Здраво мајки ке ве замолам ако некоја има полагано во скоро време за В1 да сподели искуство дали е тешко и што како е полагањето.Фала
И мене ме интересира истово со тоа што да кажете што теми ви се паднаа, дали гледаат многу граматика итн. Фала однапред
Јас полагав пред 3 години години, кога се преселив тука за да имам валиден сертификат. Јазикот веќе до тоа ниво го знаев бидејќи работев неколку лета како студент, а и во Македонија одев на курс. Полагав во Volks Hoch Schule (VHS) мене ми беше лесно, ако можеш да комуницираш и да се разбираш во секојдневни ситуации тогаш би требало да положиш. Тестот беше составен од 3 дела: слушање/ читање и пишување ова е писмено и плус имаше усен дел каде што на одредена тема зборуваш со уште еден кандидат, може да те потпрашаат некое прашање. јас пишував на темата рекламација на апарат, гледав со по прости реченици да пишувам за да не се заплеткам и направам грешки. За усниот дел темата на разговор беше да се договориме да учиме заедно. Има и точки коишто треба да се опфатат на нив не се сеќавам баш ама е нешто во смисла каде да учите, кој што ќе носи итн. Јас направив грешка еднаш наместо еднина, множина применив и поради тоа ми беа одземени три бода.
Само да ве поздравам женски! Се надевам дека сте сите добро! Поминав тука, велам да не заминам без да ви пишам. Патем, малиот го одбија 9 од 10 градинки за во септември (3-6 години). Јас мислев тешко е да се најде место од 0-3. Ова онака да споделам од германското секојдневие. Од животното, ќе замолчам. Оти не знам од кај да почнам, а кај да завршам...
Дефинитивно се осеќа во цените поскапувањето , обично трошевме 100 евра неделно за пазарување од маркет, сега со поскапувањето трошиме по 150 евра неделно. Така да наместо 400 евра месечно , сега трошиме по 600 евра месечно само за пазарување од Маркет. Не само јадење , козметиката е оскапена, детергенти , шампони, сапуни , абе стапчињата за уши се оскапени 1.50 евра, а беа 0.50 евра. Го чекам маж ми да се врати од продавница, па да излеземе на шопинг за летна гардероба , баш ќе видам дали има покачување и во тие продавници , некако различни смени сме на работа и се одовлекувавме за да излеземе, па денес се погоди и двајцата дома. На тема деца, градинки немам што да кажам оти немам деца и не планирам НИКОГАШ да имам, со додатни трошоци и обврски немам намера да си ја замарам главата. Сва среќа што сеуште трае луна паркот , изгледа до крајот на месецот , па ќе го одмонтираат. Во план ми е после шопинг да појдеме ко мали деца да се возиме на количките што се судруваат. Нема поголемо дете у душа ко што сум јас.
Има фб група ‚Die 1 euro Sparer‘ каде што трошат по 80 евра неделно за четворица и со многууу совети, препораки, идеи како да се штеди. На пример дека доволно е четири кафени лажици прашок за перење и така некој прашок за перење траел не знам колку месеци. Да купиш навечер преку to good to gо, во маркет сабота вечер да одиш, месо на попуст да замрзнеш, многу корисни совети ама кој да ги следи. Има и предизвици слични како мои финансии што се на инстаграм и најинтересно ми е кога ќе видам кој колку заштедил и како. И мн други работи што не би ни текнале ни 10 животи да живеам.
Се возевте со воз деновиве? Денес во Штутгарт толку беше полно, возовите не може да кренат од пренатрупаност, вратите не се затвораа. Исто и автобусите исполнети, обично сами се возевме. Ова со пензија од 70 години предлог е или изгласано е?
Јас си спијам и ја немам уште пријавено и покрај сите укажувања дека ептен се чека Ај од понеделник ццц Мојата е 4 месеци, за по 1 година од прилика ми треба. Колешката моја Германка дури беше бремена се пријави, вика 2 години се чека секако, посебно ако си бираш во која градинка ти одговара најмногу Мора многу порано, ќе се нервирам и јас ама ете
Пријави ја денес на порталот кај што треба. Кај мене на littlebird треба не знам дали е исто кај сите. Дека ако речеш од понеделник не се знае кој понеделник ќе биде. А секако онлајн се аплицира.
Затоа и се насмеав дека поминаа веќе понеденици многу Не знам дека има некој портал или слично? Мене ми кажаа да си прашувам и поднесувам барање во градинките каде што сакам. Дека сама треба да си барам, посебно во секоја дали е така овде само (Хамбург) не знам, ако знае некоја нека каже
Ако смее и тука да стои. Кога ми дадоа отказ и се јавувам дома им викам корона криза може отказ да ми дадат, да ги подспремам демек, и од дома абе каков отказ Германија е тоа слушај ме ти мене нема шанси да ти дадат отказ да те остават без примања, а јас стварно и без примања не ме следуваше алг три денами фалеа. Секаде е борба, мене тука ми е подобро, на некој во друга држава и така ама животот за сите е ист- возење велосипед накратко и тука возиш и во Америка само ти бираш каде и како.
Прашање до тие што земаат елтернгелд и киндергелд, по колку време од поднесување на документи почнавте да земате? Мислам на тоа колку време траеше обработка на документи и кога добивте одговор?
Девојки, ќерка ми ја пукна вазната вчера. Стаклена падна едно делче само. Ама е како куглов, голема е не ја собира во оние за стакло рециклирање, што да праам каде да ја фрлам? И кажувајте како беше трикот со општина, преку општина нешто беше да ја пријавам во градинка. Читав овде нешто ама не можам најдам точно како беше, каде точно во општина да одам. Педијатарката денеска скроз ме разочара ми рече многу е тешко за градинка да аплицираме низ цел град не само во градинките во реонот каде што сме. Ама па така ми е практично неизводливо… Давајте ум што да се прави.
Елтернгелд 2 месеци после пораѓај земаш од фирма, после тоа од државата. Мене брзо ми го обработија барањето па откако престанав да земам од фирмата ми продолжија од државата. Киндергелд чекав 4 месеци додека ми одобрат ми пуштија наеднаш за 4 месеци плус корона бонус наеднаш. @Yowannty Јас би ја оставила до контењер, во наше село има ресајклинг хоф работи секој четврток и сабота па ако има нешто слично и кај вас можеш и на таков ден да ја однесеш.
Кај мене полни 4 месеци и една недела откако е родено бебе и нема одговор. Се нешто им притекнуваше од документи и сумливо ми е некаде читав дека многу и одбивале за банални причини па треба со адвокат да се докажуваме после. Верувам дека зависи и од покраина до покраина тука кај нас се трае со месеци.
Скоро 6 месеци чекам киндергелт за првото. Се нешто некој документ плус бараа и еве и последниот е пратен пред недела дена и уште немам одговор дали е во ред или треба уште нешто. Знам дека исплаќаат наеднаш, ама сериозно си играат курташак со документиве, се нешто од после им текнуваше. Ве молам која користела некоја крема/маст што год за хемороиди дозволена во бременост да ми пише.
Кај нас на повеќето места не може да се плати со картичка веќе две недели отприлика и баш пред некој ден таа на каса вика дека моментално тоа било голем проблем во цела Германија. И кај вас не може? Во другите држави? И зошто?
До сега заради короната секаде пишуваше ве молиме со картичка, сега не може со картичка. Готово укапирав. Сакаат короната пак да се разнесе преку парите. Мозок сум значи.