Да ти кажам, најголем проблем ми е што градинката нема двор. Буквално се наоѓа на Паркплац, демек преградија нешто како Сандкастен и имаа договор со градот да имаат резервирано едно игралиште секој ден претпладне, ама тоа отпаднало и децата се на некој начин цело време затворени, посебно малите. Ние аплициравме во друга, не одбија и немајќи избор, ја прифативме оваа. А оваа другава, има дворче и мислам дека тоа е многу битно за децата. Тоа другото, адаптација, воспитувачки, верувам секаде е исто.
До сега немам слушнато за градинка без двор и тоа во Германија. Тука редовно ги шетаат и надвор од дворот ама сепак без двор не е тоа тоа освен ако не одат секојдневно надвор во најблискиот парк. Идеално е до септември да може дома да седи па да тргне во новата ама ако нема можност ќе се навикне брзо и на новата градинка.
Мајки дали овде има медицински влошки памучни како што се тие кај нас во Мк Бони со мрежичка што се користат после пораѓај? Кои ги користевте вие?
Овие ги користев јас. Задоволна сум мрежичката е посебна од влошката.Такви беа и на клиниката каде што се пораѓав. Инаку целосни сега на амазон видов ама доста поскапи.
1. Со македонски пасош може да се работи три месеци тука? Или што треба за да може некој да работи три месеци? 2. Кога имате гости од странство ги пријавувате? Ако да, каде? 3. Како да најдам хомеопат?
1. За било какво вработување тука е потребна виза од матичната држава, јас како што знам, без разлика на времетраењето на работата. Исклучок се студентите кои доаѓаат на привремена работа на три месеци, за нив можно е да не е потребна виза, да треба да исполнат некои други услови, мада последно што знам, треба виза и за нив, само можно е да е некоја скратена процедура (за ова не сум сигурна) 2. Јас до сега немам пријавувано, а и не сум имала гости повеќе од 2 недели. Претпоставувам во Ратхаус - Мелдебехурде 3. Немам поим Побарај на нет за твојот реон, сигурно ќе излезе некој во близина. Кај нас има Натурхаилцентрум, побарај нешто такво.
Vozite niz Germanijava ? Jas otkako dojdov ovde nemam vozeno ( vo meguvreme doziveav traumi kako sovozoc) i sega nikako nemozam da go pobedam stravot i da vozam pak...ako ima nekoja kako mene davajte soveti sto da se pravi.
Не возам ама би те охрабрила со самото тоа за каква сообраќајна култура станува збор. Штом си возела во Мк тука можеш и камион да возиш. Треба да се натераш да почнеш, прв пат втор пат трет после долга пауза, а и случката, нема да е лесно, но се подобро ќе е. Ако проблемот е многу подлабок тогаш можеби работа со психолог. Ќе возиш полека, ќе си купиш значка за позади ако постои нешто како почетник или прв пат возам и ќе ти стои тоа додека да се ослободиш. Ако ти е полесно со совозач, ако не без. Ајде па те чекам на гости кога стравот ќе го земе мечката.
Баш како што рече Џокерче, штом во Мк си возела, тука немаш проблем. Јас во Мк никогаш немав возено и уште не би се осудила да возам таму. Инаку имав и јас многу страв на почеток, ама го решив со тоа што си земав мало возило, можеби не менува ништо, ама се чувствував посамоуверено, плус секогаш успевам лесно да најдам паркинг. И најбитното за мене - автоматик, многу полесно ми е така. И почнав, првата недела со маж ми возев, па после почнав сама, прво само до работа, па после до работа и до маркет и се повеќе и повеќе. Почни да возиш, ќе видиш дека ќе се опуштиш и ќе немаш проблем.
Јас возам од пред неколку месеци откако воведоа 3Г во јавниот превоз. Исто и јас мислев дека тука нема да се осудам да возам но сега и пари да ми даваат не се малтретирам по автобуси и у-бан. Откако почнав да возам сфатив колкава предност е тоа и колку многу сама сум си го отежнувала живот беспотребно. Иначе јас возам во голем град и тоа во најголемите гужви кога се и ниту еднаш не сум почувствувала некоја тешкотија. Имаш насекаде семафори и се ти е обележано, тука дури и лакот на свртување во раскрсница. Како што кажаа и погоре, сообраќајната култура тука е многу различна од Македонија. Исто така за почетник и неискусен препорачливо е автоматик кола бидејќи нема шанси да ти изгасне на сред пат па после од страв и паника да не можеш да тргнеш, мене тоа ми се имаше претходно случувано со рачен менувач.
Баш тебе те чекав Аутоматикот на старо ти е купен и ако да, што е битно да знам? Од пред некое време ми текна идејава, ама јас стварно сакам кола ефтина и мала како точак, а од друга страна пак да биде надежна, да може да извози неколку стотина километри
Не е на ново од фабрика ама прилично нова е колата (2018г.) Јас мислам дека нема врска колку е стара, автоматик си е сам по себе полесен и поедноставен за возење.
Да де, знам дека е поедноставно, ако провозам само со такво би провозила, ама есапот не ми излегува, мало и ефтино ауто на прво пребарување не ми излегува, затоа мислев, што би било битно... Изгледа долга ќе биде мојава потрага
Според мене колку повеќе чекаш толку потешко ќе биде. Цените одат се понагоре а и како што се намалува производството на нови автомобили така се повеќе луѓе не ги продаваат тие што ги имаат. За нови возила се чека се подолго а и недостатокот на половни веќе се осеќа.
Ќе видиме...може ќе сменам стратегија, може во Африка поефтини се Деновиве мењам мислење 7 пати во рок од 10 минути, такви времиња дојдоа, динамични... Иначе, во право си.
Шо да праам во сабота @gjoker4e да уплатам ли авион за Јар? Јужноафриканска Република, ми текна дека немаш глобус Пишува ли пенкалото денес?