Мене ми стигна за последните 3 месеци да платам 2700е ..... а луѓе двајца сме во стан и пред месец дена наместивме кујна. Бев до таму викат толку било. Па како може толку струја да ти дојде ова е ненормално , што да правам незнам више, каде да се обратам...
Леле, што збориш, ова е премногу. Договор со компанија имате направено? Што ви рекоа? Оти толку многу? Да не се греете на струја можеби?
Да, направен е договор и за гас и за струја, ќе викаме електричар па ќе видиме што е работа, а можеби и до нив да е некоја грешка треба пак да се оди, уфф само нервози. Па ние и пред тоа се греевме на струја а ни идеше само 50е , нз...
Се надевам дека е некоја грешка. Ние кога сменивме стан ни стаса сметка од 1650 еу да си доплатиме. Оти топлата вода оди на струја кај нас. Си доплативме и од тогаш плаќаме месечно 100еу само за струја и топла вода без парно греење.Ме известија дека наредниот месец ќе ми одбијат толку пари од сметката, а тогаш сакаа да ми направат месечно да плаќам 250 еу, само што јас им го раскинав договорот(Ватенфал) и отидовме на Грунвелт енерги. Не помина три месеци почна енергетската криза, се затвори фирмата и пак се вратив кај Ватенфал за многу поскапа цена по киловат. Колку само нервози изедов со таа струја само да знаеш.. .
Може затоа сега толкава сметка дошло, бидејќи цела година само 50еу сте плаќале. Ова само за трите месеци или цела год е? Се плаќа паушал секој месец но на крај или доплаќаш или добиваш назад. Ако паушалот бил многу низок често се доплаќа неколку илјади. Лани колку доплативте?
Сончогледово масло имаше денес во една турска продавница за цена од само 4.99 евра по литар. Исто било и во Алди, имаше на интернет слика.
А какви бои за јајца купивте? Има ли од тие во прашок што се како кај нас и од каде ги земавте? Не сакам да правам со тие боите со желатин.
Извини не го видов твојот пост. Инаку дојде маж ми среќен ја завршил работата некоја грешка имало таму направено со претходните станари. За последните 3 месеци имаме 130е. Фала богу.
Некој прашуваше за гости со наши пасоши, мислам @Lianna Anna . Ние слетавме пред некој ден на Баден Баден, не бараат повеќе ништо. Само стандард прашања, кај одиш. Не вратија никој.
Како нашите бои во прашок немам најдено.Ке ти прикачам слика јас од која сум задоволна.Има упатство како се употребува, ако не ти е нешто јасно слободно прашај ме
Не е за тука ама мн ми е лошо Можно е јас прва да фатам стомачен вирус? Демек да излезам на свеж воздух и се струполив на улица мн ми се слоши Дека имам проблем и со тироидната и се плашам од тоа да не е, можно е? Ептен ми е лошо