биде подобро и поинтересно. @Herrera не се вмешав за да не звучам грубо.Се надевам ќе се реши проблемот што побрзу. Мило ми е што сте добри со жена ти.
Продавал некои од вас на e-bay kleineanzeige? Кога дојдов во Германија, ме измамија па ми пропаднаа 100 евра, и сега си имам страв. Сакам да продадам некои работи кои не ми се потребни. Се јави една жена, плати преку e-bay и ми прати линк, на линкот стои дека е платено и треба јас са внесам податоци за кредитна картичка. Арно ама треба да внесеш и точен износ, колку пари имаш на сметка. Јас имам помалку од сумата која што треба да ја добијам и затоа не можат да се префрлат парите. Вистина ова вака функционира? Малку сомнително ми е…
Сум продавала, ама само на pay Pal ми префрлале пари, ова што го опишуваш многу чудно ми звучи. Најсигурна опција ти е Пејпал.
@Ava.84 Со пејпал ти е најсигурно, дури и да ти остават фејк имејл адреса, пак полицијата ќе може да ги најде, во случај на измама. А оти лесно се откриваат, затоа и е безбедно да тргуваш со пејпал. Девојки, сакам да нарачам хаусбетт за ќерка ми. Има некој искуство со Сканди Хаусбетт фирмава? Вака на лик многу ми се допаднаа плус имаат и заштитна ограда како што сакам, ама не знам за квалитетот. Или да препорачате некоја од искуство, исто убави душеци за деца кај можам да најдам?
Никогаш никаде не ме прашале колку пари имам на сметка. Тоа е приватна информација и никој не смее да праша за истата. Не е битно колку пари имаш на картичка, таа тебе ти плаќа, ти примаш пари. Може и во минус да си. Некоја измама е. Пејпал или пајонир.
Мајки здраво. Сакам да прашам вие што сте ја воделе бременоста овде, првиот преглед помина супер, крв,притисок тие мерења, го видовме бебуш. Е сега ме интересира зошто и не сум мн.добро со јазикот можеби не ги разбрав кога ќе ми дадат книшка, како кај нас мајчина книшка во која ќе ги пишува податоците за бебе или тука нема такво. Нз, не ја разбрав мн добро докторката мислам дека спомна нешто .
Mutterpass се вика, јас го добив на првиот преглед. Мислам дека е норма овде, секоја трудница мора да го има. Прво него го бараат кога се пријавуваш за пораѓај а и на денот на пораѓајот. Во него се запишува се' од почетокот на бременоста па се до деталите од пораѓајот. Можеби заборавиле да ти дадат, наредниот пат кога ќе отидеш на контрола најдобро е да прашаш.
Jас на вториот преглед го добив мутерпасот,пополнето беше се од првиот пат. на првиот преглед не беше спремна книшката.
Женски, која беше таа шо имаше проблем со псоријаза кај мажот, ако може ЛП да размениме искуства. Ако најдовте некој начин да ја хакнете- се запира ли некако пред да прогресира? Знам дека има тема за ова, ама мислам овде спонтано страни беа испишани, па затоа.
Честит празник убавици! Љубов, радости, убавини... Сега можам да почнам да се жалам. Заврши распустот и од вчера почнаа стандард обврските. Убаво ми беше цела недела. Крена ќерка ми во саботата алергија па на клиника ја носевме. Оти таква е среќата увек да е викенд кога ни треба педијатар, кога е цу. На терапија е 10 дена, цетирицин препишаа. Акутна уртикарија. Ако крева наредни 6 недели, дополнителни испитувања да видиме на што е алергична. А јас стварно си помислив дека ќе испитаат само што ќе им речам, а тие онака, скроз игнор. Како да не знам какви се па и јас. Утре ќе се јавам кај педијатарот и ќе видиме. А прво мислев некој инсект ја посакал. До пладне кога отече комплетно, од памет се извадивме. Не знам од што е, ништо не е сменето од исхрана. А рекоа е на храна. Можно ли е да појави алергија на нешто на кое не била алергична? Кучето ќе го земеме и едвај чекам да ми дојде новата крзнена топка. Љубов. Утре ќе одиме со децата после школо да купуваме за кученцето. Возевме вчера ролерки на стаза и паднав. Не ми се смејте, ама стварно се покршив. Газната коска ме боли сега, не можам да седам. Син ми е пресмешен, станувам и ми дава аплауз и ми вика баво (браво) мама. Мама успеа да стане еј. И тоа, не ми текнува друго што сакав да кажам. @MARILENA Mutterpass. На првиот преглед обично го даваат. Веројатно ќе ги исполнат податоците и ќе го добиеш на наредниот термин.