Прочитав сега откако те прочитав тебе ама многу долго не можам да дочитам. Рубљи барал Повеќе од пола Германија се снабдувала со гас од Русија Планот во итен случај ако снема гас го дефинирале септември 2019 и според тој ќе се водат Прво загрозени маркети индустрија… Ќе видиме што ќе се одвиее Слабо активни во темава ве повикувам на лаф муабет
Јас разбрав дека можело преку банката Газпром, таа банка не подлежи на санкции, Шолц се согласил да плаќа преку неа во евра а банката да ги конвертира парите во рубљи. Дали е вистина така не знам.
Здраво, гледам дека тука има повеќе мајки во Германија, па ќе ве замолам за некои информации. Подготвуваме документи за работна виза во Германија, се надевам дека ќе успееме. Би сакала да ми помогнете за информации околу вакцините во Германија. И двете деца (5 и 9 години) не се вакцинирани воопшто, дали ќе биде тоа проблем, дали и кои вакцини се здолжителни при запишување во градинка и училиште?
Што е во гимназија толку посебно тешко, сите што ми кажуваат така. Зошто е нешто тешко, ако учиш? На што се однесува ова тешко, не сфаќам. Освен што не го разбирам фактот на 9 години во гимназија. Има некој тука упишано дете во гимназија, да сподели искуство? @Honey Eyes Мрп вакцината е задолжителна и за градинка и за школо. Еве сега и мене ми бараат за уписот на ќерка ми во гимназија. Бараат и во другите школи, почнувајќи од основно. Ако децата не ти се вакцинирани поради медицинска индикација/дијагноза, тоа ќе треба да го докажеш со потврда за ослободување од вакцина, од соодветниот доктор.
Да, ова Русија бара така. Ама нигде не прочитав дека се согласиле. Да ви кажам дека Германија направила исклучок од санкциите за метални суровини. Соработката меѓу Русија и Германија за истото продолжува. За другово, што има врска. Лето иде, па после за грејна сезона ќе мрзнеме.
Јас пак прочитав дека ЕУ не сака Русија да ја уценува и дека нема да земаат гас повеќе. Што е точно ќе видиме. Кога сме кај децата какви ранци купавате за на школо.Шултуте 80евра дали ова е нормално?
@Ava.84 , Scout земав за моите. Комплет се иначе школските ранци, со турнташе, со се. Абе каде најде шултуте за 80 евра? За фишекот така? Не се сеќавам дека за ова сум дала повеќе од 30 евра. И тоа од големите. Иначе масло јас воопшто и не можам да најдам. Маслиново имам и тоа ми е при крај. И едвај и тоа го најдов и тоа во био продавница. Плус скапо е, не знам стварно.
Едната ќерка ја нема примено мрп. Со споменатата потврда е запишана на школо. Другата ќерка освен мрп нема ништо друго примено, без потврда и дијагноза/индикација врз основа на која би била издадена не може да се запише школо/градинка. Индикациите кај едното дете не важат автоматски и кај другото поради крвно сродство а не дозволуваат анализи додека не покаже индикации, а евентуалните индикации би настанале после примање. Ергобаг имаме ние. И зејтин имам, срам ми е да кажан колку резерви имам во подрум
На ибеј прават бизнис како со ракавиците, дезинфекционите и маските кога беа дефицитарни. Пар литри сончогледово, 70 евра, со 10 евра за пратка. Е не видов од каде го праќаат. Литро иначе за 10 евра, со уште толку превоз, евентуално упола. Ми фали времето кога паничев дека нема маски. Сега паничам дека ќе нема продукти, чак и да има, едноставно ќе биде прескапо. Ќе рипаат цените уште. Многу лошо време дојде. Каде е короната да се јави?
Па да цените не да рипаат мислам дека секој ден има некоја промена, денеска баш загледав јајца оние најобични што беа 1.19 се стигнати до 1.99 , Се друго е барем од 10 до 20 центи покачено. Ова ајде го гледаш до некаде, ама кога следната година ќе обрачунаме струја, вода , гас е мислам ќе има шокови директни.
Оти гимназија те учи на ништо особено и после обично подразбира факултет Иначе ќе заврши основно и стручно средно и на 18 ќе ти се мавне од дома Јас се распрашував за моево, за во мое село постоел и аспект дека децата на богатите, читај размазени учеле таму, па дроги па чуда Уште немам решение, уште мислам.. А и битно е кого прашуваш, двајца колеги имам во струката, децата им се во гимназија и не се пожалиле дека е тешко. Ама и двајцата се со очекувања да ранат дете и до факултет
Мајки мм сега се пресели во Германија а јас треба да се спремам да полагам Германски за подоцна кога ќе не повлече и нас. Може да ми кажете каде да земам испити, образовен центар Визија, се признава?
Поголемата после примена вакцина ДТП на 4 месеци имаше компликации и престанав да вакцинирам. Имаше понатаму и други здравствени состојби, но немам медицинска потврда за невакцинирање, додека малото не е воопшто вакцинирано. Тоа по мое убедување, иако немам расчистено скроз со тоа. Планирам него да го вакцинирам сега со мрп, инаку и овде не можам да го запишам во градинка. А за големата не знам што би правела, ќе направам испитувања и консултации, па можеби и ќе ја прими. Благодарам на одговорите.
@Lianna Anna мм оваа недела еден ден купи зејтин од Лидл.Само 2 му било дозволено.Јас оваа недела двапати налетувам на брашно во едека.Само едно си купив оти немам место.Ама мислам позитивно дека работите ќе се нормализираат.Исто минатата недела бензинот беше под 2 евра, дали ради стимулациите или сам е паднал не знам.
Mozes da go izucuvas kade sto sakas , no ispitot da ti e vo oficijalen centar kako na primer Gete sto e , nemam pojma dali ima i drug nekoj oficijalen vo Makedonija ama za Gete znam deka postoi i mozes tamu.
Ние нафта сега танкавме, 380 литри за 850 евра. За истите пари лани цела година се греевме. Сега во септември или октомври пак ќе треба да ставиме околу 500 литри ( сега снемало овој нафта па помалце ставил, мм среќен помалце ќе плати, јас само се молам да има во септември и да не биде 5 пати поскапо). Кај мене на работа нарачаа кафе така доста повеќе зошто очекувале да поскапи за 30%. Уствари на доста работи прават залихи што можат да стојат.
vi ima li deteto nekogas od nigde nikade potkucbuvano pri odenje, ne padnal ne se udril odi celo vreme i po skali i potskoknuva ama kucka pri odenjeto.Nie nemame mir doma otkako go vidovm, kako za belja denes petok e...