Од ДМ куферчето се подигнува,треба да активираш купон во апликацијата, секако предходно треба да бидеш регистрирана во бејби клубот, едно пакетче пелени исто така даваат гратис. Од росман исто така се подигнува. Најсодржајно е од кауфланд, ама ДМ со купоните мене многу работа ми врши и штеди. Од мулер имаше Несесер за пелени, влажни и 5 евра на контото во апликација. Од земан боди гратис. Од етикур глодалка, книгата со играчка е од една издавачка куќа можам да проверам. Реал има исто бејби клуб ама треба да се подигне а немам во близина. Има и хип, кашичка, лажичка такво нешто пратија.
Мене од кауфланд ми дадоа 10 евра фото купон поради тоа што ќе каснел пакетот. Па ќе видиме дали воопшто ќе стигне. Инаку да, од ДМ и Россманн се подигаат од филијала директ, не ги праќаат дома, и воглавно се тестери, по една цуцла, купони шишенца за млеко и слично.
Јас пак чекам да ми го пратат од ДМ И мене ваучер - фото купон ми стигна пред недела дена пред пакетот ама не стигнав да прочитам што можам со него како да го искористам
*За книгата со плишена играчка треба да се пише меил до издавачката куќа, со предмет на меилот „Anmeldung | migo fun zone“ На следната е-маил адреса :migo-fun@verlagsgruppe-oetinger.de меилот треба да содржи име презиме на детето, возраст и адреса. *Бесплатно боди од земан:https://www.zeeman.com/de/kostenlosen-body Бејби клуб на хип:https://www.hipp.de/babyclub/hipp-mein-babyclub/ Лидл:https://www.lidl.de/c/lidl-liddle-club/s10011221 Јас овие акции овде ги следам:https://www.meinbaby123.de/kostenloses/
Испратив кај сите освен Земам немам во близина, а треба да се подигне. Ова со издавачката куќа сомнително ми е…? Проверено е? Едит: Ја најдов сега на гугл не е до толку сомнителна. Јас одма замислив како ме напаѓаат на адреса.
Пред два месеца ми стигна книгата и мене и на една другарка, никаков проблем немало. Од Müller заборавив линк да ставам. https://www.mueller.de/meinbaby/
На Lidl Lidle Club барај ќе ти даде да се пријавиш. Ете и слика од тоа како изгледа пакетчето од Лидл. Мислам мора Лидл Плус апликацијата да ја имаш. Ние со сопругот ја имаме и секако од Лидл најчесто купуваме, најавени сме на исто конто и често добиваме акции и гратис продукти. Чисто да ја препорачам за оние што често пазарат во Лидл. Едит видов си се најавила веќе
Многу убави подароци сте добиле. Мене дали ќе ми дадат нешто веќе бебе годинка ќе прави, не сум знаела до сега. Ја имам лидл плус апликацијата. Само за дм и россман ми кажа некој, а россман немам во близина. Битно пријавена да сум секаде да ме има.
Wow браво за Lidl. Јас земав од DM и Rossman ама беа само со минијатурни тестери и по некоја цуцла, во едното знам имаше и шише. Иначе апликацијата на DM е штета да не се користи. Јас на 10 евра пакет пелени секогаш имам 2 евра попуст со купон кој го добивам во просек двапати месечно. Исто и за влажни марамици секогаш со 20% попуст ги земам, на пакет од 2.95евра си ќарам 0.69 центи назад што значи едно пакување гратис.
Дали тука кога се прави крвна слика пред и после пораѓај се проверува и тироидна? Резултатите ги имам земено дома само од прво тромесечие крвна слика и тука е ок па сега ме интересира од кога не е ок. Ако нема одговор тука ќе се јавам на гинеколог да прашам дали ја провериле во наредните 2-3 крвни слики.
Јас како што знам kleinanzeigen е нешто како реклама5 кај нас, секој човек може да си направи оглас, да продава работи на старо, без гаранција, по договор,без враќање, за плаќање се договараш сам, за достава исто сам се договараш итн… Додека ebay мислам дека е платформа на која продавници и фирми можат да ги пласираат своите производи ама под услови на ebay, со гаранција, плаќањето преку ebay оди , шипинг, можеш да го вратиш производот, можеш да контактираш продавач.
Ја низ интернетов прочитав скоро за Кауфланд само и таму се имам регистрирано. Поима немав за другиве страни. Не знам дали може пред или да почекам да се роди бебе прво. Халло Да се пофалам дека конечно и јас се регистрирав на клиника за пораѓај. Многу сум позитивно изненадена. Клиниката иако нема висока оценка, негде околу 3, изгледа совршено. Многу е чисто, персоналот многу љубезен и фин. За разлика од мојот гинеколог кој е како тумуло некое и ич ама ич не збори, овде некако добив скроз поинаков впечаток. Многу чисто, многу тивко, многу пријатно. Поради претходен царски ми закажаа преглед со доктор на клиниката за две недели одприлика, кој ќе го прегледа бебето мерки ова она, да видиме какви се индикациите за каков би бил следниот пораѓај и демек исто како и јас сум сакала, оти веќе имам еден царски. Искрено, не знам како сакам. Страв ми е секако да можам да бирам, би заспала и би се разбудила кога бебето ќе биде пркнато и грчеви поминати, ама тоа не е опција. Не ми дадоа никаква листа што да си понесам со себе на клиника. Прашав, ми рекоа за бебето имаат се од пелени до облека. Само за мене да земам што ми треба од облека. Други работи повеќе прашував, па не препрашав што да земам за себе? Некоја да советува освен средства за лична хигиена да земам пижами или спаваќи? Папучи? Да земам обични гаќи или да купам мрежасти? Да споделите што сте носеле плус со себе и ви било од корист? Уште тоа ми останува, да се организирам. Овој пат сум сосем сама. Деца не се дозволени во посета, а маж ќе мора да чува дете. Значи за целиот процес ќе сум сама, сама ќе треба да одам на клиника, таму сама без посета, уште само не знам за земање како ќе се организираме, ама чим дојдеме до таму веќе лесно ќе биде. И дали се плаќа на клиника и колку? Забораив да прашам. Данке.
Ништо не се плаќа, и клиниката јас каде што се пораѓав ниска оценка има, ама јас презадоволна сум. Сите беа фини, полни со разбирање и подршка. Секоја желба ти ја исполнуваат, а и за доење мене многу ми помогнаа. Влошки имаат таму мрежасти , имаше и спаваќи ама мене подобро ми беше во моите што си ги носев. Полнач, грицки, ластичиња за коса други не ми текнува Инаку од дм и росман имаат поклончиња и за трудници т.е пред да се роди бебето можеш уште сега да се регистрираш.
За царски термин ли ви закажуваа или се чекаше да почнат контракции и кога ќе се отиде спремаат сала?
Ако претходно си имала царски можеш да закажеш термин макар што имаше една феминка тука и рекле може термин за царски и без претходен царски. Кај мене беше јас како сакам така ама ако веќе е одлучена особата ❤️ за царски можеби е подобро термин да се направи да не е после на брзање и да испадне да тргне на природно, а да морало царски поради енкја индикација. Чекај се збунив изненадив и не знам што пишав под знак прашалник сум
Има време за мене, здравје. 24.12 е термин…поим немам како. Две спонтано едно царски беа. На Божиќ сигурно не би можело термини, затоа се прашувам чекаат ли, недела унапред ли закажуваат
Закажан обично би требало да е во 38ма недела. Мојот гинеколог од 36та ми викаше да ми даде упат за болницата и да закажам царски дека бебето е спремно за надвор ама јас одев на природно се до сам крај до термин, на денот на краен термин закажав царски за два дена. Не можам да ти опишам колку се радувам, си реков само да не е невистина да сум сфатила погрешно Со лесно нека е и се најдобро