Јас пред една недела патував со брат ми 14 и пол год има од мк за герм, за деца над 14 год ми рекоа дека не треба полномошно, а исто кога ги прашав на пасошка кај нас ми рекоа дека може и сам да патува..а колку е точно не знам, најубаво да се јавите да прашате
Дали ќе ми прават проблем на работа во мкдоналдс поради тоа што примам терапија за епилепсија и притисок. Но,немам напади фала му на господ,за 8 години само 3. И воопшто не ми пречи. Со одличен просек завршив школо,и си работев тука. Дали матичниот во Германија ќе може да ги извести на работа таму? Од тука ќе си носам цела уредна документација преведена на германски
Нема да ги извести. Приватноста на пациентот е најстрого заштитена. Но би било убаво ти да ги известиш за во извесна ситуација да знаат како да реагираат.
Ти благодарам многу!! Премногу ми олесна за тоа да не ми биде пречка. Во врска со нападите ми се случени само 3 пати во рок од 8 години и сите во спиење при голем стрес Вака одлично си функционирам и одлично се чуствувам кога работам и денот ми е исполнет.
Незнам дали прашањето е за овдека и ако не е ќе ме извините ама можеби некоја од вас имала слична ситуација како мојата . Во конзулатот во Битола веке го зедов удостоверението и за 4 месеци треба да се јавам во Софија да прашам дали ми е готово што не ми кажаа ??? и кога ке одам во Софија што документи ќе треба да носам исто не ми кажаа . Кога ке извадам пасош за мене како оди процедурата за моите деца кои се 9 и 16 години . Дали ке оди брзо процедурата затоа што сакам побрзо да заминеме за Германија . aко е тоа возможно пред почетокот на 2 полугодие .
Што беше удостоверение потсети ме? Треба да земеш указ односно да чекаш да го потпише претседателот тоа е завршната фаза. Јас одев преку софија за 1 год и 7 месеци имав пасош во рака преку татко ми и сестра ми односно цела фамилија. Ако имаш далеки роднини тешко дека ќе дозволат. Пре пре затегнато е сега. Деца до 14 години можат да емат пасош за месец до два зависи од врскиве со посредниците а се над 14 години е редовна процедура. Мислам така беше.
Веќе го земав указот односно тоа е удостоверението и треба да одам за Софија за 2 месеци . Во амбасадата во Битола не ми кажаа сто документи ке треба тогаш да носам со мене .
Дали сте патувале со кола за Мк со бебе од 5 месеци? Дали нон стоп треба да биде во транспортер или може и во корпата од количката, на седиште да лежи? И дали прават проблем од мк амбасада дали може да се извади патен документ за со кола? Фала ви однапред.
Незнам и јас за што така ми рекоа во амбасадата во Битола не беше таа на шалтер многу комуникативна и не сакаше ништо друго да ми објаснува . сепак ти благодарам на информациите
А беше ли да потпишеш указ? Тоа треба во софија да идеш директно ви бт нема да ти го донесат Види си бројчето на нет и ако е потпишан указот најди поаредник најубаво и оди за софија да потпишеш не знам зошто да чекаш
Бев да потпишам за указот и имаше и други исто во Битола што потпишаа Бев и да платам во Уни банката во Битола . и однесов две слики за пасош и копија од мојот пасош . следна процедура била да се јавам на некои броеви во Софија . Баш ке се заинтересирам да видам зошто е целата работа така .
Прв пат слушам што до душ и не знам мене посредникот ми тераше работа Јс бев да се сликам се тоа и за 3 дена добив пасошот по брза постапка.. редовна процедура е 1 месец или повеќе зависи од гужвата
@FreeMind од денес за утре закажав термин на педијатар дека не јадеше многу, сега денеска е супер, плус немам со што да одам до соседниот град, треба да се јавам на педијатар да го откажам прегледот или?
Една од воспитачките во групата кај ќерка ми , се сели и дала отказ.Советот на родители и нејзините колешки организираат изненадување.Ние треба да напишеме или нацртаме нешто за неа.Немам уште идеи што.Но се прашувам дали треба да и дадеме некој поклон како, ви благодариме за се.Што мислите вие?
Дали сте патувале за Турција од Германија? Ние сакаме да одиме, ама на син ми пасошот му истекува во ноември месец. А поради одмориве не можеме сега да одиме до Мк. Од агенција ни рекоа дека требало минимум 6 месеци да важи пасошот. Сте имале ли вакво искуство? Совет?
Кај нас една си отиде.. ама од тие кога малата беше во група 0-3 - а во таа група беше 3 години. Со неа бевме и блиски. Малата ѝ направи честитка во која залепивме и цртеж што го нацрта за неа, и плус извадивме една слика малецка од двете и ја ставивме во малецка рамка. Групна слика е добра идеја. Со посвета позади.
Здраво, ако знае некој да ми одговори, од колку години најрано може да се запише дете во градинка во Германија?
Зависи каква градинка. Имаш приватни градинки од 0-3 години каде што мислам дека примаат бебиња од 4-5 месеци. Од 5 месеци сигурно. А може и од порано.