Некако не добив никакви совети или насоки што да правиме/преземеме околу јазиците. Ми спомна за некој дополнителен преглед да се види до кај е конкретно со разбирањето за нејзината возраст, ама само на тоа остана. Ништо конкретно не договоривме. На гинеколог што да речам, а да не згрешам. Последниов пат беа сите на десна нога станати изглеа, тоа расположени, тоа муабетлии тоа лични приватни прашања, тоа љубопитност, за секунда помислив во Македонија сум. Минатиот пат имав само вагинален преглед, набрзина зеде некои мерки, ехо не ми следело, демек следен пат било ехо. Пред тоа ми рече како момче личи ама не можел да ми потврди со сигурност. Се не може убаво да го види и секоја контрола така. Сега сум следна недела на контрола, 30та недела ќе бидам па ваљда конечно ќе ми потврди пол. Мислам дека легнувам на брашното малце по малце со биполарниов однос на докториве. Стварно, немам друго што да праам.
Ние ни се случило 3 пати да одиме ама со поводи, ама повеќе се случувало по еднаш и само во 2020 не отидовме воопшто. Некако многу малце време поминуваме и мк па посебно кај мм, ама одмор летен најдолгиот гледаме да отидеме и на море и кај мм и во мк. За Велигден и Божиќ обично гледаме да прошетаме на друга дестинаци ако сме во можност. За педијатар само да кажам без предрасуди и кај нас се тројца и кој ќе ти се падне, ама после две години сватив дека најладната докторка што се обидував да ја избегнам е уствари најстручна.
Дали некој овие денови патувал авионски за Мк? Сакам да знам дали и покрај тоа што имам две вакцини Фајзер ми е потребен тест или не мора? И дали за деца бараат тест (едното е 6год. а другото 2)?
Да Indoor Spielplatz и името на твоето место Ќе ја разгледаш страната, може и роденден да се слави таму
Здраво. Сакам да прашам оти цела сум избезумена. Ми дојде на 10.03 и ми траеше 7дена....по точно 5 дена од завршувањето на меструацијата ми дојде повторно и исто ми траеше 7дена...еве денес пак добив.... Незнам што е проблемот оваа прв пат ми се дешава. И во последните месеци кога имаме однос со сопругот осеќам болка. Не секохаш иста , и не секогааш толку силна ама ја осеќам. Секако дека ќе посетам доктор но додека да го дочекам терминот ќе излудам од мисли. Па некој совет ако може. Ви благодарам
Корона имаше? Читав по форумов дека после корона се пореметувал циклусот. Можеби е некоја инфекција ама што и да е не е страшно. Ќе направиш пап и брис на гинеколог и ќе видиш. Те тагнав погоре за стан дали најдовте ама можеби не ти стигнало известување, ве мислам дали се средивте.
И мене вака ми се случи, ама двапати едно по друго ми дојде во рок од една недела. Бев тогаш на гинеколог и според него демек тоа било нормално, се случувало како 13-та менструација или ако си под стрес. Е сега колку му држи место објаснувањето незнам... ама па од тогаш ми се нема случено истото.
Корона немав , можда од напнатос тоа ми се деси . Известување не ми е стигнато за што си ме тагирала. Фала му на бога стан најдовме еве веќе еден месец како сме преселени. Можда цел месец со обврсќи , документи , училиште , селење можеби и од тоа ми се случи така . Поздравче
Исто како и на мене едно по друго ми дојде , сега пак . Белќи и јас че го добијам тој одговор само се да биде во ред.
Можеби не е за тука прашањево ама најдобро вие ќе ми кажете . Каков е Хамбург за време на лето? Дека е горе па да не врне и во лето ми е. И општо како е со живот таму?
Абе мамички, каде да најдам зејтин тука? Рафтовите се празни со недели. Да не одам да шарам по сите маркети може ли да ми кажете
Исто и јас не можам да најдам сончогледово.Последно земав од Лидл, но сега и таму нема, и зедов маслиново наменето за готвење, само тоа го најдов во Едека
Neznam kaj se naogate mnogu retko moze da nacekate i nikoj so sigurnost nemoze da vi kaze koga i kade.Po tyrskite ili eventualno hrvatski marketi mozebi ke imate poveke sreka da nacekate.
Девојки, добивте писма за промена на договорите за струја? Стигнаа 2 денеска. За последниве 3 месеци, сме платиле нели повеќе, па ќе ни вратат, не очекував искрено доста струја трошам, а сме платиле скоро дупло. А другото е, ни нудат промена на договор, демек ако поради Украинскава криза или во случај на било каква криза следи покачување на цената, дали сме сакале некој посебен договор демек да сме се заштителе. Некоја да добила вакво писмо, па да сподели размислување околу истото.