Има ли некоја во даночна класа 4/4 со фактор? Треба да ги менуваме даночните класи, поради тоа што ми заврши породилното и се вратив на работа и пребарував што е разликата меѓу 4/4 и 4/4 со фактор и сега се мислам која е попаметно да се смени. Како што успеав да пробуричкам на нет стои дека во втората се прават поточни пресметки за повлекување на данок, уште пред да почне годината и автоматски се избегнува голема доплата кога се прави порамнувањето и дека се препорачува за партнери со поголема разлика во примањата, а 4/4 за партнери со исти примања или тука некаде. На крај на година мора сепак да се поднесе за порамнување И сега, не сум сигурна дали гледам бенефит во ова или нешто ми бега Некој да ми објасни дали има нешто што не сум разбрала?
Како се цените на брашно кај вас? Само да споделам кај нас во Лидл вчера беше 1 евро, во малската продавница беше 89 центи и денес случајно враќајки се од шетање застанавме во друг Лидл во едно село мирно е таму нема гужви па ако сме по пат натака си пазарувам таму. Таму брашното 45 центи, дури и масло од репка имаше за 1,79. Втор пат приметувам разлика во цените од еден во друг Лидл, ептен ми е чудно што може така. Шантал цел реферат ви пиша за цената на брашното
Кај нас е 45центи. И за прв пат после почетокот на војната видовме сончогледово масло. Беше 3.99 етикетата му беше сменета као демек некое друго масло е, а кутиите беа исти како претходно . Кое мачкање очи значи, страшно.
Во маркетот до мене имаше од 99 центи и од 1,29, претходно беше 59 центи мислам пред да го снема. Зејтинот 1,79
Јас сум највеќе во прашалници како може во еден Лидл да е една цена во друг друга и тоа разлика повеќе од дупло.
Да не била по грешка поставена цената или различно брашно, различна грамажа, да провериш онлајн најдобро во истите тие три Лидл во кои си била. Сега видов гугл вика 45 центи брашно бело тип 405 во Лидл.
Не сигурна сум баш загледав зошто и еднаш така предходно приметив ама си реков дека не сум видела добро и сега загледав убаво. Баш ако видам пак ќе земам на каса да видам колку е за сигурно. Тука кај нас баш гужви се масло нема никогаш како почна кризава.
Според мене нема шанси да е истото брашно. Ако некој планира да се пресели и не чита со цените мислам дека ќе го отпакува куферот.
Фирмата каде што работам има неколку објекти во главно низ Баерн и имаме различни цени на еден ист производ, зависно од локацијата каде се наоѓа објектот, поголем/помал град, индуструска зона и сл. Не знам дали е тоа возможно и за маркетите, ама не би ме чудело.
Само што се пожалив овде дека од фамилиенкасе ме зезаат со документите, додуша стварно со месеци не зезаа, следниот ден ми стаса писмо дека конечно одобриле киндергелт за малава и следниве денови треба да ни исплатат од Јануари до Мај. Кој ден во месецот обично исплаќаат? Секој месец на ист ден? Се прашувам зошто за Јуни не или е рано за Јуни.. Дали имате нарачувано од Синсеј нешто? Имам нарачка од минатиот Петок. Минатата недела ајде понеделник не работен, ама до петокот не стаса ништо. Чудно ми е оти секогаш кога нарачувам било што, а нон стоп си нарачувам работи од интернет, се стасува за 2-3 дена. Во петок добив меил дека ќе стаса денеска меѓу 10:30 и 12, ама сеуште ништо нема стасано.
Киндергелд стигнува секој месец на ист датум. Месец за месец е, ако не се лажам. Јас покасно поднесов за син ми и ми исплатија за неколку месеци уназад, ама со новиот месец комплет, на денот кога уствари е исплатата и за ќерките. За да знаеш на кој ден ќе ти исплаќаат, ќе провериш по киндергелднумер. Го имаш на писмото од фамилиенкасе. Од 0 до 9 е мислам. После само провери на нет кога е исплатата за твојот број. Последниот број треба да го гледаш. Sinsay читав рецензии, имаше критики дека чекале пратка недела дена. Искуство немам, а баш ме интересира и мене. Има убави работи. Иначе да, вообичаено се чека по 2 до 3 дена.
Женски ќерка ми е 5г , и е 16кг + , кои се правилата и препораките во Германија за седиште за во кола , незнам каде да гледам најточно , на некои страни има дека е само за бустер , некаде за целосно седиште. Висина си има нормална , соодветна за возраста , само тежината и е манекенска
Моето дете имаше многу грчеви, кај нас единствено да го нишкам на пилатес топка горе доле помагаше колку толку. Инаку и капки неколку пробав и пробиотик кај нас ништо не помогна. И ова со топката не направи чуда ама највеќе ефект имаше во споредба со другото.
Ако доиш најмногу помага доење 24/7. Од капки еспумисан и биогаја ама не се знае дали помагаат, дали е подобро со нив или без нив, види срцето што ќе ти каже. Близина, контакт кожа на кожа, топлина од мајката, твојата рака на стомачето од бебе, вежби со нозете на бебето експериментирај види како е се потсмири со каква вежба, кружни движења на стомачето во правец на стрелки на часовник, свеж воздух. Ти јади сливи. За чајот ич не верувам дека помага. Најдобро е без ништо без капки без чај, само доење и љубов, ама ти знаеш најдобро за своето бебе, слушај го срцето што ти кажува тоа прави. И немој да останеш на тоа дека се грчеви, можеби му се спие излези со количка на свеж воздух, дома пушти му бели звуци на јутјуб за да заспие полесно, секогаш може се да е, пробувај како се да е и грчеви и дека му се спие и некаде ќе упали.
И јас давав биогаја откако прво на ваја лошо изреагира. Ама најмногу помагаа вежби со ноџињата. Вежбите и помагаа да прдне да се растеретат цревата и ќе и олеснеше некое време. Ако имаш релаксатор исто вибрациите помагаат кај некои бебиња да прдне полесно.
Биогаја, Сабсимплекс, масажа на стомаче, топло перниче... Не знам дали сето тоа помогна или поминаа сами по себе.