Здраво ме интересира што користите за да имате македонски програми? Децата сакам дома македонски да слушат. Имавме една година плаќавме 100е годишно за сите програми во светот ко сателитска нешто ама неможиме да го продолжиме.
Здраво женски, како поактивна тема викам ај тука да прашам. Каде да полагам за Б2 сертификат? Во Македонија или тука во Германија? Има доста разлика во цената, ама освен тоа ист е принципот, нели?
Тежината на аусбилдунг со кој наш факултет би можела да се спореди? Различен различно нели ама отприлика дали знае некој
А академиите Ава? Гледам еден куп има, а како курсеви што се? Или тоа е исто што и аусбилдунг? Гледам има интензивни од 15 дена, а има и по неколку месеци.
Мислам дека тие се како вајтабилдунг надградба на аусбилдунгот.Еднаш некој ми кажа аусбилдунг за возрасни.Аусбилдунг прават обично деца од 16-17год и трае 3,5 години со пракса која е платена.Кај вајтабилдунгот обично има пракса која не е платена.Јас вака знам не знам нека каже некој друг.
Ausbildung најпросто би се дефинирало како обука. Траат околу 3-3,5 години, а во поново може и повозрасни да се запишат, не мора после завршување на средно. Пола време се учи теорија, пола се оди на пракса во некоја фирма (зависи за што се работи). Weiterbildung или дообука може да прави речиси секој, кој исполнува одредени критериуми, пак зависи во што би се дообучувал. Во смисла, треба да има одредено завршено образование или работно искуство, па во таа област да се усовршува. Лично имам правено Weiterbildung бидејќи ми беше неопходно во мојата професија. Постои и Umschulung, тоа е доколку сакаш комплетно да ја промениш досегашната професија. Тие траат 2-3години
Јас да си кажам за ausbildung Братучетка ми прави моментално за медицинска сестра, трае 3 години, 3 пати во неделата оди на пракса, 2 пати во школо, нормално си има испити и слично. Добрата страна е што не е врзена со ординацијата да работи таму кога ќе заврши со ausbildung-от, лошата страна е што има 40 дена одмор во тие 3 години вклучувајќи и останување на кранк.
Мами некоја препорака да ми дадете од каде да порачам количка за бебе 3во1 и креветче ? И од која марка сте задоволни ?
https://www.daliya.de/DaliyaZ-3in1-Kombi-Kinderwagen-15-tlg-Travel-System-Bordeaux-Rot-Silber Ваква земавме за бебето.Лесна за управување и не е скапа, лани беше 249€.Многу ни се најде со седиштето.Малку е тешка ама не екстремно .Рамот е лесен.Сега на 1 год не ја користам веќе оти немам лифт во зградава и ја зедов старата летна количка од големата како полесна.Инаку ја чувам за резерва ако ми се скрши еднава да имам друга. Сега купивме од истата фирма и седиште за во кола - супер е исто.
Здраво, некоја од вас или член на фамилија да аплицирале за германско државјанство? Би ве замолила да ме контактирате во лп, доколку имате лично искуство, имам неколку прашања. Фала однапред.
Не примаа во градинка, аплицирав на 7 Март, минатата недела се јавија да ни дадат термин за посета на градинката, и наредниот месец здравје тргнува
Браво баш брзо, во која покраина сте? И со среќа брзо да се привикне . Јас само да се поправам пошто пишав дека плаќаме 165 за 5 ипол саати вчера гледам 195 одбиле и со мм не можеме да се сетиме дали од секогаш толку сме плаќале или сега накачиле, морам да гледам по стари извештаи од банка. Може да накачат без да не известат?
Многу брзо. Радосно да трча накај градинка. Претпоставувам со врски. Се шалам. Баш добар пример дека секогаш може да се случи невозможното, не значи дека се чека две години и дека мора три платни листи за спојуваење на семејство. @Chantal Се до сега те читав Chanel, дури сега кога пробав да те тагнам приметив. Провери на страната од градинката. Кај нас три години до сега не е сменета цената. Скоро четири години сакам да ве прашам нешто Дали навистина функционира машината во Deichmann за патики 4 евра? Ги стававме на почетокот ама не видов нешто да помогнала па не ги ставам веќе. Е сега да не помага стварно некако, а јас да не приметувам?
Здраво мајки. Дали може да ми пише некоја мајка што живее во близина на Wittenburg, ми треба нешто итно. Имајте убава вечер.