Тука после три дена температура се прави крвна слика? А во кој случај се прави/ треба да се направи брис тука? Онака ме интересира
Брис на итна само им правеле, од тие брзите за стрептокока. Матичната не паметам да им направила, крвна слика па ич(еднаш само во сеќавање ми е на едно обично ливче некој резултат мислам добив, ваљда во 6.5г за три деца. само тогаш). И повеќе од недела биле со тт, не добиле крвна слика. Комотно може и цела градинка да се со зелени мрсули до доле и да кашлаат, а мало место е, сите сме кај истата докторка оти нема друга, сите си одат во градинка. Тие кои ќе ги фати и тт ќе поседат дома, другите и да имаат некоја бактерија ќе си одат оти нема кој брис да направи и да се провери.
Ама на крајот на краиштата значи може и без брис? Во Мк на малата исто никогаш не сме правеле брис ниту крвна слика пред вакцина па затоа кога дојдовме не ни приметив дека нешто поразлично е. Може педијатарот во Германија има студирано
Може. На најмалата и пневмонија и лечеа во болница со обичен физиолошки раствор и тапкање по грб(да не го заборавам најважното, свежиот воздух, спиевме со отворен прозорец).
Прават ако е лошо. Детево два пати со стомачен вирус, проверува на мокрача лесна дехидратација, праќаат на крвна слика да проверат други параметри. Ако е упорна температура носам на лекар, со крв од прст проверуваат црп. Во глобала, и за деца и за возрасни, сериозно сфаќаат сериозни работи, скраја биле, грото се сепак безазлени состојби.
Кај нас морам да кажам дека се подобрија работите, во смисла тука поминуваме повеќе време заедно како фамилија. Во Мк. се бевме растрчани те он по кафиња со друштво, по викендици, те јас со другарките по продавници. Еден влегува друг излегува, може и дека бевме без деца, па секој си бевме раат со своите активности битно за ручек или вечера се најдувавме и за спиење Овде почнавме да функционираме како фамилија и повеќе се збиживме баш поради тоа што фалат луѓе и за шопинг и за кафе. И искрено не се жалам, подобро вака ама сепак фали и друштвото понекогаш. Мислам на сопругот му фали повеќе.
Дали има попусти за SBB за воз? Или може некаде да се купи билет за пониска цена? За подалечна дестинација
На сопругот договорот за работа му е до мај крајот . Планираме откако ќе заврши да одиме на одмор 2 недели и потоа да се вратиме и да најде нова работа. Откако ќе му заврши каде ќе треба да се пријави и дали ќе го следува некоја парична помош?
Пред да му заврши треба да се пријави. Тоа е во арбајтсамт. Два месеци пред истекот на договорот. Сега пошо нема многу време, реши го ова побрзо. Јави се таму и прашај. Плус нека праша на работа, може ќе му го продолжат. Треба да се информира на време.
За аребајтлос да зема мора да има мин. 1 година непрекинат работен стаж, мора они да му дадат отказ ако сам напушти исто не му следува и и мора три месеци пред истекот на договорот да се пријави во арбајтсамт. Една другарка е сега под арбајтсамт и мораше да го пријаи однапред одморот зошто ако си под арбајтсамт треба да си достапен цело време зошто ти праќаат понуди за работа. Сега јас да прашам денес испратив отказ по пошта се надевам до петок ќе им стигне. Работам 7 месеци пробното ми помина пред 1 месец, во договорот не стои колку е кундигунгфрист ама по тоа што прочитав онлајн 1 месец најмногу. Јас имам прекувремени саати и претпоставувам и одмор треба да ми следува за овие 7 месеци. Дали во тој еден месец ќе ми одат прекувремените и одморот или може да се случи да морам да одам на работа баш цел месец? Ќе одам уште до крај на месец ако морам ама дали има шанси да морам да одам цел месец? ( Работам тајлцајт плус саати имам за околу 10 работни дена и одмор претпоставувам по 2 дена од месец)
Треба да се договорите со шефот. Шанси има ама сепак правилно е да работиш до сам крај мислам како би го задржала тој кундигунсфрист. Ако речат е една недела ќе работиш уште една, ако две две, ако е месец месец. Или ако дозволи шефот, главниот ќе можеш одмор и/или вишок саати. @MARILENA Треба да се пријави порано и да кажете дека ќе одите на одмор. Ништо не го следува бидејќи самиот договор завршува. Му кажаа дефинитивно дека нема да го продолжат договорот?
Се надевам и јас треба да сум заштитена, да не бидам повеќе од месец таму што значи одморот морам да го искористам во тој месец, единствено за плус саатите ако ме зезаат па да ги исплатат како прекувремени на плата.
@MARILENA Заборавив за арбајтлос. Следува со 12 месеци непрекинат стаж, отказ од работодавачот и истекување на договорот кој фирмата не го продолжува. @gjoker4e (?) Јас вака знам. Во случај маж ти да не сака да го продолжи, а фирмата му понудила или тој дал отказ, тогаш не следува финасиско покритие, освен ако за ова има добра причина, на пример burnout, ама тоа ќе мора да се докаже. Ако си и ти невработена, тогаш има мислам друга финансиска помош, херц нешто беше, како социјално. Ама не знам кои услови точно треба за ова да се исполнат. Најубаво ќе ве информираат од арбајтсамт. И одморот треба да го пријавите таму. @Chantal Ќе треба да се договориш со фирмата. Кундигунгфрист е најчесто 4 недели и тоа обично го пишува во договорот. Фирмата може да ти ги исплати саатите и одморот, па тогаш ќе мора да го запазиш рокот.
Искрено не знам, ама би требало да имаш. Се зависи од тоа како ќе се договорите, евентуално што пишува во договорот. Значи слободно прашај ги кои се опциите и побарај така како што мислиш. Па ќе видиш на што си.
Ништо не му кажаа сеуште, му дале документи само што треба да достави можеби сигурно ќе му продолжат. А тоа Führungszeugnis каде да поднесиме за тоа?