@Herrera исто и јас како другите девојки тука, можам само да кажам дека градинките форсираат многу самостојност на детето. Моето искуство со нив е топ, преблагодарна сум им за се што направија за моите деца. Што да кажам, малово е 3 години а му требам веројатно само да докачи нешто кога е високо За сестра ти еден совет. Што побрзо почне да се дружи со луѓе кои зборуваат германски, толку полесно ќе и биде. Одење по линија на помал отпор, долгорочно не е решение. Ова го зборувам од искуство. Тука сум 4 години не познавам ниеден Македонец и Србите со кои се дружиме (децата се заедно во школо), со нив зборуваме на германски. На почеток е потешко, ама после е песна Се изнапишував како за после пауза
Да може, алергијата се јавува низ животот немора да е од прво јадење. Ако сте над 3 години може да направите алерготест ама да поминат 14 дена од пиењето на цетиризин.
Најде? Види во Лидл, вчера јас таму земав и тоа некој био, друг немаше. Се е празно значи. Ќе ни рокнат сега нови цени.
Здраво мајки дали има некоја од вас во австрија или сите сте германки ако може да ми пише во порака сакам нешто да прашам...
Да како што кажа @SanelaS (ти благодарам) во нето, сабајле екстра рано со пензионерите излегов и немаше во кауфланд, прашав на шалтер кога има достава ми кажаа оваа недела најверојатно нема да добијат, имаше само од скапите. Среќа имам нето во близина и таму имаше 1,79 едно шише од литар.
Дали сте имале пратки од Македонија по брза пошта? За колку време ви стасало? 9ти ден денеска уште не ми е стасано, а итно ми треба. На маж ми од Грција ист ден му испратија и неговото писмо стаса по 5 дена.
Јас скоро праќав , за нецела недела стигна дури и јас се зачудив. Изгледа сум го погодила денот баш пред да се пратат пратки нз А од таму кога ми праќаат нешто буквално секогаш различно 7, 10 , 14 дена па и по дхл експрес сме чекале и до 2 недели. Ако имаш бр на пратката провери си на интернет до каде е , ако веќе не ти стигнала.
10 ден денеска, уште не е стасано. Број на пратка не знам. Немам веќе надеж за денеска, од понеделник натака можда конечно ќе стаса.
Ако рачунаш дека е сабота неработен ден, да ти кажам дека и тогаш стигнува пошта. Иначе е околу 10 дена. Секако дека да. Ама што приватно, кога е покриено од аок.