Vo banka, jas odam vo sparkasse na aparatot za sitni pari. Kako SE vika otpad na germanski? Abfall Ili?
Про***, повраќање и температура. Саат време ми се студи па пијам парацетамол апче на четири часа. Пред две три недели имавме стомачен вирус, не знам зошто толку брзо пак. На шалтер ги носам во шпаркасе и ќе кажеш дали на конто или на штедна книшка. Утре. Многу ми е лошо ама додека се освестив и отидов на лекар, мислев нормално е од доење, две деца, железо слабо. Што да пијам за имунитет? Од февруари се до сега три дена сме болни, два здрави, откако имавме корона. Многу ми е страв за утре да не испадне најлошото. @Neda997 Abfall Ние струја плаќавме по 60 евра месечно и ни вратија околиу 300 евра па сега плаќаме 43. Оваа година очекувам да доплатиме. Natur Energie
Za imunitet vidov do Rossman slicno na Aloe Vera gel, vitamini obavezno D, C, sok od limon si cedi, toa mene moze da me poddigne
Нема ништо најлошо да биде, ти кажаа жени со искуство во другата тема. Се се средува За имунитетот, немам памет, и ние сме исти и без потврдена корона. Ојачаа вирусите од шо носевме маски, или ние си ја ослабевме отпорноста и тоа е. Со тоа што, се надевам ќе ти проверат дали хипер от е автоимун или не, дотогаш со никакви стимуланси на имунитет јас не би експериментирала. Држам среќа.
Дали овде македонските изводи и венчаници исто ги важат само 6 месеци или не. До сега не ми ги вратиле од никаде но се мислам да не се водат и овде спрема политиките во матичната држава. Ми требаат за следната недела па сега ми е на мисла
Треба да е интернационален извод и интернационална венчаница и да важи во секое време ама јави се прашај за секој случај таман да ти испратат од Мк по брза пошта.
Дали уште ни следуваат бесплатни корона тестови од аптека? Ако да што документ треба да се покаже? Дали се доволно сензитивни или подобро да се тестираме во некој центар?
Не од аптека туку на овие пунктовите, кај нас има по еден на 500 метри, да бесплатно е, кај нас покажаа на третиот ден, кај тројцата на третиот ден покажаа. Пасош треба без разлика каков е. И ќе те прашаат телефонски број и адреса, запиши ги на лист и покажи им.
Во тест центрите се бесплатни, ама мене дома ми покажа прво ( подлабоко земав) вториот ден ми покажа и во тест центар. Иначе можеш секој ден да се тестираш,бесплатно. За пцр прават само ако имаш позитивен брз. Некој работодавачи даваат бесплатни за домашна употреба ама не секој.
Памтиш каков зема дома? Маж ми е на работа а пасош нема со него да оди директно од работа да се тестира. Праеше брз со плунка, негативен е. Ама имаме позитивен контакт од вчера.
Имате симптоми? Маж ми со симптоми од сабота ( тогаш негативен беше) и позитивен во недела јас бев дури во вторникот позитивна. Имав едно од Лидл купено 5 во пакување одма ми покажа. Дома порано ќе му покаже зошто сам може подлабоко да си земе со стапчето, на официјален поплитко земаат. И првиот ден и со плунка правев дома и тој покажа само покасно откога го фрлив случајно видов во кантата дека и тој покажал.
Било каков личен документ. Ако е без лична карта или пасош ќе го казнат. На почетокот цело време не застануваше полиција како да знаеја нови дека сме. Здравствена картичка било што.
Симптоми немаме. Освен јас што легнав супер вчера и станав со ужасна главоболка утрово што нели може и на времето да се препише. Ама колега од маж ми од вчера е официјално позитивен иако имал симптоми неколку денови претходно, а заедно е со маж ми скоро цело време. Ништо. Да видиме во лидл тогаш тестови или нека земе од аптека деновиве и онака по дома ќе сме, ќе се тестираме. Се нервирам 2 ипол години се исчувавме и сеа на крај да фатиме..
Ама он ако има лк од ЕУ исто може да ја покаже. Јас ауфентхалт картичката ја носам пасош скоро никогаш. Додуша така никогаш не не ни сопреле. @Yowannty ако е за утеха и ние сега на крај фативме со 3 вакцини. Нас на сите со болка во грло ни почна, и немавме никој тешки симптоми, ама ете јас и по 9 дена уште сум позитивна а ептен слаби симптоми имам како лесна настинка. И синко исто само носе му се растече, само зошто паметни се правевме и не го тестиравме и кога решивме да го тестираме за да го пуштиме во градинка позитивен и сега дупло карантин ќе си седи .
Офффф и вие ко нас. Нека минува лесно само, тоа е што е. Како изгледа нема никого да промаши и сите ќе фатиме и тоа е тоа.
Проверивте која аптека е дежурна утре? Кога ќе одам на матичен ќе дознаам што ми е, не ми рече кнотен ама да не има некој друг збор за јазол, ако знаете кажете па ќе одма ќе знам дали го рече тој збор. Го прашав да не е тумор, рак, рече не. И крв ми зедоа. Следат петок, викенд, понеделник. Едвај чекам вторник да дојде. Ми рече дека е најдобро денес да одам на матичен, а матичниот е на одмор до четврток, се јавив на замената четврток попладне им било за корона вакцини затворено и број за итни случаи ѕвонам никој не ми крева. Се јавив на 116 117 ми рекоа вечер после 19 или утре од 9 во болница. Се јавив пак на нуклеарна медицина ми викаат нема никаква забелешка и не треба лекар бидејќи резултати ќе има вторник или среда, викам ама докторот рече одма денес и рече ќе праша и снема мрежа и почекав неколку минути да не ми ѕвонат имаат број и ѕвонев 17 часот затворено, до 21 работат ама денес заради празникот. И сега ништо не ми е јасно. Гугл знаете што вика, најлошото. Ќе се јавам во болница после па ќе видиме. Не знам зошто баш сега следат четири вакви денови, ќе ми бидат вечност. Ама во болница не можат да ми дадат апче без резултат нели? Морам да го одбијам бебето. Како? Ако ми се случи нешто ќе одговара некој? И зошто рече докторот уште денес да одам на матичен? Од каде ќе знаеше матичниот што како? Дека читам се определува доза според резултатите. Ништо не ми е јасно Ќе се јавам во болница или ако приметам дека ми е мн лошо брза помош